Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: Zdravkovski on 18.11.2010, Thursday, 19:46:09
-
Како што кажува и самиот наслов ако има некој искуство со овие телефони нека пише оти цените се ниски ама квалитетот ми е сумлив .
Добра страна им е тоа што работат со сите мрежи не се кодирани и повеќето може да користат две картички од различен оператор имаат добар изглед ...
Лоша страна: слаба камера ,никаква меморија гаранција додека да го купиш (или 10 дена)...
Одамна се мислам што да правам со пријатели што сум разговарал мислењата се поделени едни се за други против што мислите вие ?
-
Еден пријател имаше Нокиа Н95 кинески и немаше некои проблеми со него, ако не се сметаат излижани копчиња...
Е сега, како што кажа, имаше послаба камера, помалку меморија од оригиналот, и овој не беше на лизгање него целосен (Bar).
-
Јас лично би земал оригинал, не дека сум некој опасен fan на телефони (мислам дека повеќето знаат каков телефон имам ;D), ама оргинал си е оргинал, ако не повеќе барем година дена гаранција имаш, па што и да се случи во тие година дена, ако не се прави ќе ти дадат нов, а вака... кој знае што може да се случи :S.
Огромна предност е тоа што може да работат со 2 SIM катички истовремено, тоа не викам не, особено во време кога има 2, 3, 4 мобилни оператори на државно ниво, но ако бирам, би земал Индиски телефон, баш гледав на net, имаше една Индиска фирма што произведува мобилни телефони кои поддржуваат дури 4 SIM картици :o. Како се викаше фирмата, не ми текнува сега, но знам дека телефоните не им беа нешто скапи, околу 70евра за телефон со камера (2Mpix), MP3 плеер, Bluetooth... повеќе од доволно за 70 евра, а читав и критики дека телефоните се покажале доста квалитетни, баш некои американци имаа оставено критика дека коистат некои од нивните модели и дека до сега немаат никаков проблем со нив ;). Единствен проблем е (како што нагласија) дека има слаба поддршка за надградба на софтверот, во пинцип, како го купуваш, така го користиш, нема некои значителни software upgrades кои ги нуди фирмата, или ако има, има еднашна две или три години. Јас дури едно време се „нафурав“ да нарача телефон таков од Индија (ме привлече multi-SIM опцијата, со едни зборуваш од една SIM, со други од друга, итн, поевтино да те фати нели), ама се откажав дека VIP многу ги спушти цените, па си купив и едно VIP бројче за евтино да зборам со остантите, и така ми остана, само како идеја... :S
-
Еден колега купи таков кинески телефон со триста чуда на него, меѓу другото и ТВ приемник :o и еве после година дена уште му работи. Кај овие телефони беше правилото ако не ти се за*бе првата недела ќе тера долго... ;D
-
Еден колега купи таков кинески телефон со триста чуда на него, меѓу другото и ТВ приемник :o и еве после година дена уште му работи. Кај овие телефони беше правилото ако не ти се за*бе првата недела ќе тера долго... ;D
Како и се што е no name а е Made In China ;D.
-
Како и да е кинеските телефони вреди да се пробаат ама да не се купува нокиа кинеска бидејќи никогаш нема да биди нималку слична како оргиналната ;)
-
Ако ви треба само телефон - кинезите се супер и евтини. Ако ви треба сериозен (квалитетен) телефон со оперативен систем и апликации и сето тоа - тогаш не купувајте :)
-
Имам кинески и-фон и кинеска нокиа н97 веќе 1.5 година и не им било ништо до сега а татко ми ги земал за 60 евра 2та. Јас за сега сум презадоволен од нив и не се жлам според мене вреди да се купат.
-
и јас имам ајфон за 30 евра се ку*чам низ сколија и сите се чудат ;D ;D
-
Имам кинески и-фон и кинеска нокиа н97 веќе 1.5 година и не им било ништо до сега а татко ми ги земал за 60 евра 2та. Јас за сега сум презадоволен од нив и не се жлам според мене вреди да се купат.
а тој кинески N97 за 30 евра што можности има во споредба со Нокиа N97?
-
море ги кренале цените и кинезите јас го купив ајфонот 30 евра а сеаг е 80 или го купив 50 не знам 1 год има ама ако проработи 1 та ден па после работи 30 ден од кога е купен тогаш ке работи цел живот
-
ај за инфорамција од каде ги купивте толку ефтини!?
Инаку од мој клас еден има И-фон од Пакистан за 100 евра го земал па сега тачот не му работи!Пакситанска работа! :P ::) ;D
-
Јас имам еден другар што има кинески телефон незнам што марка е има тач,подршка за мемориска ТВ-приемник и 3 звучници мнопгу јак звук вади,душата му ја има извадено и антена од тв искршена целата излегува па пак фаќа програми,има извадено сам 3,5 џекче со жици однадвор за слушалики,телефонот е дроп направен па еве работи повеќе од година а е купен 5000ден или 5600 така нешто,ама кинеско си е кинско. :)
-
а тој кинески N97 за 30 евра што можности има во споредба со Нокиа N97?
Па на мојот има +2 сим картички а другото се е исто освен камерата која е за малку полоша од оригиналот ама скоро исти се 2та до сега неможам да се пожалам на него. Инаку мислам дека се купени од ирак, ама не сум 100% сигурен треба да прашам
-
Јас користев кинески телефон и тоа го платив 8000 денари, пред 2 години. 2 сим, мп3, wifi, 2 камери, ТВ, радио, тач-скрин....чуда.
Не бев задоволен од софтверот што едноставно не поддржуваше да гледам видео од интернет.
И покрај постоечките 2 камери, немаше 3G. А после 2 месеца батеријата држеше по само 4 часа доколку 2-те мрежи се активни.
Го продадов за 100 евра и се спасив.
-
копија није оригинал XD имав кинески и под, 2 месеци после ми го украдоја, не беше лош, само немаше меморија, и брат ми имаше некоја нокоја што се јавувваше сама, сама сликаше итн...
-
Немора да значи дека доколку го купиш од продавница ќе ти тера повеќе од овие кинеските. Како ќе ти се погоди толку ќе го имаш ;)
-
Пааааа... не е баш така, на пример Романските и Индиските модели од Nokia телефоните тераат прилично долго време, иако ова искуство го базирам само врз база на користење на нивните simple модели (Nokia 1200 до Nokia 1210), но мислам дека ова правило е општо и важи за сите ;).
-
Една лоша карактеристика на Кинеските е што Батеријата брзо се празни и брзо пробива , а за тоа издржливост и колку ке те служи нема никаква врска според мене пошо можеш да земеш телефон нов гланц од продавница оргинал и да ти се зафркне уште првата недела воедно само среќа има голема улога при изборот .. Мада оргинал си е оргинал ... :)