Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 06.03.2011, Sunday, 20:46:03
-
Ова беше нешто како проба дали може да се направи појачувач со случајно најдени делови ;D.
Три БД 139, и два 13007 транзистори (од АТХ),неколку отпорници,зенерка 15В/400 м.вати,тример 470 К...Со тримерот се местат 50-60 мА мирна струја на излазните транзистори.Треба добар ладилник,а другите делови се на УНИ-1 плочка.Напојувањето е еднострано некаде 34-35В/ 3А.
Изобличувањето до некаде 2/3 јачина е во граници на 0,5%!Посигурно е да работите со 8 омски звучник.
-
зенерткава што функција имат? за транзисторот ?
-
По теорија за А -класите го регулира (дава напон) биасот на излезните единици,кој треба да е 1/2 напон на напојување.Интересно е што може да се проба со два идентични Дарлингтон транзистори,место комбинација BD139/2N3055.Немав такви транзистори,ама ке пробам со BDX...,кој ги имам вишок и нема да жалам и некој да изгори.Внимавај со мирната струја,почни од максимум вредност на тримерот бидејки знае од 30 мА веднаш на 100 да отиде.Доста е осетлив елемент.
-
ваљда ако е логаритамски така прајт, линиски не би требало ?
-
еј а кај се гледа на обични компјутерски звучници колкаво му е појачалото или како можи да се израчуна ... на нив пиши само 40mA 220V 50Hz ...иначе имам Logitech S-100
-
Прајт ;Бицикле,прајт,ама кај си видел логаритамски тример!?? Не е битно. Битно е што е многу мала вредноста на отпорот при кој *скока* мирната струја и за тоа треба пажливо,милиметар по милиметар да се зголемува струјата.Од 20мА да добиеш 50 мА треба тримерот едвај 1,5 мм да го поместиш!
Споено мислење: 08.03.2011, Tuesday, 08:31:12
За Logitech S-100 BLK Speaker пишува дека имаат јачина 2х2,5 вати или вкупно 5 вати на 12В.Значи потрошувачката би била околу 0,25 А .А за појачалото - види кое интегралче е внатре и побарај податоци.