Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: dr-mr on 11.04.2011, Monday, 02:20:54

Title: Барам книга за генератори на струја
Post by: dr-mr on 11.04.2011, Monday, 02:20:54
Каде можам да најдам книга или туторијал за одржување и сервис на генератори

Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: GigaWatt on 11.04.2011, Monday, 03:06:33
Само за струјни генератори? Не разбирам, ти треба книга за одржување и сервисирање на константни извори на струја? Или струјни генератори како уреди, на пример, полначи на акумулатори или некои такви работи?
Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: dr-mr on 11.04.2011, Monday, 10:10:13
Ми треба за генератори на струја ( агрегати)
Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: GigaWatt on 11.04.2011, Monday, 15:31:17
Ми треба за генератори на струја ( агрегати)

Со бензински/дизел мотори? Што конвертираат механичка во електрична енергија?
Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: dr-mr on 11.04.2011, Monday, 15:43:28
не ми е важно како   ке се  придфижувани дали бензил дизел гас или др начин ме интересираат конверторите од механичка енергиј во електрична нивната изведба деловите  во самиот конвертор дали се нешто како алтернаторите во возилата или сосема на друг принцип .
А погонот не е важен
Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: GigaWatt on 11.04.2011, Monday, 16:56:32
не ми е важно како   ке се  придфижувани дали бензил дизел гас или др начин ме интересираат конверторите од механичка енергиј во електрична нивната изведба деловите  во самиот конвертор дали се нешто како алтернаторите во возилата или сосема на друг принцип .

Книга за нешто вакво немам, кој има нека сподели ;).

Но барем јас колку што знам, принципот на работа е сличен на монофазна турбина, се генерира наизменичен напон благодарејќи на начинот на кој е изведен генераторот (моторот, бидејќи, во прнцип, секој мотор може да биде и генератор). Колку што знам, тоа се безконтактни мотори каде што јадрото на моторот е магнет, а половите се намотките и во нив се индуцира наизменичен напон (колкав е бројот на намотките и дали е само една или има повеќе, не знам, нека пише некој кој повеќе се разбира во овие работи). Во принцип, да, принципот на работа е сличен на алетрнаторите во колите, само што моторот/генераторот е различен, место еднонасочен генерира наизменичен напон (колку што знам, алтернаторите генерираат еднонасочен напон, ако грешам корегирајте ме ;)).
Title: Одг: Барам книга за генератори на струја
Post by: borce on 11.04.2011, Monday, 21:46:44
Генераторите во колите (алтернаторите) генерираат трофазен наизменичен напон од 12 или 24V тој после се исправува со спој од 6 диоди (грецов спој) и како едносмерен се спроведува до потрошувачите.
Роторот на алтернаторот преставува ел.магнет кој се побудува со едносмерна струја од акумулаторот преку електронски реглер кој се наоѓа на самиот алтернатор,реглерот дава соодветна побуда на роторот во зависност од самата потрошувачка на енергија,електрониката во реглерот го надгледува напонот на излезите од статорот и го одржува константен на 14,4V или 28,8V додека струјата е променлива во зависност од потребите на потрошувачите