Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: Darko_Petrovski on 15.03.2011, Tuesday, 10:31:58

Title: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: Darko_Petrovski on 15.03.2011, Tuesday, 10:31:58
Наслово кажува се.
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: mart11n on 19.03.2011, Saturday, 18:47:19
Еве ти нешто корисно http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2618.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2618.0), само не гледам некоја диода или нешто слично со шо ке сигнализира.
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: batka on 19.03.2011, Saturday, 18:59:55
Има повеке различни шеми,ама најбитно е какво е напојувањето и дали сакаш по активација со плесок сама сијалицата да се гаси по некое време или дали да остане додека не плеснеш пак со рацете!
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: GigaWatt on 19.03.2011, Saturday, 19:54:25
Само пазете, овие шеми знаат да реагираат и на гласна музика ;D.
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: batka on 19.03.2011, Saturday, 20:12:05
Зависи каков микрофон ке ставиш! Најдобро се покажаа оние јаглен микрофонски капсули од старите телефони,малку се тромави,ама не реагираат на секој шум.Дури треба  одреден плесок  за да се активира. Еве шема : ставете 555 или уште подобро 7555.Вториот дел е флип флоп со 2 транзистора : еден импилс отвара,вториот го затвара светлото.На влез електретски микрофон, ама може и јагленов  за помала осетливост!!
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: mart11n on 19.03.2011, Saturday, 20:21:36
абе него му треба значи ко ке влези во неговата соба да плесни со рацете и да се запали сијалица и ко ке плесни пак да се изгасни , како шо кажавте

Споено мислење: 19.03.2011, Saturday, 20:23:23
и микрофонот не би требало да биде остелив туку на многу јак звук да реагира само (значи силно да се плесни со раце за да се уклуци/исклучи уредот).
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: batka on 19.03.2011, Saturday, 20:34:53
Ти да не си му менанџер или портпарол!??? ;D ;D ;D Абе баш таква шема му ставив :еден удар пали,друг гаси.Ако не треба осетливост најдете јагленов микрофон од стар телефон , па со него работете!
Со среќа да го направите!!
Title: Одг: Ми треба шема за сијалица која се пали со плескање со раце.
Post by: mart11n on 19.03.2011, Saturday, 20:41:58
THANK YOU