Македонски форум за електроника

Околу форумот => Побарувања => Topic started by: electron on 02.03.2011, Wednesday, 01:08:33

Title: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: electron on 02.03.2011, Wednesday, 01:08:33
Кога одам горе на "Профил", потоа кликам лево на "Прикажи ги пораките", текстот на темите што сум ги пишувал е во ред, но фонтот на локацијата каде што е темата на пр.:  "Дигитална електроника / Микроконтролери / Одг: RGB LED контролер" е со бела боја, а позадината е исто бела со мала нијанса на светло сива, и невозможно е да се прочита.
Истото го прикажува на IE и на Firefox.
Може да се поправи тоа?
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: batka on 02.03.2011, Wednesday, 01:24:24
Имаш вирус!
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: DX-er on 02.03.2011, Wednesday, 01:51:36
Се работи за баг на овој тип скрипта за форуми, во скоро време очекуваме да биде отклонет проблемот.
Привремено маркирај ги со маусот тие бели површини (да бидат плава боја) и ке може да ги видиш.
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: electron on 02.03.2011, Wednesday, 13:42:57
Имаш вирус!

Не сакам да звучи како фалење, но јас имам 15 годишно искуство и секојдневно решавање на проблеми од хардверска и софтверска природа кај компјутерите, и секако справување со вируси, тројанци и други штетници со злонамерен код, и ве уверувам дека не станува збор за никаков вирус.
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: DX-er on 02.03.2011, Wednesday, 13:59:31
без оф топици
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: SKOLS_OLD on 02.03.2011, Wednesday, 14:00:51
и јас истиот проблем го имам.Ако најдете решение дај кажете.Или кај сите е исто така??
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: Bojan on 02.03.2011, Wednesday, 14:06:57
кај сите (најверојатно) е така, а и јас си правам како што вика Dx-er ке си ги селектрираш и се ти се гледа...
Title: Одг: Проблем со фонтот кај пораките на профилот
Post by: GigaWatt on 02.03.2011, Wednesday, 18:28:34
Како што рече DX-er, го имаме забележано тоа, bug во скриптата е, се надеваме дека со време ќе го средиме проблемот, но сега за сега, маркирање е (на некој начин) привемено решение.