Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: stefanstip on 05.07.2011, Tuesday, 12:16:05
-
Пред 1 ден извадов едно трафо од радио кое даваше напон од 12в и вчера го пробав се си работеше денеска само што го уклучив се слушна некој звук како цк :) и почна да се загрева и измерив напонот беше 0,5в ако некој знае што му е проблемот ?
-
Ако е со плочка на него ... види осигурачот да не му е изгорен ;) Втора варијанта можно е да е изгорен НТЦ или ПТЦ отпорникот (незнам дали беше НТЦ или ПТЦ ама едно од тоа е ;D ) ;)
Tој одприлика изгледа вака ;)
http://theonlinetutorials.com/theonlinetutorials_files//2011/05/NTC-thermistor-.jpg
-
Трафата немаат НТЦ или ПТЦ отпорници во нив, поквалитетните имаат вградено еднократни топиви осигурувачи кои го прекинуваат колото ако се загрее трафото над одредена температура, ако има таков и ако му се надвор изводите можеш да ги премостиш, иако према тоа што го пиша дека се загрева мислам дека има краток спој во намотките и можеш да го фрлиш трафото :P.
-
Изгледа дека ти отишло трафото. Дури и само топивиот осигурач да е прегорен и да го премостиш него, овие осигурачи “прегоруваат“ на температура на која изолацијата на намотките почнува да се топи и во ваков случај трафото нема да работи долго. :(
-
можи изводите од секундарот ти беа споени па кога го уклучи ти загреа ;D
-
Ма од кај да го знам ;D
-
ова ти е исто како да прашаш зошто надвор врни дожд ?!
ве молам не отварајте вакви чудни теми, како може да не знаеш зошто не работи трафото
штом не работи има некој проблем земи унимер измери колкава отпорност има ако има огромна отпорност изгорено е, ако има премногу мала отпорност изгледа стопено е и има спој и во двата случаеви не се исплаќа овај тип на трафо да се поправа, купи си нов адаптер од пазар 100 денари се
-
од адаптер да извадам трафо ? за полнење ?
-
од нај обичен адаптер од пазар, само прво треба да видиш на старото трафо што пиши, колку вати е колкав напон колку струја и со тие информации ќе одиш ќе бараш адаптер или ќе одиш в продавница и ќе си купиш ново трафо..
-
Абе на тоа трафото ништо не пише само некој бројки (101-410662-95) 89 година е произведено ;D
-
Абе на тоа трафото ништо не пише само некој бројки (101-410662-95) 89 година е произведено ;D
што е важно која година е произведено...баш и тие постарите се правени како што треба за разлика од овие денеска што се крш правени...
-
Абе на тоа трафото ништо не пише само некој бројки (101-410662-95) 89 година е произведено ;D
Ако е од обично транзисторче (од оние со два или еден дек и радио на него), купи си адаптер што може да даде 1A струја на излез при напон од 12V (иако скоро никогаш не е 12V напонот, најчесто е околу 16, изгледа мерат на наизменичен напон да дава 12V), врзи го и види што ќе се случи, не би требало да прегори, ако малку појако светат LED диодите на транзисторот, не го врзувај последниот излез од трафото со исправувачот, врзи го предпоследниот.