Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: Baze on 16.02.2011, Wednesday, 23:34:11
-
:) можеби ова го знаете а можи и не, до сега не сум го прочитал на форумот.
Постапката е едноставна:вклучете ја камерата од вашиот мобилен и далечинскиот вперете го во камерата.
Доколку на вашиот мобилен забележите светкање при притискање на некое од копчината, далечинсото функционира :)
-
аииии немогуче... Значи камериве за во темница што имаат 100 диоди околу што "не светат" вака работат?
-
да бе, инфра црвена светлина....
-
да :D
-
Има камери со Night Mode - Опција за ноќно снимање, и тие ја користат инфрацрвената светлина за снимање во темница.
-
Хехе, интересна работа. Не сум го знаел ова.
-
Знам некои кои го оштетиле чипот на камерата на тој начин.Подобро направете си уредче за 30 денари или земете батериски среднорталасен приемник (популарен транзистор! ;D) . Поставете го на околу 1600 Кхз ,на крај на скалата и притиснете го далечинското во негова близина.Ќе добиете звук ,нешто како штракање :D :D и тоа е знак дека далечинското работи.
-
опа интересно нешто, значи далечинската работат (осцилираат) на некој си 1600KHz ?
-
А како од инфра црвена се добива обична светлина....?
Антена на 1600кхз да ја сликаш ќе свети ?
-
Не бе. се добива некоја интерференција на осцилаторот и фрекенцијата на снопот од зраци.Се работи за серија импулси кои ги генерира далечинското,а се слушаат на приемникот.Приемникот не препознава светлина .
-
не, не обратно. Значи камерата дали радио-бранот(електромагнетниот бран) ќе го препознае како светлина?
-
не, не обратно. Значи камерата дали радио-бранот(електромагнетниот бран) ќе го препознае како светлина?
у принцип и светлината е електромагнетен бран со голема фреквенција и мала бранова должина...
-
Не бе. се добива некоја интерференција
мислиш хармоник од далечинското ? ;)
-
Бицикле не мешај појмови -камерата не препознава радио бранови,туку светлосни бранови.Се работи за луминесценција на ИР брановите.Побарај малку литература ако сакаш повеке.Проблем со камерата е што има чип (ЦЦД) кој реагира на секој вид на светлина,но проблемот е ако усмериш јак извор на светлина,може во некои случаи да се оштети чипот од преголемата доза ( од голема близина!) светлина.Исто како кога сонцето те заслепува кога излегуваш од темно!
-
слабо ми оди со ова, иста бранова должина од различни извори.... Затоа препрашува :)
-
Еве како изгледа проверката на далечинскиот управувач на камера ;).
Testiranje IC daljinskog upravljaca (http://www.youtube.com/watch?v=JYAIhmaI4S4#ws)
-
Имаш виртуелна репутација од мене за досеткава.