Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: GigaWatt on 02.02.2011, Wednesday, 15:16:49

Title: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: GigaWatt on 02.02.2011, Wednesday, 15:16:49
Вака сега, значи планирам да правам аналоген аудио delay ефект. Постојат три најпознати типови на изведби на delay кола. Најстариот користи магнетна лента за доценење на аудио сигналот, и скоро е исфрлен од употреба, така да не верувам дека ќе најдам баш таков „ленташ“, плус, станува збор за цел уред, а не само за интегрирано коло. Вториот тип не користи механички елементи како првиот и е хронолошки гледано понов од првиот. Принципот на работа му е „доцнење со полнење на кондезатори“, значи има во серија поставено голем број на кондензатори и како што поминува аудио сигналот низ сите нив, доцни за онолку колку што е потребно да се наполни едне кондензатор (ако има во ланецот поставено, на пример, 12 кондензатори, и ако секој од нив се полни за времетраење од 10uS, значи дека вкупното доцнење на сигналот ќе биде 1.2mS). Ваквиот принцип на работа се нарекува bucket brigade и во 70-тите и 80-тите (па и почетокот на 90-тите) се има многу често користено во аналогните педали за бас и електрични гитари, како и во ефектори, миксети, итн. ;). Но, со продорот на дигиталната технологија и DSP чиповите, овие аналогни интегрирани кола се исфрлени од употреба и веќе не се произведуваат (ги има на e-bay, ама се продаваат на аукции и едно интегрирано коло може да стигне вредност и од 100 па и повеќе долари :o). Најновиот принцип на работа е базиран баш на DSP чиповите, се врши А/D конверзија на сигналот, се користи buffer кој го држи сигналот определено време, потоа се врши D/A конверзија на сигналот и се препраќа на излезот од уредот, значи тоа е во принцип (скоро) истиот сигнал, само што е задоцнет за определено време (најчесто, тоа време може со потенциометар да се подесува и може да трае од 1mS до 1 или 2 секунди).

Бидејќи сакав сосема аналогна да биде изведбата на delay-от, сакав да го изведам со интeгрирано коло кое работи на принципот на bucket brigade, но проблемот се интегрираните кола. Нешто читав на net и видов дека овие две кола се најпопуларни, барем кога станува збор за bucket brigade принципот на работа (нешто повеќе околу принципот на работа на bucket brigade колата, можете да најдете тука (http://en.wikipedia.org/wiki/Bucket-brigade_device)). Може ли кај нас да се најдат/купат овие кола? Прашав во Алфа, но ги немаат, а колку што сум забележал од некои делови кои сум ги барал кај нив, познати се по тоа дека имаат некои vintage (ако може така да се изразам ;D) компонети, како на пример ICL8038. Во Скопје, нема шанси да ги има, освен ако некој не ги нарачал на времето, па да не успеал да ги продаде, а јас таква индивидуа не знам :S.

Прашањето ми е следново, значи дали може да се најдат овие кола во Македонија, или не, и дали има замени за нив, или евентуално некоја еквивалентна шема со која би можеле да се еквивалентираат овие кола. Исто така, дали има некои други кола кои работат на bucket brigade принципот на работа, бидејќи видов на net дека има, ама принципот не им е баш ист со bucket brigade принципот на работа, туку се нешто како хибриди, но без разлика, доколку ги има, и ако може да се најдат во Македонија, би сакал да знам ;).

Благодарам однапред ;).
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: batka on 02.02.2011, Wednesday, 16:09:36
Тешко да најдеш,ама ке погледам деновиве да не имав еден модул со САД 1024 ,цела плоча од аналоген делеј со 6 глави ( мислам ПИ-ВИ беше).Ако ја најдам ја добиваш бесплатно! Провери кај овие отпадиве за ТВ во Ск имаше ГРУНДИГ ТВ со ова коло,да не се наоѓа некоја шасија.
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: LordZi on 02.02.2011, Wednesday, 17:31:22
Ако најдеш некое од овие кола (посебно ако ги одлемуваш од негде) пази, пошто се осетливи на статички електрицитет, имаше во некој SAM од осумдесетите коло за каснење со овие интегралци и го имам запамтено баш тој податок ;) :)
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: GigaWatt on 02.02.2011, Wednesday, 18:35:51
Баш гледам дека TDA1022 е нешто како замена за ова коло, само што наместо 1024 кондезатори има 512, исто како и SAD512, баш го најдов на еден форум како замена за некоја шасија на Grundig ;). Не е директна замена, ама со две вакви кола и неколку минимални екстерни компоненти може да биде замена ;). Може TDA1022 да се најде кај нас?

Споено мислење: 02.02.2011, Wednesday, 18:47:24
Тешко да најдеш,ама ке погледам деновиве да не имав еден модул со САД 1024 ,цела плоча од аналоген делеј со 6 глави ( мислам ПИ-ВИ беше).Ако ја најдам ја добиваш бесплатно!

Фала, ако најдеш, супер, баш ќе имам со што да експериментирам ;).

Ако најдеш некое од овие кола (посебно ако ги одлемуваш од негде) пази, пошто се осетливи на статички електрицитет, имаше во некој SAM од осумдесетите коло за каснење со овие интегралци и го имам запамтено баш тој податок ;) :)

Фала богу, ќе гледам да пазам, не е ова 555 па да ги има илјадници да се купат ;D. Сепак, фала што ми кажа дека не знаев дека се осетливи на статички електрицитет, добро е да се знае ;).

Провери кај овие отпадиве за ТВ во Ск имаше ГРУНДИГ ТВ со ова коло,да не се наоѓа некоја шасија.

Барав на net, ама не најдов од која шасија е :S. Да најдам, сигурно ќе побарам на отпад, вака не знаејќи која шасија да ја барам :S, не верувам дека ќе најдам :S.
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: Devil on 02.02.2011, Wednesday, 20:29:28
да пишеше побргу ќе ти ги порачав од алфа да ги купат, само што ќе те фатеше малку поскапо ..
до денес да ми кажеше ќе му речев ке ги донесеа, денес му одеа колку што разбрав нарачките за роба :(
па кај што ќе порачав за тебе ќе земев нешто и за мене :)
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: GigaWatt on 02.02.2011, Wednesday, 20:44:25
да пишеше побргу ќе ти ги порачав од алфа да ги купат, само што ќе те фатеше малку поскапо ..
до денес да ми кажеше ќе му речев ке ги донесеа, денес му одеа колку што разбрав нарачките за роба :(
па кај што ќе порачав за тебе ќе земев нешто и за мене :)

Па денес пишав, хахахаха ;D ;D ;D. Ај нема везе, ако најдам, ОК, ако не, тоа е тоа :S. Не е проблем и малку поскапо да ги платам, ќе ги платам, само да ги има ;).
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: deophorant on 02.02.2011, Wednesday, 21:17:53
А зошто не го правиш ова во дигитален домен? Таму границите се само човековата имагинација, ама баш буквално што сакаш тоа можеш да направиш, а за обично доцнење не ти е ни потребен јак процесор,  немора со DSP, тој е доста моќен за оваа работа. И самиот кажа, на денешницава се се прави во дигитален домен, со квалитет далику поголем од тие аналогни линии за доцнење.
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: GigaWatt on 03.02.2011, Thursday, 13:59:12
А зошто не го правиш ова во дигитален домен? Таму границите се само човековата имагинација, ама баш буквално што сакаш тоа можеш да направиш, а за обично доцнење не ти е ни потребен јак процесор,  немора со DSP, тој е доста моќен за оваа работа. И самиот кажа, на денешницава се се прави во дигитален домен, со квалитет далику поголем од тие аналогни линии за доцнење.

Намерно сакав да биде целосно аналогно, „сајзерот“ што го работам е целосно аналоген и изработен со дискрети компоненти (транзистори, подискретно од тоа... амин ;D), и да му додадам DSP на тоа... :S. Не оди :S. А инаку може со еднобитен DAC и ADC и линија за доцнење (бафер) да се изведе многу лесно, но тоа не ми беше поентата ;). Плус, не сум голем обожавател на дигиталниот звук, дигитализација на снимки е ОК, но се додека оригиналната снимка била на лента ;).
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: deophorant on 03.02.2011, Thursday, 19:34:10

Ама зошто аналогно??? Сега има доста евтини кодеци, 24bit, 300ksps, тоа неможе да го постигне нитуедно аналогно коло за доцнење, кои патем ке имаат по најмалку 3-4% THD и огромен шум. А патем изворот на сигнал ке ти биде во секој случај дигитален со 12bit, 44.1ksps. па сега што е квалитетното. А и со аналогниот дел ке направиш огромна плочка, кај која ке се појават многу шумови, индукции па дури и некои осцилации, и ке има доста големо THD ако го правиш со транзистори, па поставување на ненормални повратни врски за стабилизација и линеаризација, па диференцијални степени каде што небива поинаку, па термичко спојување за одржување на константна струја. Тоа не е воопшто едноставно да се направи да звучи добро, а зошто сето тоа кога има едно коло кое врши работа за се со 50 пати подобар квалитет (има операциски со 0.0001%THD  и 1nV/sqrt(Hz)). Така да не ја усложнувај без потреба, ке изгубиш многу време и живци и пак ке прејдеш на полесното, поевтиното и поквалитетното решение.
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: GigaWatt on 03.02.2011, Thursday, 20:43:36

Баш поради причините кои ги наведе го правам аналоген ;). Бидејќи веќе се е дигитално, јас сакам да направам аналоген „сајзер“ со delay и еветуално echo, со некоја hal спирала ;). Не ми пречи тоа што ќе потрошам повеќе време и нерви, важен ми е крајниот резултат, кој сакам да биде дизајниран како да е изграден пред 40 години ;).
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: deophorant on 03.02.2011, Thursday, 20:52:26

Аха, сатисфакција, свакам :)
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: batka on 04.02.2011, Friday, 18:16:45
Очигледно не свакаш  ;D ;) И јас сум како Гига - се отепав еден ВОКС АЦ 30 да средам,па само натписот да мо го изрежат со ласер-гравер платив 10 ЕУ !  :D :D ;)
Се ла ви!
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: SKOLS_OLD on 04.02.2011, Friday, 18:19:49
кај си го нашол тој гравер ласерски?
Title: Одг: SAD1024, SAD512, ги има ли некаде да се купат?
Post by: batka on 04.02.2011, Friday, 18:25:35
Има една фирма во Велес.Работат за себе (или за по некој пријател од страна), не вршат такви услуги.Инаку го земаа преку мојата фирма,Се мислев и  јас едно време, ама  е малку солено (6500 ЕУ), не се вади лесно таа пара на ситно. :o