Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: GoranX on 12.08.2011, Friday, 02:46:38

Title: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: GoranX on 12.08.2011, Friday, 02:46:38
Во шемата што сакам да ја склопам има намотки од 220 и 330 микрофаради за струја од 8А, и 1000 микрофаради за 0,1А. Сакав да ги намотам намотките сам со воздушно јадро ама праев муабет со еден поискусен електроничар и тој вика дека нема да има ефект и да барам железни јадра кои би одговарале па да најдам нивни параметри па да намотам, човекот ми се понуди да ми ги измери да не ја утнам.
Е сега проблемот јадра нема во ниедна продавница за електроника во прилеп, се јавив во Битола ми рекоја дека има некои готови ама се за максимум 1А струја и нема 220 или 330 вреднот.
И сега што?
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: Goce on 12.08.2011, Friday, 03:56:15
Прво вредноста на намотките не е во микрофаради туку во хенри H mH uH
За уредот кој сакаш да го изработиш битно ти е колгу хенри е намотката а и доста ти е битно DCR direct current resistance
За да направиш идеална намотка за уредот кој што сакаш треба да најдеш идеално јадро за да ги добиeш потребните параметри неможеш со било кое јадро со некое јадро ке имаш потребна вредност во хенри а поголема или помала DCR со друго обратно мора да се најде идеално јадро .
Имам правено намотки за DC-DC step down/up Regulator за да направам идеална намотка имав купено од сите продавници јадра по еден примерок од секој тип  бидејки кај нас јадрата што ги продаваат се без карактеристики и неможеш да ги пресметаш.
Ќе треба да купиш повеке примероци на јадра да моташ да мериш за да го најдеш идеалното јадро
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: batka on 12.08.2011, Friday, 08:10:42
Побарај на Гугл,има повеке програмчиња за пресметка на намотки со ферит или воздушни,па израчунај приближно.Ако е некоја специфична ситуација барај инструмент па мери прецизно.Во повекето  аматерски конструкции не е многу проблематична вредноста на намотката.Можеш приближно да ги правиш намотките,а за јадра снаоѓај се од стари радио приемници,феритни прстени ке најдеш во АТХ напојувања за ПК .Попрво внимавај ако намотката е во водот на напојување,колку струја треба да мине низ намотката,па бирај ја дебелината на жицата.

Споено мислење: 12.08.2011, Friday, 08:24:41
Еве еден онлајн калкулатор

Code: [Select]
http://www.66pacific.com/calculators/coil_calc.aspx
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: Goce on 12.08.2011, Friday, 13:35:21
За да се пресмета намотка со феритно јадро треба да го знаеме материалот на јадрото сите калкулатори што се по интернетов бараат и каков материал е јадрото бидејки има јадра на кој ако намоташ 5 намотки ке имаш 200 uH тогаш ке има мало DCR има и јадра за да добиеш 200 uH треба да намоташ 100 намотки и тогаш ке имаш поголемо DCR
Пример ако прави некој Switching Regulator на напон од 40волти на 5 волти 1А тогаш му се многу битни двата параметри на калемот колку uH и кое е DCR на калемот ако не се потребните вредности или нема да работи или ке има многу брум или ке работи само со потрошувачот кој влече 100mA

За воздушна намотка е едноставно да се пресмета само зависи на него за што му треба намотката што сака да направи дали ке биде воздушна без јадро или со јадро.
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: GigaWatt on 12.08.2011, Friday, 15:02:57
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5651.0
Еве програм за пресметка на индуктивност на калеми со торусни јадра. Торусните јадра може да бидат феритни и метални. Во напојувањата за PC, најчесто се метални. Секое метално јадро е обележано со различна боја во зависност од неговата магнетна пермеабилност и некои други параметри (материјалот од кој е изработен, итн.). Заедно со програмот спакувани се и табели од кои можеш да ги исчиташ овие параметри врз база на бојата на јадрото. Мене ми се има покажано како точен, иако само во една прилика сум го користел. Ако ти требаат помали или поголеми јадра од тие кои ги има во компјутерски напојувања, во Loging има јадра, повеќето од нив се без карактеристики, но има мал дел кои се произведени од некој „бренд“, како на пример Philips (иако, навистина нема да ти требаат карактеристики, сите карактеристики на јадрото се запишани на него со неговиот color code ;), а можеш да ги исчиташ од табелите кои доаѓаат заедно со програмот).
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: Goce on 12.08.2011, Friday, 15:39:15
Мене не ми се покажале тие бои како точни си имав многу муки кога правев една сериа od 200 парчиња DC Switching Regulatori 48 волти на 12 волти 1А за Албаниа имав купено од логин од сите типови на јадра исто и од БТ електроник собрав едно 20 јадра и едно ми се погоди за среќа,изгубив доста време во мотање мерење испитување за да добиам некој резултат и се да работи како што треба со добри карактеристики.
Имаше неколку исти јадра по боја и големина(едно од логин едно од БТ) ама пак исто не искачаа резултатите ако намотам по ист број на намотки,најверојатно биле од различни фирми па секоја фирма си има свој карактеристики по боја и големина на јадрото ги прашав од која фирма се јадрава логин ми викаат немаме поима БТ ми вика од кина незнам фирма и немаше чаре мораше да се испитува

   
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: GigaWatt on 12.08.2011, Friday, 18:32:52
Не знам, мене ми се има еднаш погодено, друг пат немам мотано, ама тој пат кога ми притреба, пресметав со софтверот, намотав и вредноста беше тука некаде (со вредноста што ја прасметав), некои 10-тина uH да се разликуваше, додадов уште некоја намотка (или извадив, не ми текнува) и таман си дојде вредноста ;).

Изгледа тоа е како ќе ти се погоди јадрото, ете јас пак сум немал проблем ;), што не значи дека нареден пат нема да имам ;).

Не верувам дека софтверот греши, мислам дека карактеристиките на јадрата од различни производители (особено оние no name производители) многу се разликуваат од специфицираните според индустриски стандарди, мислам дека пред се тоа е проблемот :S.
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: Goce on 12.08.2011, Friday, 18:39:55
Не софтверот не греши туку тие што ги прод6аваат без карактеристики да неможеш да си израчунаш и да испадне како што треба не да пробуваш па да мериш
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: batka on 12.08.2011, Friday, 21:55:13
Воглавном, во овие аматерски или полуаматерски конструкции отстапувањето на вредностите на овие намотки не е толку проблематично,а не верувам и дека Горан има намера да прави некоја крајно софицитарна конструкција која би имала големи проблеми со намотките.Јас би му советувал само да пази на дебелината на жицата ако намотката е во вод кој носи напојување.Калкулаторите се воглавном точни и мислам дека поаѓајки од некој димензии и карактеристики на јадрата може да се направи соодветна намотка.Впрочем ,ако Гоце има три-четири различити јадра нека ги направи намотките на сите јадра па со проба нека опреди која најдобро ке одговара.Не слушнавме само за каква шема се работи и како се распоредени намотките.
Title: Одг: Мотање намотка, воздушна или со феритно јадро?
Post by: bicikle on 13.08.2011, Saturday, 02:34:08
прво зависи за што ти се јадрата. Колку што знам воздушните јадра се најдобри. за јадро низ кое треба да врви струја до 8 ампери треба да се обезбеди и довоно простор, односно јадрада да се "сами" оддалечени  барем од кондензатори и меѓусебно некои си 10-20 сантими за да нема инфереции и индукции.