Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Goce on 13.11.2009, Friday, 16:06:19

Title: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Goce on 13.11.2009, Friday, 16:06:19
Многу едноставен склоп со кој ке можеме да уклучиме и исклучиме мотор или некој друг уред со тастери.Тастерот Т1 е отворен тастер прави контакт кога ке го притиснеме а тастерот Т2 има затворен контакт кога ке го притиснеме не прави контакт.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/img0142y.jpg)
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: tazzz on 20.10.2010, Wednesday, 15:47:49
дали можи некој да ми дај слика од  ова реле и каде треба да се поврзи моторот?
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Jove on 20.10.2010, Wednesday, 21:02:29
 а ако сакам  да работи на 220 в може да се смени релето и така нешто да се изведе ми треба за циркулар
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Malecko on 20.10.2010, Wednesday, 21:04:53
а ако сакам  да работи на 220 в може да се смени релето и така нешто да се изведе ми треба за циркулар
Да,само земи реле за 220V
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Zdravkovski on 21.10.2010, Thursday, 15:50:51
Quote
а ако сакам  да работи на 220 в може да се смени релето и така нешто да се изведе ми треба за циркулар

За циркулар немој да користиш релиња затоа што ќе ти изгорат контактите за многу кратко време ако не и одма , затоа што циркуларот повлекува по голема струја па јас би те советувал за таа намена да си користиш контактор (склопка) во комбинација со биметална заштита . Во старт е поскапо ама подоцна ќе ти се исплати затоа што контакторите имаат долг век на работни часови . Ако ти е потребна шема како да поврзеш пиши ми ќе ти направам .
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Malecko on 21.10.2010, Thursday, 15:55:34

Колега,да не имаш шема за димер,ама да издржува 600-700W,ми треба за бормашина да ја регулирам брзината?
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Zdravkovski on 21.10.2010, Thursday, 16:11:18
Да ти кажам право сум променил многу регулации на бормашини ама на ниедна јас немам правено регулација ги купуваме од продавница .
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: batka on 21.10.2010, Thursday, 17:10:52
Еве ти шема за регулација на ел.бормашина.Наместо диак има ставено тлеалка(тињалица),а на триакот ставете мал ладилник.Најдобро е да се направи уредот како посебен склоп во пластична дозна за струја и со сите мерки на претпазливост од удар на мрежен напон.Осовината на потенциометарот да биде обавезно пластична,како и неговото копче.
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Jove on 21.10.2010, Thursday, 19:56:11
а шо ако ставам потенциометар  во дугмето и шо ке се деси ке изгори потенциометарот  ???
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Malecko on 21.10.2010, Thursday, 19:56:46
а шо ако ставам потенциометар  во дугмето и шо ке се деси ке изгори потенциометарот  ???
yup! ;D
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Bojan on 22.10.2010, Friday, 02:22:52
па како што знам сите бурмашини имаат регулација на врттежите кај тоа што е за стискање...колку помалце го стиснеш, толку помалце врти :D
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Malecko on 22.10.2010, Friday, 02:24:59
Епа јас имам една бормашина негде е 600вати( :Dруска машинерија :D)па нема потенциометарче за регулирање на вртежите,па затоа барав шема. ;D :D
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Jove on 22.10.2010, Friday, 09:38:53
и јас имам руска машинерија елтос бормашина и бросалица и бормашината нема регулација стара е 20 години така нешо а имам и една 500 вати кинеска 1 год нема расипана е ахах :)
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: batka on 22.10.2010, Friday, 13:45:45
Види:направи го уредов со потенциометар! Плочката стави ја во кутија и на место на моторот (М) стави утичница.Потоа со кабел донеси 220 В на уредот,а бормашината врзи ја во утичницата.Сега ке ги регулираш вртежите преку потенциометрот!! Нема копчиња и траскалчиња ;D САМО ПИШАВ: ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ОД СТРУЕН УДАР СТАВЕТЕ ПОТЕНЦИОМЕТАР СО ПЛАСТИЧНА ОСОВИНА!!
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: GigaWatt on 22.10.2010, Friday, 17:10:33
Епа јас имам една бормашина негде е 600вати( :Dруска машинерија :D)па нема потенциометарче за регулирање на вртежите,па затоа барав шема. ;D :D

Можеш да го искористиш тој што е димерот, би требал да работи добро и со бормашина, само што ќе треба да му ставиш појак триак, или евентуално во паралела да поставиш два ;).
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: batka on 22.10.2010, Friday, 19:11:50
Немај гајле -регулаторот на шемата *носи* 1000 вати без проблем,ама за ладење е добро мал ладилник,особено ако подолго време *ја запнуваш*  ;D ;)бормашината!
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: Zdravkovski on 22.10.2010, Friday, 19:43:28
понудите ти се добри што ти ги дадоа колегите но јас би ти предложил ако можеш да најдеш од некоја друга стара расипана бормашина на која и е здрава регулацијата и да ја замениш . Ама тастерот мора да ти биде со помала или иста големина за да ти го собере на местото од стариот , затоа што скоро на сите бормашини регулацијата на брзината е изведена на истиот принцип .
Title: Одг: Уклучи/исклучи мотор со тастери
Post by: GigaWatt on 22.10.2010, Friday, 20:08:55
понудите ти се добри што ти ги дадоа колегите но јас би ти предложил ако можеш да најдеш од некоја друга стара расипана бормашина на која и е здрава регулацијата и да ја замениш . Ама тастерот мора да ти биде со помала или иста големина за да ти го собере на местото од стариот , затоа што скоро на сите бормашини регулацијата на брзината е изведена на истиот принцип .

Најчесто е dimmer принцип на работа, само што за послаби бормашини (или убодни пили, што и да е) е изведена многу просто, баш како димерот на Борче, а за помоќните е за нијанса покомлицирана ;).