Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: bicikle on 27.01.2011, Thursday, 04:22:09

Title: Ми треба помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 27.01.2011, Thursday, 04:22:09
Пред некој ден го извадив радио-касетофонот т.е. радиото, затоа што е на касети, а за жал којзнае кај ми се касетите, па сакам да го проврзам на пц за да го користам за низ дома, бидејќи сум студент да не тегнам појачала и друга опрема, нема смисла, идејата ми е да го корристам како појачалце, со 2 звучничиња. За напојување - од компјутер оддвоено значи не на истот компјутер. Е сега бидејќи нема аудио ин планирам главата за читање да ја одстранам, и жиците што се на неа да ги поврзам со излезот од компјутерот, па дали може така, или има некој подобра идеа?
Title: Одг: Помош за поврзување на ради-касетофон со л
Post by: batka on 27.01.2011, Thursday, 07:57:11
Порано,додека немаше радио-касетофони со ЦД,правевме *финта* како ЦД  уред да приклучиме на касетофон.Идеата е следна : земаш глава од друг касетофон и една касета која ке ја растуриш.Се вади лентата само,се става другата глава на местото каде лентата  налегнува на главата.Значи да биде глава на глава.Касетофонот се пушта на репродукција и се подесува втората глава да налегне добро канал на канал.Главата во касетата се прицврстува со лепак,течна пластика.. и на неа се врзува кабелче преку кое се внесува сигнал. Вака можеби од прва не е јасно,ама прочитај го внимателно начинот и ке сватиш што е поентата.Главата во касетата треба да е од *плитките* за подобро да се смести во празниот дел.Значи касетата со главата се става ,се пушта репродукција и може да се вклучи МП3 или ПК,а да не го растураш касетофонот т.е да може и понатаму да свири касети.
Title: Одг: Помош за поврзување на ради-касетофон со л
Post by: Ilcebt on 27.01.2011, Thursday, 08:54:25
Еве нешто како што кажа batka подолу:

(http://web2.kis.lt/uploads/catalog/images/26534-1.jpg)

Едит: bicikle средиго насловот додај му: Ми треба помош за поврзување на ради-касетофон со л
ќе ти викаат од администрација или некој ќе помисли дека ти пишуваш за помош на некој друг ;) :D извинете за офф топик ;)
Title: Одг: Помош за поврзување на ради-касетофон со л
Post by: LordZi on 27.01.2011, Thursday, 10:07:35
Убаво ти кажа Ilcebt, вакви адаптери има по пазарите за некои 150 денари, јас користам таков за поврзување МП3 плеер на касетофонот во кола и супер си функционира ;)
Title: Одг: Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 27.01.2011, Thursday, 10:53:43
Ако сакаш да го извадиш „максимумот“ при транспортот на аудио сигналот, ќе го најдеш каде е декодерот и засилувачот за сигналот од касетите/магнетната лента (не е баш декодер, ама во моментов не ми текнува поадекватен термин ;D). Кога ќе го најдеш интегриранот коло кое го врши декодирањето/демодулацијата на аудио сигналот (кај поновите радио-касетофони, од 90-тите па нагоре, декодирањето/демодулирањето на податоците од аудио лентата најчесто се врши со само едно интегрирано коло, а потоа аудио сигналот се праќа на некаков аналоген или дигитален преклопник и од таму потоа линеарниот аудио сигнал се носи на аудио сизасилувачот), ќе симнеш datasheet од колото и ќе видиш на кој пин го дава стерео аудио сигналот. Преку два кондензатори (од околу 47nF до кај 100nF) ќе го пратиш твојот аудио сигнал место тој од главата за читање на радио-касетофонот. Ако веќе не користиш касети, можеш и да го извадиш интегрираното коло (освен ако од неговата работа не зависат и некои околни компоненти ;)). Јас така имам направено со еден стар линеарен систем (грамофон, касетник и радио), само што моментално му е изгорен засилувачот, па не е во употреба ;D.

Или, ако не ти е многу битен квалитетот на звукот и ако сакаш поедноставно да биде, можеш да направиш како што ти кажаа batka и LordZi ;).
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 28.01.2011, Friday, 22:33:18
Значи звукот на лентаљта е кодиран? Јас мислев дека е само намагнетизирана па врвејќи покрај главата се индуцира слаб звук, кој понатака преба само да се засили...
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 29.01.2011, Saturday, 04:59:16
Значи звукот на лентаљта е кодиран? Јас мислев дека е само намагнетизирана па врвејќи покрај главата се индуцира слаб звук, кој понатака преба само да се засили...

Не не, во право си за принципот на работа ;D, само што во моментот не ми текнуваше поадекватен термин па пишав кодиран на неколку пати (иако пишувам дека терминот „кодран“ не е баш најадекватен термин за овој тип на пренос на аудио сигналот ;)). На некој начин, е демодулација, но не и декодирање ;).
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 29.01.2011, Saturday, 06:09:43
ааа.
А ова со касетава и со друга глава нешто како трансформатор му иди. А да пробам да го врзам преки 10к отпорници ?
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 29.01.2011, Saturday, 06:42:53
ааа.
А ова со касетава и со друга глава нешто како трансформатор му иди. А да пробам да го врзам преки 10к отпорници ?

Не е баш толку едноставно... подобро најди го мдулот кој го демодулира сигналот од главата на касетникот и „деактивирај го“ (извади го ако можеш), па после додавај каков сакаш тип на линеарен аудио сигнал ;).
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: daniel spasovski on 29.01.2011, Saturday, 12:15:49
Најди шема за касетофончето за да го најдеме изворот на сигналот  ;)
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: Bojan on 29.01.2011, Saturday, 13:49:55
имаш ли некоја слика од внатрешноста на касетофонот???види дали има некој интегриран засилувач од типот на ТДА или некој сличен, ако има таков види во даташитот кој му е влез, прекини му го тој вод што носи сигнал на влезот од интегралецот и наместо тоа залеми му жичка од која што ке му носиш сигнал од компјутерот...
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 29.01.2011, Saturday, 14:21:13
 да да има повеќе тда, ќе вида ќе проба за сите ќе побара.
Фала на сите

Споено мислење: 29.01.2011, Saturday, 14:23:16
Најди шема за касетофончето за да го најдеме изворот на сигналот  ;)
Инаку од голф 3-ка(1996) е што идит во сериска опрема касетофонот
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 29.01.2011, Saturday, 16:34:11
Најди шема за касетофончето за да го најдеме изворот на сигналот  ;)
Инаку од голф 3-ка(1996) е што идит во сериска опрема касетофонот

А за него шема малку потешко :S. Подобро следи ги водовите на аудио сигналот и види каде тоќно поминуваат водовите за аудио сигналот од касетата. Прво треба да одат до некое коло кое е интегриран аналоген прекинувач или некој вид на мал контролер, па после сигналот се носи кон засилувачот. Епа пред да дојде сигналот до аналогниот прекинувач (или контролер, кое и да е колото), освен ако нема механички прекинувач со кој се менува влезниот сигнал на интегрираниот засилувач, прекини ги водовите (би требало да се три, маса, лев и десен канал) и место сигналот од касетата донеси му сигнал од MP3 плеер или што и да е и види како ќе функционира ;). Најверојатно ќе мораш да го активираш тој влез со ставање на аудио касета во касетофонот (за да мисли касетофонот дека има касета во касетникот и да го активира тој влез), или ако сакаш рачно да го преправаш селото радио, можеш и со надворешен прекинувач да го актиираш тој влез од радио-касетофонот ;).
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 29.01.2011, Saturday, 16:52:09
Е да има едно интегрално, највероватно тоа преместува радио/касета, инаку масата од сигналот ја врзав за маса од радиото, и "шетав" по водовите со +-от од сигналот преку отпорник, некаде имаше звук, ама волуменот и тон контролите не фукнкционираа. Башка тоа најверојатно има некој си код радиото, така да као не е во близина клучот од колата не фукнционира, т.е. излага некое си "safe" така да најверојатно ќе ја извадам тда-та т.е. интегралниот засилувач на башка плочка ќе ја направам.
Сепак фала на сите, ако ништо повеќе научив нешто околу радијата  ;)

Споено мислење: 31.01.2011, Monday, 05:02:39
Во радиово пред интегралниот засилувач има едно тда7313д. На него се врзани тон контролата и лоуднесот. На неговиот излез на 23-24-ти пин кога ќе врзам + од аудио сигнал свири, но дали може да се врзи аналоген сигнал на ова коло, и каде? исто така каде е напојувањето на ова коло ?
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-ка&
Post by: borce on 05.02.2011, Saturday, 03:43:16
Излезното интегрално најлесно се наоѓа бидејќи е најмасивно и на него има некој ладилник или е прицврстено на шасија за одведуванје на топлината по тоа ќе го препознаеш прочитај од него за кое коло се работи и на интернет кје најдеш податоци за него и ќе видиш на кој пинови се влезовите на нив мора да има спрежни кондензатори ,ќе ги откачиш спротивните страни од интегралното и на тие места ќе ги залемиш жешките водови од кабелот за довод на сигналот ,кабелот за довод на сигналот треба да виде оклопен ,вака ќе го користиш засилувачот од касетофонот доколку гласот го регулираш на лаптопот, а ако сакаш глас да регулираш и на касетофонот тогаш ќе го најдеш потенциометарот за регулација на глас и ќе ги одлемиш двете жици кои се спротивни од масата и на нивно место кје ги поврзиш жешките водови од кабелот па така ќе имаш регулација и на касетофонот и на лаптопот,а ако потенциометарот е на плоча тогаш можеш спротивнте страни од масата да ги прекинеш и на нивно место да ги залемиш жешките водови а оклопениот дел од кабелот на маса на потенциометарот вака сигурно ќе работи.
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 05.02.2011, Saturday, 14:44:03
Во радиово пред интегралниот засилувач има едно тда7313д. На него се врзани тон контролата и лоуднесот. На неговиот излез на 23-24-ти пин кога ќе врзам + од аудио сигнал свири, но дали може да се врзи аналоген сигнал на ова коло, и каде? исто така каде е напојувањето на ова коло ?

Еве ти datasheet за колото ;).

Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/T/D/A/7/TDA7313.shtml
Колото е дигитално контролиан аналоген пеклопник заедно со loudness и bass, treble, volume контола ;). Распоред на пиновите е следниот:

пин 2 = Vdd

пин 3 = GND (ва е глобален GND, важи и за аудио влезовите)

пинови 9, 10, 11 = влезови за R сигналот (сигналите од десниот звучник), тука се носат сигналите за влез на десниот звучник од радиото или касетата, можно е во твојата ситуација да има еден неискоистен од овие ;)

пинови 13, 14, 15 = влезови за L сигналот (сигналите од левиот звучник), тука се носат сигналите за влез на десниот звучник од радиото или касетата

Види по кој од овие водови се движи сигналот од касетникот, ова можеш да го направиш со помош на сигнал трасер ;). Потоа прекини го тој вод и место сигналот од аудио касетата донеси на влезот линеарен аудио сигнал од MP3 плеер или лаптоп ;). Можно е да треба да додадеш спрежен кондензатор за сигналот, мада ако му зададеш заедничка маса за аудио сигналот и (заедничка маса да имаат аудио сигналот од MP3 плеерот и радио-касетофонот, само взи ја масата од левиот и десниот на пин 3 од колото), најверојатно нема да ти треба ;).
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 06.02.2011, Sunday, 23:01:50
Да да пробав така, откако донесов + на  муте свири. Сигналот го донесов после тоа интегрланото кое е еквилајзер, така да не работи еквилајзерот. е сега муабетот ми беше ако може да се искористи еквилајзерот ако не така ќе го користам. т.е. веќе го користам така....
Title: Одг: треба ми Помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 07.02.2011, Monday, 01:34:00
Да да пробав така, откако донесов + на  муте свири. Сигналот го донесов после тоа интегрланото кое е еквилајзер, така да не работи еквилајзерот. е сега муабетот ми беше ако може да се искористи еквилајзерот ако не така ќе го користам. т.е. веќе го користам така....

А сигналот од касетата и радиото (зависи кое е одбрано во моментот) поминува низ еквилајзерот? Бидејќи ако поминува, би требало еквилајзерот да биде поставен после ова коло и пред засилувачот ;). Значи, следи ги водовите за аудио сигналот од касетникот и одкако ќе се добие линеарен сигнал од касетникот, види водовите кон кое коло идат, па место тој сигнал, пекини ги водовите и стави си твој сигнал ;) (MP3, CD, што и да е).
Title: Одг: Ми треба помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 07.02.2011, Monday, 08:05:21
еквилајзерот е одма пред засилувачот, ваљда е и како предпојачало. Е сега барав за него даташит пишува дека е дигитален, смао не го разбрав баш добро. Интегралното од еквилајзерот го пишав погоре. Е сега не го разбрав добро, што му е ова дигитален, дали треба дигитален влез, кои му се пиновите за напојување. Го ставив навлез сигналот од  лаптоп ама ништо, нема ништо на звучник.
Title: Одг: Ми треба помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: GigaWatt on 07.02.2011, Monday, 13:45:45
еквилајзерот е одма пред засилувачот, ваљда е и како предпојачало. Е сега барав за него даташит пишува дека е дигитален, смао не го разбрав баш добро. Интегралното од еквилајзерот го пишав погоре. Е сега не го разбрав добро, што му е ова дигитален, дали треба дигитален влез, кои му се пиновите за напојување. Го ставив навлез сигналот од  лаптоп ама ништо, нема ништо на звучник.

Вака сега, ако зборуваш за TDA7313, да, тоа коло е дигитално контролиран предзасилувач со аналогни прекинувачи за аудио сигналот кој му доаѓа на влез, со дигиталните влезови не мора да се замараш, тие се контролирани (претпоставувам) од MCU-то/CPU-то на радио касетофонот и се наменети за контрола на колото, не и за давање на аудио сигнали на влез.

Значи, за да го активираш влезот за касета, треба да ставиш касета во касетникот. Ова се разбира е наједноставниот метод, и всушност тоа ќе ти биде „прекинувачот“ за да функционира аудио влезот за касети на радио-касетофонот. Ако сакаш малку да комплицираш, можеш да видиш кој порекинувач/миркопрекинувач (или повеќе, ако ги има) се преспојува при ставањето на касетатат во касетникот и види дали можеш да го „емулираш“ истиот ефект со само поставување на прекинува место тој микропрекинувач (или тастер, што и да е). Значи место него, постави некој прекинувач и види дали на дисплејот на радио-касетофонот (претпоставувам дека има дисплеј, не верувам да е до толку стар, сепак, има дигитално контролиран предзасилувач) ќе испише како да е активен касетникот (најчесто пишува TAPE). Е сега, со самото активирање на TAPE влезоот, најверојатно некој од пиновите за влез на аудио сигнал на колото TDA7313 е активен, т.е. спремен да прима стерео сигнали не неговиот влез (пинови 9, 10, 11 се за влез на сигнал од десен канал, пинови 13, 14 и 15 се за влез на лев канал, колото има глобален GND за сите, а тоа е пинот 3 од колото). Значи кога ќе биде активен TAPE влезот од радио-касетфонот (ова најдорбо е да го пробаш со ставање на касета во радио касетофонот бидејќи можно е повеќе од еден микропрекинувач/тастер да се активираат и да даваат сигнал до MCU-то при ставање на лента во касетникот и да почне да врти, да се активира play функцијата, па може и да не функционира „тој и тој“ влез на TDA7313 ако не врти лентата во касетникот), пробај донеси сигнал на некој од овие пинови, GND за сигналот ќе ти биде пин 3, а сигналот го носиш на пинови 9, 10, 11 и 13, 14, 15, па види што ќе се случи (всушност, кои од овое парови на плезови е активен, мислам дека пар беа 9 и 13, 10 и 14, 11 и 15). Притоа, не го прекинувај водот за сигналот од касетата, ако на излез даде некаков си звук од лентата, а ти притоа имаш приклучено и сигнал од лаптоп/MP3 плеер на некој од влезовите од колото, најверојатно сигналите само ќе се „измиксаат“, ништо повеќе од тоа (мада не можам да ти гарантирам, некои кола се осетливи на повратни сигнали, како на пример аудио картици од лаптопи, така да јас ова би го пробувал преку некој импровизиран аудио предзасилувач изведен со некое TL коло или 741, ако случајно се злучи да изгори нешто, да изгори предзасилувачот, а не аудио картицата на лаптопот ;)).

Мислам дека сега појасно е, пробај како што ти реков, би требало да имаш резултати ;).
Title: Одг: Ми треба помош за поврзување на ради-касетофон со лаптоп
Post by: bicikle on 08.02.2011, Tuesday, 09:04:46
Фала многу, ќе пробан деновиве па ќе видиме што ке направам  :)