Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Devil on 11.01.2010, Monday, 23:31:30

Title: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 11.01.2010, Monday, 23:31:30
Потребна ми е шема идеа нешто што било како да направам променлив извор за напојување ама да биде наизменичен
На излез ми  треба наизменичен сигнал од 1- 30V AC
имав идеа да се користи тријак, ама таа отпаѓа пошто стандарден тријак почнува да работи на напон од 50V
идеа ми е да направам напојување со LM317 за еднонасочен напон кој ќе треба да контролира еден транзистор/ мосфет нешто кој ќе регулира напонот кој ќе врви низ него  :-\
така некако ми е замислата
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Goce on 12.01.2010, Tuesday, 01:37:09
Промена на наизменичен напон можеш да направиш со вариабилен автотрансформатор
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 12.01.2010, Tuesday, 01:43:42
Не ми е јасна замислата, во втората реченица зборуваш за DC напони, што ќе ти е 0-30V AC, за да направиш да не лечува тријакот? Тоа може да го направиш со негативен напонски импулс (за да исклучи тријакот). И не е точно дека тријакот почнува да работи на 50V, тријакот работи и на 5V меѓутоа има пад на напон од 1-2 волти што за ниски напони (12V) е скоро неупотребливо и заради тоа наместо него се користат мосфети или релеи.
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 12.01.2010, Tuesday, 08:52:15
Мене ми треба извор на наизменична струја и напон, а DC напон ќе се користи за контрола и за поларизирање на  мосфетот.
LM317 го спомнав бидејќи со него ќе се контролира мосфетот низ кој треба да поминува наизменичната струја.
замисла е вака
да направам напојување со LM317. На излез од ова напојување ќе ставам BUZ11.
Гејтот G од мосфетот ќе биде приклучен на излез од напојувањето. А на дрејнот D ќе донесам наизменичен сигнал. Од сорсот ќе излегува тој сигнал
И во зависност од промената на напонот на гејтот на мосфетот ќе се менува и наизменичниот сигнал.
Ако стигнам после ќе нацртам како ќе изгледа сето тоа  :(
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 12.01.2010, Tuesday, 16:38:54
Јасно ми е, сакаш да ја регулираш амплитудата на наизменичната струја но тоа нема да биде добро така. Мосфетот кога го користиш како променлив отпорник има два проблеми: 1. Многу ќе се загрева и ќе губиш на ефикасност 2. Бидејќи струјата зависи од отпорот но и напонот ниските напони на синусоидата ќе бидат многу ослабени а повисоките нема да бидат, значи вршиш хармониски изобличувања на наизменичната струја. Бидејќи и така имаш хармониски изобличувања со твојата идеа би ти трепорачал едноставна финта а тоа е да ставиш димер (за сијалици) на обичен трансформатор и да видиш како ќе менува и дали ќе биде добро.
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 12.01.2010, Tuesday, 19:08:41
мислиш димер со тријак ?
ако е таков имам а ако е како оние само потенциометар што имаат или од што се веќе немам .. ќе треба да набавам па да испробам
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 12.01.2010, Tuesday, 23:03:37
Да, димер со тријак, обичен за сијалици. Пробај и кажи како ќе работи во твојот случај.
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 16.05.2010, Sunday, 20:37:19
Не работи така со овај димерот :S
некое друго решение ?
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 16.05.2010, Sunday, 21:24:26
Хммм, имам една „идеа“, вака: поврзи 2 трансформатори (примарите нивни) редно. Првиот трансформатор ќе ти ги дава потребните 0-30V AC во зависност од оптеретувањето на долниот трансформатор. Долниот трансформатор може со грец да го оптеретуваш со отпорник и DC регулатор. Пробај ја оваа идеа.
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 16.05.2010, Sunday, 21:25:28
нешто поедноставно ?
со некој регулатор не може ?
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 16.05.2010, Sunday, 21:30:30
Ти сакаш чиста синусоида, ваљда не сакаш да правиш мосфет засилувач за 50Hz и да го појачуваш Volume за да го менуваш напонот, така? :D
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 16.05.2010, Sunday, 21:32:36
не бе шо ќе ми е тоа, уште посложено ќе биде така
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: BorceBT on 16.05.2010, Sunday, 21:39:02
Пробај вака може ќе има некаква регулација а и како идеа ќе може не да се замени ама за тест барем да се замени варијакот.
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: deophorant on 06.07.2010, Tuesday, 00:55:32
Devil пиши ако сакаш повеќе информации за карактеристиките на уредот па ќе смислиме нешто.
Пр:
1. 30V AC чиста синусоида?
2. 30V амплитуда или ефективна вредност?
3. Сакаш регулација на ефективната вредност на напонот или на амплитудата (дали мора да е чиста синусоида или битна е ефективната вредност) ?
4. За која моќност станува збор (која струја) ?
5. Мора да има галванска изолација од мрежа или не?

Да не збориме на памет патем пиши и за што би го користел уредов па можеби ке смислиме некое поедноставно и поевтино решение.

Поздрав
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 06.07.2010, Tuesday, 13:49:34
30V ефективна вредност, регулација на напон моќнос да е барем 50W на 30V излез, не мора чиста синусоида , сега да не е иглест сигнал :)
пошелно е со галванска изолација :), не сакам да скокам од стол
идеата беше претходно за експериметирање со напојувања и со некој трансформатори
ама може да се најде и за нешто друго ;D
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Bojan on 06.07.2010, Tuesday, 13:59:37
а бе па убаво викаше борче....осцилатор, 50херци засилувач некој АБ класа и ке си менуваш волуме....језда звучи глупо али па идејата е супер....кога ке видиш па, врти сучи тоа едно та исто ке биде...
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: deophorant on 06.07.2010, Tuesday, 18:59:14
Најдобрата и најскапата работа е варијабилен автотрансформатор. Втората едноставна работа е да користиш некој засилувач и осцилатор на влез од 50Hz. Инаку менување на ефективна вредност можеш да постигнеш и со сечење на дел од синусоида со тријак или 2 тиристора. Последнава варијанта може да се направи за доста големи моќности а и е доста евтина во поглед на карактеристики (јас имам направено ваков насочувач за 1000А и 24V). Ама тебе акоти е за тестирање на напојувања не ти одговара менување на ефективната вредност со сечење на дел од синусоида, за таа работа највеќе одговара менување на амплитуда на нешто што ќе личи на синусоида. Сепак би ти препорачал како и некои други членови на форумов да си направиш еден засилувач во AB класа ( па може и во В класа за оваа намена) и да си бркаш работа.

Поздрав и успешна работа
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 06.07.2010, Tuesday, 19:03:14
Фала ви на сите на помошта, ќе видам ќе скоцкам нешто ;)
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: didy on 08.07.2010, Thursday, 21:01:36
Здраво
Сепак ништо не дефинира и не  опиша за што ќе служи овој уред?
има ли потреба да е поврзан на мрежен напон или ќе работи на акумулатор?
и зошто 50 херци, ако е на акомулатор.
бараш конвертер AC>AC или DC>AC ?
парафразирај го барањето
Title: Одг: Променлив извор на наизменична струја и напон
Post by: Devil on 08.07.2010, Thursday, 23:09:33
значи, убаво е напишано ама ја пак ќе пишам
мора да е на мрежен, бидејќи не планирам да правам конвертор ДЦ-АЦ
барам АЦ-АЦ конвертор
и најверојатно ќе користам идеата со појачалото , но на место да ставам аудио транзистори кој сигурно ќе бидат скапи ќе ставам што се нашло :)