Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: pekmez on 17.08.2011, Wednesday, 13:54:22

Title: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: pekmez on 17.08.2011, Wednesday, 13:54:22
Мозе ли некој да ми помогне.............Да ми казете замена или каде мозам да го најдам ова коло................
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: Devil on 17.08.2011, Wednesday, 13:58:40
Прочитај ги правилата, поточно делот за правилен наслов и правилата за постирање на теми
1. насловот ти е погрешен
2. на погрешно место ти е темата

пошто си нов член нема да има поголеми санкции, темата ќе ти биде едитирана и преместена, но за во иднина припази малку повеќе :)
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: GigaWatt on 17.08.2011, Wednesday, 17:19:22
Колку што ми текнува од една друга тема, овие се специјални модули (нешто слично на STK) произведени од Panasonic, ги нема кај нас. Ги има online, ама еден е околу 50 долари :S.
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: pekmez on 17.08.2011, Wednesday, 17:25:04
Техникс е модулот........Мислам дека барем некој имал искуство со ова и ако е од помош моделот е SU-V4X........... :(
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: GigaWatt on 17.08.2011, Wednesday, 17:55:07
Добро, сум се збунил за производителот, но дефинитвно нема да го најдеш ова кај нас :S. Евентуално со специјална нарачка, и под 2000 денари нема шанси да чини :S.
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: Goce on 17.08.2011, Wednesday, 19:25:32
Овие модули како и STK се поправаат најчесто им црка некој излезен транзистор.Постоечкиот транзистор го исклучуваш му ги откинуваш базата и емитерот на местото од базата и емитерот лемиш жици а колектророт ти оди на напојување и монтираш надворешен транзистор на ладилникот
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: GigaWatt on 17.08.2011, Wednesday, 21:40:50
А што транзистор би монтирал, NPN, PNP, од кај се знае каков да монтира ако нема еквивалентна шема од колото? Или испитува на лице место врз база на распоредот на транзисторите на другиот канал (мери па гледа врз база на симетрија)?
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: pekmez on 18.08.2011, Thursday, 16:46:24
Ајде малку повеке помогни ми околу транзисторот.Шема неможам да најдам никако................
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: GigaWatt on 18.08.2011, Thursday, 17:12:36
Ајде малку повеке помогни ми околу транзисторот.Шема неможам да најдам никако................

Треба да го скршиш куќиштето од озгора (не целото, само горниот дел) и ќе вдиш нешто слично како на овие линкови:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5079.0
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5895.0
Тие големите четири компоненти на сликите се излезните транзистори. Прво, треба да откриеш кои се изгорени. Тоа лесно ќе го направиш со одлемување на контактите со кои се врзани за остатокот од колото (можно е и само да се скинати контактите, во тој случај, пробај да ги преспоиш со жица со иста дебелина со која биле врзани, врати го назад во колото, ако пишти го засилувачот, ако проработи, се е ОК, ако пак изгорат лицните, значи некои од излезните транзистори се изгорени, или евентуално има некој друг проблем во колото). Одкако ќе ги одлемиш лицните, провери кои транзистори се исправни а кои се неисправни, ова лесно можеш да го провериш со унимер ставен да мери на подрачје за испитување на диоди. Со истото мерење можеш да установиш кои од излезните транзистори се исправни (а кои не) и кој им е распоредот на пиновите (емитер, база, колектор), како и дали се NPN или PNP. Ако не знаеш како се мери транзистор со унимер, види во секцијата „Туториали“, таму има серијал со туторали „Вовед во електроника“, во некој од нив видов дека има објаснето како се испитува транзистор со унимер. Одкако ќе ги установиш сите претходни параметри, селдува замена на неисправните транзистори. На пример, ако засилувачот бил 2 X 30W или 2 X 35W, адекватна замена за NPN излезен транзистор би била BD139, ако е PNP транзисторот, адекватна замена би му била BD140. Ги поврзуваш со остатокот од колото на ист начин како што биле претходно врзани другите излезни транзистори, врз база на datasheet од транзисторот, гледаш кој пин е емитер, кој база, а кој колектор, и врз база на извршените мерења што претходно ги имаш направено, ги врзуваш емитер-емитер, база-база, колектор-колектор. Притоа, одлемуваш барем два пина од прегорените излезни транзистори (по можност и три, ако дизјнот на колото го дозволува тоа) за да не може да влијае прегорениот транзистор врз исправните. Го склопуваш сето тоа, додадените транзистрои ги монтираш на исто ладилно тело со остатокот од интегрираното коло и се молиш кога ќе го приклучиш да работи ;D.
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: Goce on 18.08.2011, Thursday, 20:49:53
А што транзистор би монтирал, NPN, PNP, од кај се знае каков да монтира ако нема еквивалентна шема од колото? Или испитува на лице место врз база на распоредот на транзисторите на другиот канал (мери па гледа врз база на симетрија)?


Се гледа како е дизајнирано колото како работи,(неговата шема) најчесто ги изработуваат нпн со пнп.НПН транзисторот неговиот колектор иде на позитивниот дел од напојувањето а ПНП транзисторот неговиот колектор иде на негативниот дел од напојувањето емитерите на двата транзистори им се споени со отпорници 0,22,0,33 (зависи како е дизајнирано колото) и идат на излез на звучникот базите им се приклучени на побудни транзистори
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: pekmez on 18.08.2011, Thursday, 22:29:21
Фала ти ке пробам и ке ти писам.Инаку не сум баш почетник ама не сум и којзнае што.............
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: Goce on 18.08.2011, Thursday, 22:40:10
Тука сме да помагаме  :) заборавиви да напоменам дека според напојувањето на кое се напојува засилувачот се пресметува која снага е и со тоа ќе знаеме колку ватни транзистори ке треба да употребиме
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: batka on 19.08.2011, Friday, 00:51:03
Еве * туторијал* во кој се подредени STK..колата по јачина и напон
Title: Одг: Потребна ми е замена за SVI2004A
Post by: pekmez on 19.08.2011, Friday, 15:26:56
Фала многу ми помогна......Поздрав