Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 18.06.2011, Saturday, 22:38:08
-
Го добив ова шемиче од мои пријатели од бившите ЈУ простори и решив да набавам еден транзистор за проба.Нема да фалам или кудам нешто,кое не сум го слушнал,ама ми велат дека е револуција! :o Значи еве некои основни податоци за транзисторов,а за останатото,ако сакате,пробајте.
-
Може да испадне некое добро уредче. Вреди да се проба колега :)
-
А што функција имаат D1 и D3? Ај D1, најверојатно е за ON, ама D3? Според тоа како е поставена, би требало да трепери во ритамот на музиката, барем така на мене ми личи ;). Ама зошто па да ставам таква диода, нема потреба.
-
Другарчиња посететеја веб страницава:
http://www.linearaudio.nl/nemesis-1.htm
и се,...ќе ви биде појасно!!!? ;) :) :)
Ајде поздрав,....
П.С.
Гледате трафото со кои демнзии е???!! >:( ???
Страшно,..па преносни карактеристики - непознати,...уште пострашно,...ха,..ха,...ха !!! :D :D
Прашање: Зошто отварате вакви теми со многу Х непознати !?? ??? 8)
батка контролирајсе !!!??? >:( ;D ;D :o (демек шега)
-
Веројатно Д3 дава пад на напон кој не е занемарлив ако се сака да се добие променлив преднапон на гејтот на транзисторот.А,за тебе Делија - ова е ван твојот домет и не се примешувај,остани си на ламбите. ;D
-
батка контролирајсе !!!??? >:( ;D ;D :o
Ако е шега, пиши на крајот во загради „(шега)“, да се знае. Ако не е шега, не го пишувај.
Веројатно Д3 дава пад на напон кој не е занемарлив ако се сака да се добие променлив преднапон на гејтот на транзисторот.
Ама зошто па променлив преднапон, нема потреба, доволно е да има константна работна права.
Ај, ако го правиш, пробај извади ја D3 и види дали нешто ќе се смени, без разлика дали е на подобро или полошо, чисто ме интересира ;).
-
Здраво
да се вклучам во енигматикава, Д3 е сигнална диода за напојување, дека соурсот има напојување, а Д1, како има сигнал го набива кондензаторот Ц2, преку 10 коми отпорник исто и преку напојувањето си помага, така да таа покажува влезен напон односно сигнал, интересна А класа за дополнување на снага, не ја прелистав статијата за да видам што пишува, мајстор и со многу непознати знае да спознае и да се снајде, гледам на слика направено е значи е функционално
поздрав