Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: BorceBT on 27.12.2009, Sunday, 01:42:33
-
Се сомневате во квалитетот на делот што сте го купиле? Нереално евтина цена? Лошо излиено куќиште? Натписот се брише? Фалсификат? ДА! Кинеска индустрија вредна милиони! Гледајте:
http://www.telemaster.ru/fuflo/
-
Ц ц ц... Јаки се, нема што... :D
-
Чекај, мислиш на сосем фалсификат или на оригинал но произведено според лиценца но во кина, индија и турција?
-
Има три типа на фалсификати колку што можев од искуство да видам: 1. Тотален фалсификат кој воопшто не работи (нема ни чип). 2. Тотален фалсификат кој едвај работи (кристалот на транзисторот или чипот правен „од тепка“ и со многу помалку силициум отколку што треба. 3. Благ фалсификат, се користи технологија (или комплетен) послаб транзистор кој е препакуван во помоќно куќиште, на пример кристал од 2N3055 напишан како 2N3773. Ќе работи ама брзо ќе изгори.
-
A дали транзистор Мицубиши од Турција или Кина направени по лиценца од Мицубиши од Јапонија можат да се споредат со јапонските?
-
Ќе има разлика во квалитет но би требало да ги задоволува минималните спецификации (на пример ќе ја извади снагата за која е наменет но повеќе од тоа и ќе прегори, додека оригинал (постар) јапонски веројатно би издржал и малку повеќе од очекуваното). Денес секој штеди (дури и познатите фирми) и освен тоа што ги изработуваат во кина и индија користат и понеквалитетен (локален) силициум за жал.
-
А има ли начин и надеж во денешно време да се најде ама баш квалитетен дел било да е транзистор или било што?
Еден начин е да се побара во некоја продавница како заостанат дел што никој не им го купил ама друг начин...
-
Само заостанат дел може да е квалитетен (оригинал јапонски на пример) ама тие стари заостанати стоки може да бидат некогаш поскапи од новите. Или втор начин е се разбира (ама поскапо) ќе биде да се купи појак дел и да се „вози“ на помала снага.
-
што би рекле за овој, дали е фалсификат или оригинал?
(http://pic.mk/thumbs/1970.jpg) (http://pic.mk/?v=1970.jpg)
-
Не личи на многу квалитетно изработен, или е фалш или е правен по лиценца на мицубиши во некоја лоша кинеска фабрика.
-
а колку пати е ваден/ стван елементов, некако користен ми изгледа
јас имам видено( ги имам дома ) незнам точно кој модел на транзистори беа али беа огледало, онај металниот дел стакло, да можете во него да се гледате, ама не беа нешто ни ефтини еден мислам дека кошташе околу 90-100 денари а ги имаше некој фуш за +-20 денари како со праф потурени на металот
-
делот е од алфа електроника (некористен према кажувањето на тој што го купил)
-
Пробај па кажи како ќе работи, може паковањето е само лошо.
-
ама го немам јас, диме ми рече дека извадил 1200mW со него
-
Ако греел многу а извадил само 1200mW не е добар, ако не греел а извадил 1200mW не била добра шемата, плочката, калемите или побудата.
-
јас имам видено( ги имам дома ) незнам точно кој модел на транзистори беа али беа огледало, онај металниот дел стакло, да можете во него да се гледате
како со праф потурени на металот
И јас имам видено два транзисстори од иста марка и исти модел ама едниот како полиран и да можеш да се гледаш на него а другиот со праф потурен, што ли е финтата?
-
Погоди кој е оригинален ;), квалитетот секогаш изгледа добро!
-
Мислам дека и двата може да се оригинал бидејки ги имам видено во компјутерско напојување а во него не би ставиле фалш.
-
а каде е произведено напојувањето ??
да не е во кина ?
како и се останато
-
Не знам но мoже и тоа да е.
-
пред неколку дена бев во продавница за делови и им побарав 2N2219 и ми дадоа еден ама марка Tesla а цената беше 35 денари, иначе во таа продавница не се набавува ништо освен кондензатори и отпорници а овие РФ делови само се трошат и не се набавуваат нови. Па сега да ве прашам што мислите дали овој 2N2219 е оригинал Tesla и дали чини бидејки е набавен на времето (не сега кога има толку фалсификати) ?
Според тоа јас би рекол дека е оригинал и со врвен квалитет, се додека не видов дека буквите и бројките се бришат со гребење со нокт >:(
-
http://www.py2bbs.qsl.br/transistores-falsos.php
-
Еве уште некои примери кога купувате скапи транзистори за појачала.
Не е проблемот во не точна шема туку лиши транзистори
http://sound.westhost.com/fake/counterfeit-p2.htm
-
Ima sega Aswo, moze da se zeme od tamu i da ne mu ja mislite
-
што да земеме од Aswo ? Делови ли ?
Дали се добро снабдени и дали се навистина оригинал ?
Ако можеш стави слика од GООGLE EARTH со точната локација на продажниот салон.
-
гледам и неможам да верувам
(http://blog.makezine.com/MAKE_PT0153.jpg)
-
божееееееее, каде ги начека овие електролити жити се? :O :O :O
барем поларитетот им го погодиле... хахахахахахаах ;D ;D ;D
-
не се мој ги начекав на интернет.све има по светов
-
aхахаха каков конензатори ме потсетиа на оние моине сто ги земав од ботс на нив писува 4700 nF јас дома ги мерам покажуваат 7400nF
-
за што ке ти се бе 4700 нанофаради?
-
aхахаха каков конензатори ме потсетиа на оние моине сто ги земав од ботс на нив писува 4700 nF јас дома ги мерам покажуваат 7400nF
леле јас од тамо имам изнакупувано кондензатори и сега :(
-
е ако де што,ако имаш алат да ги измериш види дали ке добиеш карактеристики како тие што ги пишува на кондезаторите.
-
е тука е проблемот, сите кондензатори ми се монтирани на склопови во кутии и кај сега се да вадам и да мерам :(
-
чим ти работат склоповите,терај!
-
kondezatori posebno elektroliti treba da pokazuvaat poveke ne zaboravajte tie nese 0,1%
povazen e rabotniot napon i dase 105 celzius obicno vekot im e 2000casa za elektroliti
-
Ами ако се за напајање ако пишува 4700uF a se 7400uF, не сте зија.
Читајќи ја темава ми текна на еден виц добар-Господ ги создал кинезите, а тие останатото
Мислам дека од екс југолавиеја све што било добро одело на извоз, кај нас, поготово во македојиа све што е со најнизок квалитет.. Таков ни е к'сметот..
Да ви кажа право, кога ги видов кондензторине, оние од 2200 во 6300 ставени, ми се заплака... по појачалана којзнае колку има онкви :-[ :-[ :-[ :-[