Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Забава => Topic started by: DX-er on 22.11.2010, Monday, 20:15:17

Title: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: DX-er on 22.11.2010, Monday, 20:15:17
(http://vonzemjani.com/images/stories/vojadzer-2.jpg)


Вонземјани го киднапираа вселенското летало на NASA и го користат за воспоставување на контакт со Земјата, тврдат експерите за вонземјани.

Hartwig Hausdorf, германски научник академик смета дека Војаџер 2 автоматски управуваното вселенско летало кое што се наоѓа во вселената од 1977 година, го киднапираа вонземјани и затоа испраќа збунувачки пораки на научниците.

Од неговото лансирање Војаџер 2 испраќа информации на Земјата, но од 22 април оваа година тие информации значително се променија.

NASA тврди дека промената е предизвикана од проблем со софтверот кој што управува со системот за летање, но Hausdorf  има друго мислење бидејќи сите преостанати делови од леталото функционираат сосема нормално.

“Се чини дека некој го репрограмираше леталото или го киднапира за да не можеме да ја дознаеме вистината” – изјави Hausdorf за Билд.

Војаџер 2 со себе носи диск на кој што се наоѓаат поздравите на 55 јазика од светот во случај да наиде на вонземјански живот.

Доктор  Edward Stone, научник кој што работи на проектот, вели дека дискот е совршена временска капсула чија што намера е да ги пренесе информациите од земјата, звуците и сликите од нашиот свет и сите други облици на живот кој што се наоѓаат на нашата планета.


извор:
Code: [Select]
http://vonzemjani.com/
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: Devil on 22.11.2010, Monday, 20:31:04
баш пред некое време гледав документарец на тв
да киднапиран бил и бил онеспособен за некое време
ама сето тоа го извршиле некоја хакерска мафија од исток
која успеала за одредено време да го поремети цел систем, а сега пред некое врме се смета дека истите тие испратиле нов вирус кој кружи по земјава и напаѓа нуклеарни централи....

ова е извадокот од емисијата, е сега дека го киднапирале вонземјани не верувам ..
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: DX-er on 22.11.2010, Monday, 20:38:57
страшно ако активираат некоја атомска бомба :( .За леталото, дали е вратено во нормала и да си продолжи со својата работа?
Дали војаџер 1 сеуште праќа слики ?
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: GigaWatt on 22.11.2010, Monday, 22:28:08
Дали војаџер 1 сеуште праќа слики ?

Мислам дека не, се има уште на времето оштетено кога помонувал покрај Сатурн и не може да праќа слики, праќа само анализи од содржината на вселената (оволку проценти водород, онолку проценти космичка прашина итн.). Барем мислам дека нешто такво прочитав, не ме земајте за збор...
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: batka on 24.11.2010, Wednesday, 17:55:10
Јас мислам дека некој од нашиве форумаши има замешано прсти ;D ;D,а богами и раце во ова мистерија.Пазите некоја вечер да не ви падне во дворот ;) ;)
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: DX-er on 29.11.2010, Monday, 23:15:51
сака некој да е на местото на некој од фраериве?


(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2903.0;attach=1868 :-[)
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: GigaWatt on 17.12.2010, Friday, 20:09:10
сака некој да е на местото на некој од фраериве?

Не, сите се geek-ови, хахахахаха ;D ;D ;D... се зезам, не ради друго, ради плочата, само ради тоа сакам да бидам на местото на некој од нив.

Е кој ќе ми најде копија од оваа плоча, ќе го частам... хаахахахахах ;D ;D ;D... најретка плоча во историјата на „музичката индустрија“ ;).
Title: Одг: Вонземјани го киднапираа Војаџер 2 ?
Post by: DX-er on 17.12.2010, Friday, 23:20:47
тоа да :) само копав по интернетов и не најдов никакво инфо, што е во моментот со Војаџер 1 и 2?
Мислам во моментот сега или вчера, пред еден месец или година...