Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: ShAdOw on 23.05.2011, Monday, 13:32:45

Title: Неонска цевка на 12V
Post by: ShAdOw on 23.05.2011, Monday, 13:32:45
Ова претставува шема за напојување на неонска цевка на 12V без употреба на стартери. Ова е практично осцилатор со мала моќност, но висок напон. Потенциометарот служи за регулирање на фреквенцијата.

Шема:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/12V_Neon_Lamp.jpg)

Компоненти:

R1-R2= 1K5 ohm
VR1= 5K ohm (потенциометар)
C1= 100nF
TR1= BD243C (задолжително да се постави на ладилник)
IC1= NE555
T1= 230V-6V 300mA или 230V-12V
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: DX-er on 23.05.2011, Monday, 13:35:00
дали шемава е твоја или превземена од некаде? Ако е твоја и ја имаш пробано стави слики, ако не е твоја стави го изворот на сајтот
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: ShAdOw on 23.05.2011, Monday, 13:49:23
Шемата ми е од PC (од мојата колекција на електроника), така да незнам од каде сум ја превземал :). Ако го знам изворот т.е. страната, јас секогаш го поставувам ;).
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: bicikle on 26.05.2011, Thursday, 15:06:10
добро е R1 да се стај потенциометар од 4,7-10к ЛИНИСКИ . Истѕо така за поголема моќност може да се стават уште два степени на транзистори, имам така направено и работи, али треба саглам трафо.
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: danix01 on 26.05.2011, Thursday, 15:19:01
4w  е премаладајте некоја сема за неонка над 20 вати или за штедлива сијалица
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: batka on 26.05.2011, Thursday, 15:21:46
Еве и една шема што пред некое време комшијава ја правеше.Транзисторите се 13007 од АТХ напојување,а трафото е мотано на феритно стапче 10 мм должина 40 мм.Во примар 7+7 намотки со 0,8 мм бакарна лак жица 2 намотки 0,5 мм ,а секундарот 142 намотки со 0,15 мм .Примар и секундар изолирано во два слоја со фластер и лак! Пригушницата е од АТХ намотана на кружно феритно јадро.Тера и 20 ватна неонка.
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: DX-er on 26.05.2011, Thursday, 15:22:57
Мислам дека треба само да се замени транзисторот со појак итрафото да крепи повеке струја.
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: danix01 on 26.05.2011, Thursday, 15:35:01
2n3055 или 2 такви паралелно и трафо од 50w би било добро
Title: Одг: Неонска цевка на 12V
Post by: batka on 26.05.2011, Thursday, 21:21:30
Направи дарлингтон спој ,некој BD....NPN со 2N3055 (3773) само зголеми го пајачувањето со додавање отпорник во базата кон + полот и  намали го оној 1К5 на 680 оми. Базниот отпорник одреди го со експеримент (од 22-100К)

Споено мислење: 26.05.2011, Thursday, 22:01:42
Еве една варијанта која случајно ја најдов.