Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 29.10.2010, Friday, 15:45:10

Title: Полнач за батерија од 9 волти
Post by: antonio@arsenal on 29.10.2010, Friday, 15:45:10
Што трафо треба за ова, што шема препорачувате?
Title: Одг: Полнач за батерија од 9 волти
Post by: Devil on 29.10.2010, Friday, 16:20:12
http://elektronika-mk.net/index.php?action=search (http://elektronika-mk.net/index.php?action=search)
 <------------------ ова е тоа што ти треба, ама кој да побара

еве линк
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=335.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=335.0)
Title: Одг: Полнач за батерија од 9 волти
Post by: batka on 29.10.2010, Friday, 16:26:53
Антонио и сите други кои барате нешто - пишете повеке податоци за она што ви треба.Сега на пример треба да кажеш колку е капацитетот на батеријата што сакаш да ја полниш(ампер/часови),со што друго располагаш или кратко да го опишеш проблемот.Најтешко е да помогнеш ако не знаеш што треба да помогнеш...Извинете за офф топиков!
Title: Одг: Полнач за батерија од 9 волти
Post by: ivica.s on 29.10.2010, Friday, 18:42:07
Точно како што рече batka, сепак треба малку повеќе податоци да наведеш (типот на батериите и нивниот капацитет), а и таа батерија од 9 волти каква е? 

NiCd и NiMh батериите со големина на обична 9 волтна батерија  се обично  со напон  од 7,2 или 9,6 волти.

Ако мислиш обични (или алкални)  батерии од 9 волти да полниш, не си го троши времето, не се полнат, го имам пробано тоа одамна  ;D

Едно општо правило е дека батериите се полнат со струја десетпати помала од нивниот капацитет (на пр. 1500 mAh / 10 = 150 ma).

Инаку секое напојување кое има струјна регулација може да ти сврши работа, на пример ја мериш струјата и ја местиш да биде 1/10 од капацитетот , и напојувањето  го покачува или снижува напонот за оваа струја да тече, но мора да го мериш напонот на батеријата и да внимаваш таа да не се преполни, повеќето специјализирани полначи го прават ова автоматски.