Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Devil on 28.11.2009, Saturday, 19:55:22

Title: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 28.11.2009, Saturday, 19:55:22
Како да направам да трофазниот мотор со моќност од околу 1-2kW ќе го поврзам на само една фаза и нула  ???
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: BorceBT on 28.11.2009, Saturday, 20:03:43
Тебе ти треба да ги симулираш трите фази на намотките на моторот. Потешкиот начин е да направиш комплетен инвертер со IGBT транзистори меѓутоа ако не го користиш моторот по цел ден може да поминеш и поедноставно:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=302.0;attach=579)

Кондензаторите:

CL1-L3 = 7,5 пати (во микрофаради) од киловатите на моторот.
CL2-L3 = 15 пати (во микрофаради) од киловатите на моторот.
Cstarter = од 40 до 100 микрофаради.

Кондензаторот Cstarter се вклучува со тастер неколку секунди додека моторот тргне, потоа мора да остане исклучен.

Употребувајте квалитетни кондензатори наменети да тече струја низ нив како на пример кондензатори за мотори за машини за перење (врзете паралелно повеќе ако треба) а никако да не користите обични електролитски кондензатори наменети за електроника бидејќи ќе експлодираат од големата струја што ќе тече низ нив.
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Shotgun on 28.11.2009, Saturday, 21:38:45
... или направете си скутер на струја со трофазен и нема потреба од толкави кондензатори.  ;D

Code: [Select]
http://www.youtube.com/results?search_query=tesla+scooter&search_type=&aq=f
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Zdravkovski on 15.01.2010, Friday, 19:53:44
Го видов скутерот и стварно е за пофалба сработеното

Post Merge: 16.01.2010, Saturday, 15:51:33
А ако сакаш да имаш и повеќе можности како за колку време да ти забрзува од нула до максимален (или одреден от тебе) број на вртежи за колку време да ти запира да добиеш термичка и струјна заштита на истиот би ти препорачал инвертер јас имам користено повеќе такви и монофазни и трофазни и стварно нудат големи  можности а плус и со постепеното зголемување на бројот на вртежите се избегнуваат и струјните удари на мрежата ама затоа што кај тебе се работи за мал мотор од 2 Kw тоа не е важно но за поголеми мотори е важно . Плус имаш можност од монофазен приклучок да добеш 3 фазен со 400 V напон само треба да внимаваш кога го купуваш да биде монофазен на примар како и на неговата снага. Негативна страна на предлогот е што е поскап а се друго ќе биде во твоја корист  ;)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: malkjos on 22.06.2010, Tuesday, 12:47:47
Дајте пратетеја шемата ке ве молам

поздрав
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: BorceBT on 22.06.2010, Tuesday, 13:33:27
Шемата е повторно поставена.
Title: Одг: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: MarkoMK on 22.06.2010, Tuesday, 15:47:56
Тебе ти треба да ги симулираш трите фази на намотките на моторот. Потешкиот начин е да направиш комплетен инвертер со IGBT транзистори меѓутоа ако не го користиш моторот по цел ден може да поминеш и поедноставно:....

А што ќе се случи ако работи моторот подолго време?
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: BorceBT on 22.06.2010, Tuesday, 19:34:17
Со горниот (статички конвертор) бидејќи фазите нема да се точно 120 степени разлика бидејќи фазната разлика ќе варира од оптеретувањето на моторот моторот повеќе ќе грее отколку да е приклучен на трофазна струја така да не треба да се работи со него предолго (подолго од 15тина минути на пример).
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: deophorant on 05.07.2010, Monday, 00:51:27
Со горниот (статички конвертор) бидејќи фазите нема да се точно 120 степени разлика бидејќи фазната разлика ќе варира од оптеретувањето на моторот моторот повеќе ќе грее отколку да е приклучен на трофазна струја така да не треба да се работи со него предолго (подолго од 15тина минути на пример).

Со цела почит разбирам дека се забораваат работи па ке потсетам на некој од нив. Имено на шемата која е наведена не е кажано во која врска е моторот дали триаголник или ѕвезда. Во врска со кондензаторите јасно е за каков тип се работи, тоа се кондензатори кои се наменети за мотори и мора да бидат суви кондензатори (електролити не доаѓа во предвид). Во сите три фазни намотки битна е фазата на струите (тие го создаваат магнетното поле - амперов закон) а струјата во една намотка е: I=U/Z (омов закон) каде Z-импеданса на колото. Во овој случај импедансата е составена од актовната отпорност на намотката, индуктивноста на намотката и капацитивноста на кондензаторот и таа би изгледала: Z = R + j*2*pi*f*L - j/2*pi*f*C и како што гледаме од равенкава (омов закон во комплексна форма) никаде на импедансата не влијае струјата која е главниот коресподент на степенот на оптоварување (да се потсетиме на фазорски дијаграмина мотори). Додка напонот U за кој стана збор, тоа е приклучниот напон намален за контраиндуцираниот напон кој го прави роторот во статорот. Тој контраиндуциран напон е дотолку поголем доколку лизганјето е помало, и кај асинхрони машини тоа е секогаш помало од 1 па затоа и машината влече струја и во празен од (нема перпету мобиле :)). Значи заклучивме дека фазната разлика нема да зависи од оптеретувањето туку од вредноста на елементите во колото а се разбира дека нема елементи со точна вредност што нас ни треба па ќе нема никогаш ни фазна разлика од 120 степени. Различната фазна разлика само ќе предизвика вибрации во работата на машината а зголемено греење од 10% може да се јави ако фазната разлика се разликува за 30 степени за машина до 5KW. Доколку станува збор на предложената шема за врска во ѕвезда тогаш машината би имала за корен од 2 помала моќност од номиналната и за прегревање во никој случај не станува збор, а доколку врската е во триаголник машината би греела нешто повеќе од дозволеното но тоа сепак зависи од обезбеденото ладење (зависи моторот за кој работен режим е наменет, S1, S2, S3,...). Мој предлог е да ја растуриш врската на намотките и да поврзеш една намотка дирекно на мрежа а другата преку кондензатор од 16 микро фаради (за моќност од 2KW). Со тоа добиваш 2/3 од снагата на моторот и намален момент за 40-50% а за прегревање не станува збор за номинален режим на работа. Со конкретнава шема што е понудена падот на моментот на машината не верувам дека ќе биде помал од 50% или имаш многу мала искористеност (врска ѕвезда) или критична работа (врска триаголник). Сепак за карактеристики како трофазен мотор со оваа проста реализација не станува збор. Едно од претходно понудените решенија е фреквентен регулатор (инвертор) кое е доста скапо решение и доколку нема потреба од него не ни помислувај а предностите ти беа посочени. Второ решение е да го однесеш моторот во некоја добра винклерска работилница и да ти го премотаат како монофазен. Изборот е твој :)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: MarkoMK on 05.07.2010, Monday, 16:29:01
Јасно е, во секој случај ова не треба да се зема како некое трајно решение, туку само привремено или „прикрпено“ додека не се најде саглам мотор или саглам напојување.

Добра примена на ова коло е за испитување.
 На пример еден комшија почна да работи со винклување, ама немаше трофазна струја во работилницата, па ако му донесеа трофазен мотор го носеше за проба кај мене  :) на него на пример ова коло многу ќе му помогне.
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 24.10.2011, Monday, 17:24:04
темава е стара, но сега пак ми се појави потреба од нешто вакво
само сега ме интересира дали ова може да се користи за мотори до 5kW, поточно најверојатно ќе биде поставен мотор од 3kW на циркулар со струг (од тоа старите југословенски циркулари) претходно имаше SEVER 1,5kW мотор, но изгоре и сега планирам нешто појако да ставам, а исправни монофазни мотори многу тешко се наоѓаат, па така да планирам да побарам некој трофазен помоќен мотор
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: puknati on 24.10.2011, Monday, 18:02:54
5 kW со кондензатор :o не!
Барај виклер за тој стариот мотор, друго прашање е зошто да ставиш мотор од 3 kW на машина за која некој пресметал дека се доволни 1.5, беспотребно трошење на струја, а кога тогаш ќе прегори и тој мотор па зошто да плаќаш виклување за 3 kW кое е и доста поскапо.
Ако тој мотор од 1.5kw ти ги задоволувал потребите немој да ставаш од 3!

За каков струг станува збор?
Да не мислеше на млинче за храна?
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 24.10.2011, Monday, 19:01:57
не ми ги задоволува потребите затоа ставам појак, не не е млин за храна, струг за стружење и сечење дрва, со абрихтер (или како се вика) и има можност и за додавање млин, ама него не го користам, повеќе ми треба за кога има да се избичи некое дрво или да се истружи, или пак за сечење на дрва за огрев...
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Bojan on 24.10.2011, Monday, 19:08:34
треба да се плаќа индустриска струја за потрошувачи над 5КW, али ај тоа нема везе, ке треба да додадеш уште некој ременик за силата да се пренесува како што треба, оската ако ја преоптоваиш може да ти се извитка, и стварно доста ти е (и премногу е) мотор од 3KW...
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 24.10.2011, Monday, 20:06:53
па доволно е од 3kW, ама монофазен не можам да најдам нигде, ако знае некој кај да побарам
ама да не е некој кинески и да ми се стопи при работа, па нека е и користен (на старо), кажете да барам таков да не си играм за џабе со трофазни
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: puknati on 24.10.2011, Monday, 21:25:57
Зошто нејќеш трофазен, ја имав на циркуларот еднофазен мотор 2.2kw, и циркуларот се шеташе по роднини, пријатели, комшии....дури еден човек ми го изгоре моторот, тогаш  го премотав во трофазен и има сега 3kw, и скоро никој не ми го бара циркуларот, кој нема трофазна, кој нема долг кабел и така...
Трофазен мотор на циркулар е права ствар, дури и да земеш повторно иста снага како еднофазниот ќе осетиш разлика ;)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: batka on 24.10.2011, Monday, 21:36:02
Абе во ред е тоа,ама човеков можеби нема трофазна струја каде што го употребува.Подобро нацртајте му шема како трофазен мотор да врзе на монофазна инсталација.Немам сега време,а не знам дали имам во комп. некоја таква шема од електротехника.Мислам дека само до 1,1 КW може со кондензатор да се врзе,а за поголема снага,не знам дали може.
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: puknati on 24.10.2011, Monday, 21:46:33
На тој начин се поврзуваат мотори со мала снага, до 1kw највише, али 3kw НЕЕЕ!
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 25.10.2011, Tuesday, 07:17:28
значи да барам да ми пуштат трофазна од бандера до куќа, имам трофазно броило, но незнам зошто немам нигде трофазна струја :)
ќе барам таму таткоми да види со тоа од ЕВН што како да набавиме трофазна :)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Zdravkovski on 25.10.2011, Tuesday, 11:16:33
Quote
значи да барам да ми пуштат трофазна од бандера до куќа, имам трофазно броило, но незнам зошто немам нигде трофазна струја 
ќе барам таму таткоми да види со тоа од ЕВН што како да набавиме трофазна

заедно со барањето земи си и минумум 30.000 ден. мислам дека отприлика толку е цената за приклучување
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 25.10.2011, Tuesday, 11:31:53
хаха, за тие пари ќе набавам монофазен мотор од 10kW :)

него друго размислував, нели поедноставно е да се најдат мотори за еднонасочна струја со големи моќности
само преоблем ќе ми е напојувањето
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: batka on 25.10.2011, Tuesday, 11:42:54
Ќе ти треба шема за меко стартување  :D
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Zdravkovski on 25.10.2011, Tuesday, 11:56:42
Quote
Ќе ти треба шема за меко стартување
а ако го купува и тoа нема да биде помалку за тие KW
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: puknati on 25.10.2011, Tuesday, 13:26:02
Еднофазен мотор над 3 kw јас никогаш не сум видел, значи сигурно не постои ::)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Bojan on 25.10.2011, Tuesday, 14:27:44
од евн ти имаат пуштено до дома 3 фази и една нула, само што ти немаш поставено 3-фазен штекер, значи ти си за тепање а не евн :)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 25.10.2011, Tuesday, 15:21:24
немам до дома, имам до бандера, од бандера до куќа е монофазна, дома имам трофазно броило :)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Zdravkovski on 25.10.2011, Tuesday, 15:39:00
Quote
од евн ти имаат пуштено до дома 3 фази и една нула, само што ти немаш поставено 3-фазен штекер, значи ти си за тепање а не евн

ако на трифазно броило се пушти само една фаза само таа ќе ја мери така крадат струја наместо три се регистрира само една фаза и ако имаш симетрично оптоварување по фазите автоматски добиваш за 66,666666% помала сметка но ова е казниво со закон, и парично 3000 Евра и со казна затвор (незнам колку)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 25.10.2011, Tuesday, 15:45:49
не го местев јас борилото, од како е направена куќата и е пуштена струјата броилото седи, сега пред некое време го заменија само со дигитално трофазно броило, никој ништо не рече
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Zdravkovski on 25.10.2011, Tuesday, 15:56:18
погрешно си ме разбрал не беше коментарот дека ти (вие како домаќинство) крадеш струја јас само му појаснив на Бојан дека независно какво броило имаш поставено ќе се регистрираат само тие фази кои минат низ него ако е монофазна струјата само една фаза ако е трифазна сите три фази
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 25.10.2011, Tuesday, 18:44:26
ти мене не си ме сфатил, не те обвинив јас дека на мене посочуваш, јас кажав дека броилото е поврзано од некој друг некогаш, незнам како е поврзано, знам дека сметката е таа, и со старото и со новото од прилика тука негде иде сметката
многу заминавме офф топик

Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: puknati on 26.10.2011, Wednesday, 15:10:28
Еве шема за поврзување и капацитет на соодветните кондензатори:
(http://img507.imageshack.us/img507/4181/trofazennaednofazna.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/507/trofazennaednofazna.jpg/)

Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: MarkoMK on 26.10.2011, Wednesday, 16:28:43
значи да барам да ми пуштат трофазна од бандера до куќа, имам трофазно броило, но незнам зошто немам нигде трофазна струја :)
ќе барам таму таткоми да види со тоа од ЕВН што како да набавиме трофазна :)

Промена од моно во трофазно броило ти е околу 9000 ден, доколку има услови (трофазна линија до кај тебе, броилото да не ти е во соба, да имаш трофазен кабел од бандера до куќа) а ако не како што кажа Здравковкси околу 30.000 и повеќе зависи од каде е најблиската трофазна линија. ;)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 26.10.2011, Wednesday, 18:47:44
до куќа имам (до бандера) трофазна, имам трофазно борило и дел од инасталацијата низ куќата е за трофазна намена, но се користи како монофазна
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: MarkoMK on 26.10.2011, Wednesday, 19:08:09
до куќа имам (до бандера) трофазна, имам трофазно борило и дел од инасталацијата низ куќата е за трофазна намена, но се користи како монофазна


Броилото ти е трофазно  ??? Па нема потреба од согласност од ЕВН тогаш.. Само кабелот смени си го и готово.. Уствари може ЕВН треба да ти го сменат кабелот не сум сигурен... ама сигурно тоа нема да те фати 9000.  ;) ;)
Title: Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
Post by: Devil on 26.10.2011, Wednesday, 19:21:58
да, броилото ми е трофазно, но тогаш кога ја поврзуваа струјата на времето немаа пуштено трофазна до бандера и не ни поставија кај мене дома, него оставија на монофазна
пред таму неколку години ги менуваа бандерите и меѓу другото пуштија и трофазна струја до бандера пред куќа кај мене