Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 08.05.2011, Sunday, 23:31:49
-
Во приложениот документ се дадени неколку изведби на овој интересен ефект, имено со регулирање на струјата низ електромегнет се постигнува некој метален предмет поставен под него да лебди (левитира) во место.
-
Минатата недела ми донесоа дечкиве една слична шема и се дискутираше нешто да се прави.Се надевам дека од овој материјал нешто ке прочитаат повеќе.Еве ја и нивната шема
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/magnetic_levitation_circuit.gif)
-
јас негде ја имав гледано шемата од батка и сакав да ја правам, ама тогаш незнаев каде да барам лакирана жица и не го направив... па сега знам кај да барам лакирана жица ама па незнам колку намотки требаше да се намота....па батка знаеш колку намотки и колкава жица треба да се намота??? ;D
едит: ја најдов страната (у букмарк сум ја имал :D) па ако бидне нешто ке бидете известени...
http://uzzors2k.4hv.org/index.php?page=magneticlevitation
еве ја страната кај што ја има шемата од батка и уште една друга шема (скроз доле има и уште 2 страни за исти такви проекти) ако некој сака повеќе инфо :D
-
Eве ја страната ;D
http://uzzors2k.4hv.org/index.php?page=magneticlevitation
-
Па имавме идеа да земеме еден трафо со пресек на јадро 3х2 см и да го одстраниме I -делот од јадрото,Значи само Е делот да остане,свртен кон штрафот.Мислам дека и растојанието и штрафот поинаку да го наместиме (што би било ако се хоризонтални???)Значи намотката нека биде 1500-2000 намотки бакарна жица 0,1 мм дебелина,,или пробајте со веке готова примарна намотка од некој трансформатор.
-
на страната дечкото има пишано дека најдобро било електромагнетот да има отпорност од 15 оми
-
Еден пријател се намачи да направи ваква левитација, незнам дали по оваа шема правеше, ама многу имаше проблеми, никако не можеше да ја погоди точката за да левитира - или се лепеше на магнетот или паѓаше доле, и на крај се откажа.
Ај ако го направете кажете дали функционира.