Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: boki-cair on 06.03.2011, Sunday, 01:20:15
-
Здраво до сите ме интересира дали може да се намали напон на трафо од 2х37 на 2х35 волти без да се премотува трафото односно да се додаде некоја електроника или пак да се направи нешто слично
-
колкава моќност е трафото и колкава моќност ти треба тебе ?
се можи да се направи само би те фатило поскапо и потешко да правиш електроники
а да го премоташ, односно да отсечиш 2-3 намотки не би те коштало ништо
-
трафото е 2x37v 480w е сеа мене ми треба 2х35v 300вати. Ти спомна дека може да се отсечат некои намотки може да ми кажеш како или пак да ми кажеш некој што знае и колку би ме чинело
-
тоа може да го направи секој винклер.но не знам дали ке може така да се отсече некоја навивка и да се дотера на 2х35v и 300w.ке треба да ги прочиташ спецификациите ако ги има на трафото и со помош на програмче да пресметаш една навивка а со тоа и ке знаеш колку навивки ке треба да пресечеш.мислам дека таа работа ке може да ја заврши некој винклер и нема многу да кошта
-
Наједноставно е да ставиш сериски по 2-3 јаки диоди после исправувачот, тие ќе го симнат напонот за отприлика 2 волти. Ако ти е трафото за засилувач, особено транзисторски, ќе работи и на 2х37 волти.
-
boki-cair најверојатно ова трафо ќе го користиш за аудио засилувач и нема потреба да го намалуваш напонот и моќноста, бидејќи ако го користиш за засилувач нема да му смета ако трафото има поголема моќност и поголем напон за неколку волти :). Кажи за кој засилувач се работи т.е. постави шема или било каква информација за него, за да видеме за каков засилувач се работи ;).
-
значи ова напојување ќе се користи за тда 7293 од емитер
-
како мериш,со отповарување или?
-
значи јас не го мерев туку братот на тетин ми ми го даде и ми кажа дека е 480 вати 2х37 волти
-
ќе работи без проблрм на тој напон, нема потреба да се премотува итн.... И онка кога ќе се оптовари ќе има пад на напон некој волт.
-
значи дојдовме до заклучок дека нема да му пречи неколку волти поголем напон на тда7293 ок благодарам до сите
п.с. ако има некој нешто да дополни слободно темата не е затворена
-
Не ми идит на памет уредот точно, дали иама осигурачи, но за ској случај, никогаш не се на одмет 5-10 амперски спори(т) осугурачи на - и + да стајш, секој случај. ;)
-
Ako trafoto e 2x37v naizmenicna, otkako ke se ispravi ke dobies okolu 2x50v.tda7293 optimalno raboti na 2x40v i najverojatno ke dobies izgoreno tda7293!!!
Пишувај кирилица!
-
007 ја ти даташит и види си...
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet2/9/0ozxelyhtgfl5jsx9108fj3sqq3y.pdf
-
Трафото е снажно па нема да падне нешто напонот после оптоварување. Од даташитот за 7293 максимален дозволен напон е 50 волти а трафото после исправљачот дава изнад 50 волти па затоа послушај го LordZi и стави уште по 2 диоди сериски за плус и за минус после грецот. Онда уште еднаш измери го напонот на исправљачот да бидеш сигурен. Негде мрежниот напон е изнад 230 волти, негде испод па можда уопште не треба да го симињаш напонот со диоди.
-
Јас пак би ги ставил диодите, во случај да рипне мрежниот напон ;).
-
ако на трафото врзиш сериски потрошувач, би требало да се намали напонот на излезот, на пример пробај 2-3 сијалици од фар од кола , иако се на 12в отпорот о нв е мал, па би требало да има мал пад на напон во нив така да нема да регорат, освен ако не е трафото ептрн јако. на пример ако е 500 вати ако стајш сијалица од 12в 50(55)вати во сијалицата ќе одат 10% односно 22в што значи ќе треба да врзиш 4 сијалици(2паралелно 2 сериски) за да не пегорат и че имаш пад на напон околу 10% на излезот. Бидејќи кога че се пушти трафото ќе повлече многу струја, со сијалицит паралелно треба да се повзе кондезатор од неколку микрофаради БИПОЛАРЕН наменет за 250 волти, т..е мре=ен напон. Пробај и со пригушница за неонка, некоја појака, врзи 3-4 мечусебе паралелно, а потоа сериски во однос на трафото.
-
ако на трафото врзиш сериски потрошувач, би требало да се намали напонот на излезот, на пример пробај 2-3 сијалици од фар од кола.
Немој така, напојувањето треба да има мал отпор а со сијалициве го покачуваш,боље е со неколку сериски диоди.
-
на примарот мислев.
-
Примарот можеш вака да го регулираш,ама за 2В не знам дали се исплати целиов склоп да го правиш!? ;D :o
-
Здраво до сите ме интересира дали може да се намали напон на трафо од 2х37 на 2х35 волти без да се премотува трафото односно да се додаде некоја електроника или пак да се направи нешто слично
Вака за 2 волти нема проблем одма можат да се намалт...само шо ке се оптовари...ке намале 2в....и грец ако му клајш уште тро ке намали....
а за моќноста.....нема врска ако е 480...да го преправаш на 300.....ако го прајш на 300в...и да го цедиш до триста ке ГРЕЈ салам....вака ако 480....а да трга 300..помалце ке греј...така да нема потреба ништо да менваш..поздрав ;)
-
на примарот мислев.
Па и така не е добро,при мала потрошња нема да има доволно пад на напон на сијалиците па ќе отиде изнад 50 волти напонот на исправљачот. Башка премногу пари за сијалици, уместо неколку денари за неколку диоди.
Забегавме премногу у теорија, треба boki-cair да направи исправљач и да измери напон со појачалото прикачено па да каже. Онда ќе му мислиме.
-
па не се скапи сијалицине, а ако има некоја пругушница уште подобро. напонот ќе падне без разлика дали е оптоварено или не- секако ако е оптовсрено падот ќе бидде поголем. Ако е за 2-3 волти се сложувам дека енјадобро со 4-5 диоди...
-
А зашто да не одмоташ неколку намотки :) ? Тоа ти е наједноставно и најефтино решение ;)
-
spored mene ako ne odmotuva[ prvpat
Пишувај на кирилица !!!