Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: ShAdOw on 27.02.2011, Sunday, 15:03:39
-
Многу едноставен транзисторски аудио засилувач. Се состои само од неколку отпорници (100K x2, 10K и 50Ω) и еден транзистор (MPSW45A) и може да се напојува со една батерија од 9V.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4214.0;attach=4112)
-
Ова би го пробал оти е мнпгу едноставна шема, па и да не работи нема да изгубам многу :) Иначе што транзистор е овој MPSW45A, два во еден се ? Колку пари е ?
Ме интересира уште нешто, према вас колку реално mW ке даде ? Колку омски звучник бара?
-
Иначе што транзистор е овој MPSW45A, два во еден се ?
Начинот на кој се врзани транзисторите се нарекува Дарлингтонов спој, струјното засилување кај ваквиот тип на споеви е приближно hfe^2 ;).
Ме интересира уште нешто, према вас колку реално mW ке даде ? Колку омски звучник бара?
Најверојатно ќе можеш да приклучиш било каков, од 4 ohm-и па нагоре ;). А што се однесува до моќноста која ќе може да ја испорача на излезот, зависи и од јачинита на струјата која може да ја даде напојувањето, ако може да даде доволно голема јачина на струја, можеби ќе може да даде и 2W ;). Инаку, ова е засилувач во A класа (теоретската A класа, баш како што е опишана во книгите за електроника, не модифицирана верзија од вистинската A класа ;)).
-
A -класа си е А-класа,макар 1 ват да биде. ;D ;D
-
- Транзисторот го има ли воопшто во продажба ?
- Ако го има колку пари е ?
-
Пробај со било кој Дарлингтонов транзистор, би требало да функционира со било каков, падот на напон кај Дарлингтоновите транзистори е 2 X Vbe и најчесто се движи од 1.5V, до кај 1.8V, 1.9V, зависи од транзисторот и неговата градба ;). Шемата е релативно проста, така да, како што реков, би требала да работи со било кој Дарлингтонов транзистор ;). Дури може да даде и релативно поголема моќност доколку се користи некој помоќен Дарлингтонов транзистор, но се разбира, во тој случај, треба да се зголеми моќноста на отпорникот од 50 ohm-и. Останатите отпорници може да останат со моќност од 1/4W ;).
-
Дарлингтоните,сами кога работат имаат свои * мушички* и треба да се помачиш да ги * проработиш * ;D ;D Сепак пробајте со БДХ ...има низок праг на влезот!