Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: ljup4o on 01.02.2010, Monday, 20:39:16
-
Ова е шема за делење на напон но пошто неможам да ги најдам овие транзистори AC141 и AC142 пошто се стари транзистори дали ке може некој да ми каже замена за нив или пак да се преправи шемата за со други транзистори
(http://pic.mk/images/0904151265053902.jpg)
-
Пробај стави BC141 и BC161, би требало да работи и така.
-
Го направив со овие транзистори BC141 и BC161 работи но кога ке му донесам 9 волти на влезот на излезот не го дели на 2 x 4,5 туку на 3 и 6 волти. Па дали ке може некој да ми каже како можам да го поправам дали трба да се измени нешто во шемата
-
Пробај отпорникот R1 замени го со тример (променлив) од 47К и наштелувај го да е точно.
-
ако сакаш напонот да ти е +4,5 и -4,5 точно...тогаш ке си користиш операциски засилувач...ако сакаш шема кажи....а можеш да направиш и со LM380(така мислам дека беше) ама ке ти треба ладилник за на интегралецот а и нема да може некоја голема струја да даде....