Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: bicikle on 25.12.2010, Saturday, 01:04:27

Title: Едно прашање
Post by: bicikle on 25.12.2010, Saturday, 01:04:27
Е ако знае некој од каде излагаат меурчињана во водана кога врие го часта 5 пива. Цел живот ме мачит то прашање.
Патем, за да не правам гужва на форумов, ќе ги замолам админиве да го избришат постов одкако ќе добијам одговор.
Title: Одг: Едно прашање
Post by: DX-er on 25.12.2010, Saturday, 02:04:34
Интересно прашање :)
Title: Одг: Едно прашање
Post by: cekaj on 25.12.2010, Saturday, 03:00:07
Јас мислам дека поради тоа што под дејство на високата температура на грејачот, некои делови од водата брзо се претвораат во гас (испаруваат) и така се формираат тие меурчиња кои пукаат кога ќе дојдат во допир со воздухот.
Title: Одг: Едно прашање
Post by: bicikle on 25.12.2010, Saturday, 03:21:30
e ama како се претвараат, т.е. ете имат 3,5кг кислород  на 100 литри вода, ама водата парее 100%... Пак пареана е вода со воздух, ама пак кај наогат воздух на дното од тенџерено...  т.е. поќе течности вријат не е сеамо водата али тоа ни е секојдневен пример..  :)
Title: Одг: Едно прашање
Post by: SKOLS_OLD on 25.12.2010, Saturday, 10:47:27
вриењето е процес на претварање на некоја течност во гас.Водата врие на точка од околу 100 целзусови степени.Кога ќе се постигне оваа температура,внатрешната структура на атомот на водата се распрснува т.е. водата е составена од кислород и 2 водорода,кога ќе се постигне температура од 100 степени целзусови овие два елемента ќе се раздовојат.Откако ќе се раздвојат тие мора некаде да отидат,поради тоа што се во гасовита форма и се полесни од воздухот тие ќе отидат нагоре.Тоа што те буни од каде има воздух на дното на тенџерето,тоа нема,има во самата молекула на водата. ;) ;D
Секогаш водата е H20 или кислород и 2 водорода.Има една финта:Пиеш вода како вол,а незнаеш што е H20. :P ;D ;D
Title: Одг: Едно прашање
Post by: MarkoMK on 25.12.2010, Saturday, 10:53:48
Пареата си е вода во гасовита агрегатна состојба (нема поделба на елементи) а меурчињата настануваат од топлината која е од долната страна на садот. Таа топлина претвара дел од долната вода во водена пареа, а таа пареа мора да се качи нагоре (полесна е) и се качува во вид на меур кој потоа излегува на воздух.  ;)
Title: Одг: Едно прашање
Post by: ivica.s on 25.12.2010, Saturday, 11:55:32
Кога водата ќе се загрее на 100 степени, почнува да испарува интензивно. Меурчињата се составени од водена пареа. Е сега најпрво се појавуваат од дното или на страните на тенџерето за тоа што тука има најмногу места на нуклеација, (nucleation sites).

На дното и страните на тенџерето има мали нерамнини кои се микроскопски (не се гледаат со голо око), кои настануваат при изработката на тенџерето, негово оштетување (од мешање и сл.) Е сега околу овие мали нерамнини се формираат меурчињата од пареа и овие нерамнини се т.н. места на нуклеција.

Исто така самата вода од чешма не е перфектно чиста (не е дестилирана), туку има мали микроскопски честици од растворени материи и минерали, азбест ;D   и сл. Овие честици исто така служат како места на нуклеација и поради ова меурчиња се јавуваат и во средината на садот во самата вода.

Дестилирана вода (екстремно чиста) во мазен сад (од стакло) може да ја загреете и над 100 степени без да зоврие:

 
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Superheating  

ова е поради тоа што нема нуклеациски места во водата и на садот.
Title: Одг: Едно прашање
Post by: Bojan on 25.12.2010, Saturday, 13:59:03
ова нема врска со прашањето што го има поставено точакот, ама пак се однесува за вода и многу луѓе не го знаат ова....вода врие на 100 степени целзиусови само на 0 надморска височина, како се зголемува височината односно се намалува притисокот, температурата на вриење на водата се намалува за 3,4 степени на 1000 метри.... и може да се направи вода да врие на собна температура....
Title: Одг: Едно прашање
Post by: cekaj on 25.12.2010, Saturday, 14:33:51
^Точно, на тој принцип работи експрес лонецот  ;)
Title: Одг: Едно прашање
Post by: ivica.s on 25.12.2010, Saturday, 17:17:26
Јас не негирам дека температурата на вриење зависи од притисокот, btw  го знам тоа одамна.  :)

Точакот праша од каде излегуваат меурчињата кога водата врие, и јас објаснив дека потекнуваат од овие нуклеациски места (nucleation sites).
Title: Одг: Едно прашање
Post by: bicikle on 25.12.2010, Saturday, 17:29:50
прво фала на одговорите, имате по 5 пива сите од мене  :)
Значи меурчињата во водата се 100% вода-во дестилирана вода ?