Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: Cyberking on 27.12.2009, Sunday, 02:49:40
-
Сакам да направам Фм предавател со домент барем 3-4 км...потребно е да ми дадете шема ...добра и малце повеке инфо околу изработката снаабдувањето со делови...и слично ...каква анетна треба на кое место...ако нешто не ви е јасно со прашањево или ви треба повеке пишете во темава . поздрав
DX-er: насловот на темата гласи "Фм Предавател" што според правилата за постирање е лош наслов, па затоа темата ја преименувам во "Барам шема за Фм Предавател за 3-4km"
-
Може и да се претставиш :) , и после идеме на прашашето.
Има неколку типа (и шеми) на предаватели на форумот од 250mW до 4W и ќе се фатат на таа далечина со добри антени. Пиши за што ти треба.
Сепак се работи за по едноставни предаватели. Има и по сложени како Вероника PLL ако ти треба за професионално.
-
зависни од квалитетот на сигналот, за што ќе го користиш ?, ако е онака за зафрканција не ти треба некој посебен, но ако планираш да се занимаваш со радиостаници, предаватели радија глупости ќе ти треба по квалитетен, пошто сигурно нема да сакаш на сите страни да се слуша :)
-
не го плаши човекот не е до толку, ке направи П филтер, а за хармоници секој ги има. Скај радио од Скопје врие од хармоници а еден па го слушам на ТВ на 8ХХMHz (UHF)
За професионална работа не му е ;D
-
хех ..навистнина заборавив да се претставам...се викам Александар ..од Гостивар:)...Форумов ви е супер...инаку вчера листав...низ темите најдов неколку предаваатели ама никаде не пишуваше колку е домет...предавателот ми треба за радио на фм фрекфенција...ме интересира каква антена ке треба..на клолку волти ке работи ...и како да ја најдам фрекфенцијата на која ке се емитува..?
-
Доколку сакаш да направиш нешто по едноставно но снажно би ти препорачал два предаватели од кој едниот е супер прост за изработка и према спецификациите нуди 250mW а доколку емитуваш на отворен терен би се фатил на 4-5km (барем јас сум тестирал со послаба снага на таа далечина)
Вториот е 4000mW кој се продава или продавал во грчија како кит комплет и само да го склопиш и да го пуштиш. Па сега ти избери...
За овој према авторот на шемата ти е потребна само една жица како антена
Првиот http://elektronika-mk.net/index.php?topic=336.0
За овој ти е потребна дипол антена за ФМ кој сам може да ја направиш
Вториот http://elektronika-mk.net/index.php?topic=288.0
За напојување ти е потрбен стабилен и исфилтриран напон од 12-13,8V но може и на 28V (излезниот степен)
За делови не знам на која локација во твојот град може да се купат, ако веке знаеш каде би можел да ги купиш би ти било по лесно :) ако имаш било каков проблем или потешкотија при изградбата слободно пиши
-
сеа види вака...ми треба за емитување низ град...значи секој дома што има радио даа пушти и да ме слуша..инаку живеам во зграда на 6ти кат
највисоко така да зградата е една од нормаллно високи згради во градот...мислам дека ке фака...а ова не се исплака до Грција да одам за да го купам..комплетотт ...:S
-
ако правиш линк на 4-5Km првиов ке ти брка работа а ако сакаш да го покриеш градот тогаш вториот предавател. Дечките ја прецртале таа шема од оригиналот и ја закачиле на нет. Така да нема проблем
-
не разбирам како во линк?
-
Нема врска, нема врска, за твојата намена го правиш овај (поедноставен, 2W):
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0)
Или овај (посложен, 4W):
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=288.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=288.0)
Дометот ќе биде добар ако ставиш дипол или уште подобро Ground Plane антена највисоко на зградата:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=308.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=308.0)
Не очекувај дека ќе се фаќа во секоја куќа во градот внатре. Надвор на патот ќе се фаќа веројатно и во колите секаде, ама за да се фаќа јако и по дома ти треба 50W сила и повеќе а тоа е скапо и сложено. И пази да не ти дојдат на кафе дечките од Контролно Мерен Центар :)
-
Еве Борче ти даде + уште еден. Сега имаш 3 да бираш ;) само како што ти кажа колегата, сигналот ке се слуша низ целиот град (секаде каде што се гледа антената) а голема е веројатноста и на делови оа Попова Шапка да се слушаш.
Денес е касно ама утре ке ти нацртам каде би се слушал твојот сигнал.
-
Ке сликам од Google Earth ке ти покажам каде точно се наогам :)!
(http://pic.mk/images/untitlvrv.bmp)
-
Замисли дека црниве се згради кои ги гледаме од горе а таа нај десно е од каде се емитува сигналот.
Значи тука е претставен 1 правец на движење а ти ке имаш 4 правци односно 360 степени круг.
(http://pic.mk/thumbs/dvizenxtx.jpg) (http://pic.mk/?v=dvizenxtx.jpg)
На супер локација и ако гледаш накај поголемиот дел од градот нема да имаш проблем да го покриеш
-
Скоро сум на центар од градот ...а од балкон имам поглед кон целиот град...одозгора..
инаку сега...кажи ми што делови треба да земам и отприлика горе доле цена колку ке ме кошта...
-
Тогаш нема проблем, Ти за кој предавател се одлучи?
-
Вака првиот ми изгледа дека има повеке мака за изработка и не исплатлив е...читам се загревал нешто...единствено ми преостанува за вториот но се двоумам за стабилностса,и функционалноста....но повеке би се одлучил за вториот...сега никогаш не сум изработувал ништо...значи немам лично искуство...исто така ме интересира како ке емитувам од него музика...на него треба да се приклучи цд плеер...ии како ке ја најдам фрекфенцијата на која се емитувам...дали насекаде во градот ке биде истата фрекфенција ....
исто така ме интересира за деловите...дали на плочката ке биде обележано кое каде ...ке биде спремна...само да се поврзат....значи ако можеш околу овие работи да ми одговориш...:)
-
Како што видов, со 4W не ме чуди ако се слушаш на Шапка и во Тетово на 24km
Е сега секој предавател грее и тоа да не те чуди но затоа ке купиш ладилник од алуминиум.
Може да биде делумно стабилен предавателот на пример местиш на 100Mhz ама да шета до 100.05 и назад. Апсолутно стабилен предавател нема, единствено можеш да му направиш додатен склоп кој се вика ПЛЛ и со него ке се стабилизира и нема да мрдне. Тоа што не си изработувал ништо е вистински проблем. Пушташ музика од што сакаш не е проблем може и од компјутер... а фрекфенцијата ке е иста секаде. Плочката треба сам да си ја направиш или да ти ја направи некој пријател што знае да прави а ако си обележиш ке ти е полесно. Во Гостивар не знам каде има продавници за делови.
-
Имаше но веке не професорот нешто ми рече дека имал и тој некој предавател ...т.е. шема за на фм фрекфенц.и дека било инзвонредно нешто...дека ке го фака градот без проблем...а за делови ми рече дка ке ми даде адреса во тетово имало продавница и дека се тоа ке ме коштало 5-6евра без два транзистори ...а тие транзистори коштале 5евра еден...околу 1300ден би требало да кошта се...е сега утре треба да ми донесе шема и да ми објасни што како....
-
може, разгледај ја и стави ја да видиме за што се работи ;)
Тие транзистори се многу скапи, јас имам еден кој што воопшто не е употребен и не е лемен не за 5 евра туку за 2 евра би го продал оти не ми треба.
-
Ај да видам шо ке бидне утре може ке ти го купам....иначе од кај си ти ?
а плочата од што треба да биде изработена како се прави?
-
Плочката не е лесна за правње, треба прво да се отштампа со шемата која би ја правел а потоа истата се става во раствор за да се обработи и се буши. Но нај голем проблем кој и јас го имам е тоа што сликите со шемата ги ставам во Word за да ги штампам но ако подесам да бидат 10х15cm кога ке отштампам ке бидат 9,2х14,3cm и тоа не знам како да го решам.
-
На кои места може плочката да ми ја направат ?
-
Дома сам а има и некои гравари и тие гравираат такви работи но тоа ни јас не знам каде има
-
разгледај по форум има постапики како се прават плочи не е толку тешко нешто ( не го плашете човекот )
можеш доколку сакаш сам да си црташ плоча 1:1 па ќе биде таман нема да е како што тикажа членот да излегува помала или поголема
програми има повеќе јас би ти ја препорачал Sprint Layout 5 има на форумов има и крак за истата, лесна е има голем фонд на делови, а ако нема нешто лесно се прави :)
добро е тоа што откако ќе се испечат излегува во реални димензии ( 1:1)
за фреквенцијата
значи таа е стабилна, низ цел град ќе ја имаш истата нема да бега многу
сигнал можеш да пушташ од што сакаш не е тоа проблем
ти останува да најдеш шема и да видиме како што ако имаш некои потешкотии
друго треба да пазиш на овие од АЕК пошто ако те фатат не легално да користиш некој канал готов си, ќе ти го одземат предавателот, а и казна може да ти пишат
-
А на кој начин да се пазам да не ме фатат...и дали може антената да ја ставам на таван да не ја гледаат овие како АЕК ...нез инаку како да се пазам...а дали има начин некој да глеам колку слушатели имам во моментот?
-
како да се пазиш.... ќе си уплатиш на нивна сметка колку треба ќе ти дадат лиценца со која ќе можеш да работиш, а за криење на антената не ти помага тоа хехе
имаат радиогонометри , не мора да ти ја гледаат антената го скенираат цел град и гледаат од каде иде зрачењето па после со полиција и судски извршител ти идат на врата
а за тоа колку слушатели имаш во моментот мислам дека нема да можеш
-
Види ако сакаш да направиш предавател како нас за да го чуваш од мерак ОК ама ако ти е за користење е тогаш е опасно.
-
Па нормалноо како што кажав горе за користење ми е...за радио не ми е за украс толку пари да дадам :S
Post Merge: 30.12.2009, Wednesday, 10:46:08
А што е опасноста?
-
ти пишав погоре ти треба дозвола од агенцијата за електронски комуникации (АЕК ) за користење на одреден опсег на фреквенции, тоа се плаќа
повеќе инфо може да најдеш тука
http://www.aek.mk/
-
Не бе за тоа мислев..да не се оштети да не цркне предавателот на таква опасност...иначе овие од аек...за колку време може да те фатат?
-
е тоа е прашање ...
никогаш не знаеш кога скенираат
а за цркнување немај гајле не се дешава тоа
-
колку време отприлика им требаа да ме фатат 1 нед. месец..?
-
од прилика зависи колку ќе зрачиш, дали ќе се мешаш на платени фреквенции, дали ќе рекламираш, односно има профит од тоа, доколку имаш прејак предавател и да зрачи на големи далечини
-
Ако имаш слабо предавателче што го фаќаат само во околина од 1км можеби никогаш нема да ти „дојдат на кафе“ но доколку зрачиш низ цел град (убава антена високо поставена) веројатноста да те посетат во рок од месец, два или три е реална.
-
замислете кога ги немаше тие аек пред 2002 година, абе етерот беше полн со пиратски радиа, ги имаше толку многу нив во македонијава. Во Скопје општо кажано нај популарно радио (од сите) беше Радио Енерџи на 99,6MHz и имаше повеке слушатели одколку антена5 (мое мислење) се правеа контактни емисии во живо и се примале некогаш и по 1000 пораки на ден од слушатели. Одеднаш се изгуби и ние едноставно немаше што да слушаме бидејки на ниту едно радио не се пушташе толку многу македонска музика а во тоа време имаше мноху хитови + скоро цел ден емисии. Дури сега дознав дека радиото било пиратско.
Значи ако правиш предавател од мерак можеш да си направиш е сега за тестирање не знам дали е ризик? Но за користење како радио станица е ризик.
-
Тоооо мајсоре! Радио Енерџи со Шојка!!! Јеее, какви емисии беа тоа љубовни зафрканции еј, ЗАКОН! Јас тогаш бев студент (2000та) и го слушавме секој ден Шојка беше закон. После се префрли во радио Емџи ама не смееше да зборува толку глупости и после го снема. Штета. Гледај молимте луѓето колку многу правеа од кејф, немаше ни една реклама (немаше потреба) а имаше 100.000 слушатели сигурно. А сега ако плаќаш лиценца годишно значи по автоматизам мора да пушташ еден куп реклами (видете молимте антена 5 што се случува) и „квалитетни“ емисии а со тоа губиш слушатели и ти стануваат ефтини рекламите (дури и не се рекламират) и мораш да затвориш. Зачаран круг :)
-
Да така е, тоа радио беше многу слушано, не само по дома туку и во автобуси, трговски центри, кафичи... навистина беше супер. Шојка се однесуваше баш демократски во права смисла бидејки си збореше баш она што и мисли без да има "влакна на јазикот" и беше многу интересен. Шојка и денес е добар, народен човек ама не е толку опуштен. Иначе предавателот им бил 500W :)
-
Cyberking што направи со таа шемата?
-
Немам контактирано со професорот дека на распуст сме сега неможам да го најдам...:S Ке видиме сега кога ке почниме школо само ми викаат дека немам услови за тоа...ке ми фаќало во околкните куќи зградата ми била малце повисока од останатите работи ,30м зградата 20-25 меетри куките И остало незанам ме предомислуваат да го изработам зошто тоа ми е за потреба значи во денот треба да работи 10-12тина часа... :S:S:S незнам ни како ке биде изводливо ..
-
BUMP! Решение?
-
чекаме шема од тебе ако ја добиеш шемата пиши
а ако сакаш некој друг предавател види во темава
http://elektronika-mk.net/index.php?board=23.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?board=23.0)
-
Cyberking темата ти е тука. Што бидна со предавателот и со шемата од професорот?
-
Преска бев школо разговарав и испадна дека ја има истата шема што ми дадовте тука....тоа е
за предавателот од 2W ,вие што викате дека доволно би било да дава и 500mW
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0)
Сеа незнам што да правам,тој ми вика собирај делови за овој ,иначе му ги покажав и останатите викаше дека скапи биле транзисторите и тешко се наогале ...:S
-
па да, види предавателот од 2W е релативно евтин со исклучок на тие 2 транзистори кои се по 100 денари НО наместо нив можеш да ставиш 2N3866 кој е накај 60 денари.
Е сега ти ако се решиш да го правиш ке ти помогнеме за тоа :)
-
Не е проблем за 100ден разлика и 150нека се..кажи кој се подобри и кој ке биде дометот со ова чудо,ми рекоа не требало антена за ова..и дали можам ова отпорници и кондензатори да извадам од некои други плочи пример(радија,токи воки имам некои дома...ако најдам баш со истиве цифри :))???
-
ти можеш да извадиш тоа што викаш ама па тие делови се по 2-3 денари а транзисторите се по 100 денари кои не можеш да ги најдеш од нешто старо. За променливите кондензатори не знам дали можеш да ги најдеш од некој уред. Е сега да не те разочарува тоа колку W е оти ако имаш видливост и со 100mW ке се слушаш на 3km
-
можеш делови од се да користиш не е проблем тоа, антена ... за убав сигнал голем домет и тн. најубаво е да си направиш Ground Plane , предност е лесно се прави и таман е за предавателите
( види тука http://elektronika-mk.net/index.php?topic=308.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=308.0) )
а за транзисторите ќе ти каже некој друг не сум јас мн. по РФ
-
Не ме земај за збор ама мислам дека тука некаде се во реална снага и тие и тие транзистори а според спецификации тие што се на шемата се по 2,5W ама ти викам ова е од мое искуство што не значи дека секаде ке се покажат исто. Него да знаеш парче е 100 денари да се купи а тебе ти треба 2 :)
-
А знаеш кај можам да најдам овие делови да разглобам нешто кондензаториве и отпорнициве и што се овие
D1=B204
D2=BILO KOJA
i
R1 = 4K7? (K7 што значи?)
-
Него да знаеш ке ти требат 2 варикап диоди кои мислам дека се по 50 денари ама не ме фаќај за збор, ги имаше во логинг по околу 40тина денари ама потрошени се, а на D2 вика каква било значи секаква освен варикап диода :) Грубо кажано поскапиде компоненти се околу 400 ден.
Значи одбери шема направи прорачун дали би дал толку пари размисли и купи делови и плочка и полека полека почни да го правиш а во текот на градбата ако имаш нејасни работи слободно ке не прашаш.
-
D1 е диода тоа после еднаквото е типот во наш случај BB204 варикап диода ( диода со променлива капацитивност)
D2 е исто диода ама каква што ќе најдеш пр. 1N4007
R1 4к7 е 4,7 кило оми ама тоа се пишува заради сигурност да не не ја види некој запирката па да земе 47 кило
вака си се оделува
-
Вака сеа а овие отпорнициве како да ги препознаам ?нема цифра на пример ако се залемени на плоча и те прашав кај може да ги најдам деловвие употребени :)?
-
Тука ти е се совршено објаснето
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.0)
-
деловите може од се да ги извадиш радио, тв..... од се што ќе најдеш
а отпорниците на ним имаат линии со боја тоа е колор код и со него ти е претставена отпорноста ( види тука http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.0) )
-
глеав сеа ама неможам да сватам дај кажи ми со какви шари(бои) треба да ги најдам отпорниците бидејки сите се исти освен последниот .. :)?
-
4k7 е жолта- виолетова - црвена и најчесто на крајот има сребрена или златна боја таа не ти е битна тебе, а 100к е кафеаво - црна - жолта и пак некоја боја на крајот која не ти е битна :D
-
Аха....а ова капациттетите викам да ги купам...а од отпорнициве имам дома ..ке видам што имам од нив ако ми треба уште да докупам ...дали знааеш отприлика цена на отпорниците и кондензаторите и останато отприлика цело колку би ме коштало :)?
Post Merge: 27.01.2010, Wednesday, 23:39:59
има врска жолта и портокалова ?
-
отпорниците се ефтини 1 денар е парче, а кондензаторите имаат различни цени
има врска и тоа големка ;D
-
;D ;D ;D Ми шараат очиве навечер со батерија ги гледам XD
Post Merge: 27.01.2010, Wednesday, 23:43:04
а во скопје да ми препорачаше продавница?...и адреса да ми дадеше :D?
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0)
-
Лелеј фала ви на сите што ми помагате да не бевте вие ништоо :)
Post Merge: 28.01.2010, Thursday, 15:36:56
Бтв..нека ми даде некој повеке инфо за транзисторите како треба да изгледаат(слика) цена :)
-
(http://buy.mikado.ro/images/2n3553.jpg)
-
Некој дали знае цении за овие транзистори?
-
различно е од продавница до продавница
-
минимум и максиум ;D
-
од 50 па нагоре ама не сум сигурен чекај ќе ти каже некој друг :-\
-
Чекам ама никој не пишува ;D
-
Зависи од продавница до продавница и од производител до производител на транзисторот, некаде од 50 денари па нагоре до 200 максимум.
-
Брат дали има врска распоредот на бои кај отпорниците пр.
(жолта-виолетова-црвена-златна)
(виолетова-жолта-цртвена- златна)
и ова во врска со диодите како ги спомна не ми текнува..
D1=BB204 ( овде ми рече посебна некоја требало)0
D2= BILO KOJA(тука која да купам која сакам освен не како првата?-дај кажи ти)
и колку им е цена на овие да напрам пресметка...:)
-
Има разлика во боите ама ти не се секирај за тоа, ке идеш да купиш и ке им речеш ми требаат пример 1кило оми, 5оми, 10 мега оми (како што е напишано) и не му се секурај за друго а после ти напиши ги боите на форум и ке ти кажам кој отпорник колку оми или кило оми е. За варикапите ти пишав одговор на пораката а за цените види во истава тема и за тоа ти пишав.
-
Аха...уште да ве прашам
U1 = 9-12 V треба посебно напојување? точно од 9-12V (ако може повеке инфо околу ова)
и отприлика цена на кондензаторите и дали се различни во цена променливите кондензатори
?
-
Тоа е напојување може да се напојува со секој напон од 9 до 12В, на 9В имаш помала снага, а на 12В најголема снага. Кондензаторите имаат сите различни цени не може да се каже
-
Види те разбирам али треба да се уклучи дома на 220V и преку напојување или адаптер нешто да се намалува таа струја (преку трансформаторче) за да дојде на 9 - 12 V ?
-
Не туку ке земеш компјутерско напојување што не ти треба или ако немаш ке купиш на старо за 200 ден. Кондензаторите имаат различни цени... него забегавме ептен од темата, ја направивме пазар за компоненти ;D Појди во најблиската продавница за делови и тамо ке ти кажат за цени оти ние не знаеме како се цените во Гостивар. Ај прашај и купи па после ке правиме муабет како да го склопиш. До тогаш поздрав :)
-
Напојувањ еможеш и сам да изработиш не е проблем тоа
ти треба мрежно трафо од 220V на 12V, ти треба грец, кондензатори, регулатор .. се на се, не е мн сложена работа тоа
направи си ти предавател прво
-
а да не заборавам, ако ти е малце 2W имам и по јак и тоа од 8W и еве ти шема па ако сакаш можеш и тој да го направиш. Види тука ВО ПРВИОТ ПОСТ http://elektronika-mk.net/index.php?topic=244.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=244.0)
-
Aко некој има искуство со 2N3553, колку максимална снага си извлекол од тој дел и на која волтажа? фала однапред
-
Да видиме човекот што ќе направи со предавателот прво.
-
Ајде му држиме палци :)
-
Ми треба предавател за на Фм 20-30 W домет во кружница 2-3км да фака низ домови....
-
ти треба некој да ти го направи или да го купиш? Ако сакаш некој да ти го направи ке треба да пресметаш колку пари ке те фатат деловите и да го прашаш мајсторот колку пари ке биде раб. рака
-
Сакам да го направам ...али кажи ми отприлика цена ... колку би ме фатило .т.е дали вреди воопшто
-
Ама на која фрекфренција предавателот сакаш да работи ако е од 88-108MHz за неа се плаќа.
-
Сакам да го направам ...али кажи ми отприлика цена ... колку би ме фатило .т.е дали вреди воопшто
незнам колку пари е транзисторот од 30W а и тие што се пред него. ама кај и да е нема да биде испод 150 евра се на се :) иначе вреди ако си стварно ФМ фан и сакаш да имаш предавател но ако не си тогаш не вреди
-
10-15W ова би факало 1км низ домовите?
-
многу е. со 2W ке се слуша
-
Во урбана средина низ домовите 2W?
-
Имаше една тема од Борче и тамо беше објаснето убаво за тоа... ако ја најдеш читни ја.
Темава ке ја спојам со веке постоечката тема
-
Ја прочитав неколку пати таа тема уште одамна ...но неможам да го разберам ..видов каде што вика дека 1W во урбана средина тотално ке се изгуби ....незнам навистина дај кажите ваше искуство ми треба...затоа сум неодлучен да го направам..незнам кој сакам да фака во урбана средина низ домови барем 1км :S
-
2W е доволно. Ако најдеш и квалитетна антена мозе и поголем домет да добиеш. Не е се до предавателот.
-
Па ако има Yagi антена ке има и поголем домет :)
-
Добро...
1.ме интересира малце повеке за оваа Yagi антена
2. би сакал да биде емитувањето во стерео,стабилен и без хармоници
3. дајте шема за ова што вади 4W
-
Вака, YAGI антената се состои од неколку елементи, најчесто од 3-5 а тие се рефлектор, дипол и директори (што повеке директори тоа подобро) е сега за стерео треба да направиш стерео кодер за кој има шема на форумот.
За хармониците не можам ништо да помогнам бидејки за нив има специјални филтри кои се тешки за да се подесат да работат добро
Еве ја темата за предавателот кој сакаш да го правиш
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=288.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=288.0)
Ова е темата за кодерот
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=34.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=34.0)
-
Ти гоо имаш направено предавателов мислам имаше проблем нешто околу предавателовв ...незна дали точно овој беше...а ова стерео кодерот
-
jас не ама знам за неколкумина кои го направиле и имаа ставено слики на форуми
-
Може да ставиш линкови од темите кај што ги има готови ...и ако може некој да ми даде шеми од плочите и од предавателов и од стерео кодерот ...
бтв дали знае некој како може да се намести да има и RDS (Info,.) или треба посебен некој додаток?
-
треба посебен додаток кој се вика рдс кодер и с еприклучува на компјутер
е овај додаток е потешко да се најде слободен, а го има ако сакаш да си го купиш
-
Вреди да купи и каде го има?
-
Toa e скапо да се купи, нека кажат поискусните но јас мислам дека цената е некаде околу 300 евра за РДС. Ке прашам еден пријател па ке пишам..
Само ако може да не забегуваме од темата за ФМ предавател НО ако сакате да збореуваме за РДС
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=728.0
За стерео кодер (општо)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=729.0
-
Добро дајте ми шема за плочата од предавателот и од стерео кодерот...
-
Пиши на тие линкови... а шема ке има наскоро за РДС кодер
-
Ќе има наскоро бесплатен RDS Кодер и тоа само овде на форумот. stay tuned :)
-
и што бидна со предавателот го направи наполнивте 7 страни и ништо од предавателот :D :D :D
-
Хаха друже имаш репутација плус за прашањево. Од предавателот претпоставувам дека нема ни П, бар така разбрав од човекот кој само се интересираше за правење на рпедавател
-
е па знаев за тоа дека ништо не бидна од предавателот :D зашто човекот не знаеше што е тоа ппк и како се прави а сакаше да работи со една од најсложените гранки во електрониката т.е радио техника
радио техниката мн малку луге ја разбираат и затоа мн малце има во таа област :-\ :-\ :'( :'(
-
здраво и од мене. Cyberking бате ти препорачувам по мое да си ја направиш верониката плл-то 1W ја има овде на форумот и ке и ставиш еден 2сц1970 кој ке иде во 1971 ке добиеш 5вати чисти јас така направив само јас од верониката сигналот го доведов дирекно во 2сц1971 ама звукот кој го модулирав тешко го примаше тоест беше како засипнат(немаше гласност) тоа значи дека степенот кој е после него повлекува повеке сила од пллто кое што може да даде и уместо 200миливати сигурно повлекува 0,5W вата и затоа модулацијата ја потиснува кога е само плл звукот е супер.значи треба некој како бафер транзистор да се стави како например 2сц1970 од истата фамилија транзистори верувам дека подобро ке вади.
-
Тоа е точно, Вероника си е Вероника така барем сите кажуват кои ја имаат направено