Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: BorceBT on 13.11.2009, Friday, 12:03:16
-
Овој ВФ метар се користи само кога ќе сакате да утврдите дали некое коло дава ВФ напон и за да може да штелувате да добиете максимум. Може да се баждари во миливати доколку имате вистински ВФ миливатметар но немора бидејќи битно е да видите дали имате некаква ВФ енергија и дали може да ја зголемите.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=256.0;attach=12761)
-
Јас имам направено сличен на првиов (каде што се допираат жиците со излезот на предавателот) и како вештачка антена користам 50 омски отпорник, но имам еден проблем а тоа е:
Кога ке го штеловам предавателот да даде максимум на стрелкичката и мислам дека сум го достигнал врвот од снагата која може да ја даде предавателот но на WAT метар кога проверив испадна дава 3 пати помала снага и пак со штеловање си ја даде целата снага. Значи испаѓа дека предавателите не емитуваат константна снага и на вештачка антена со отпорници и со вистинска антена.
-
Вака: Отстрани го отпорникот од 50 ома. Поврзи ја антената на излезот од предавателот и ова склопче додај му го паралелно со антената, би требало сега да ти кажува точно.
-
да, тоа ке е најдобро, но проблемот е што така сигналот ке се слуша гланц чисто до антената на оние да не ги именувам :(
-
Знам дека упаѓам во една стара тема но диодата АА112 некако е тешка за наоѓање ја нема во продавнициве за електроника.Дали има некоја американска замена за оваа германиумска диода.Барав на даташит но неможев да најдам.Се работи за 2 шема од трите горнопоставени.И уште едно прашање?.Гледам кај калемот пишува 5 навивки/10 милиметри сега дали тоа ви значи 5 навивки да биде калемот а должината да му биде 10 милиметри.Благодарам однапред :)
-
Пробај со 1н34а. и таа е германиумска така да мислам дека ке ти заврши работа. ;)
-
Фала ти Металика ќе пробам.А околу калемчето нешто да не знаеш да ми кажеш која дебелина на жица 1 милиметар 0,8 милиметри 2 милиметри. :D :).Пошто јас мислам според тоа што го гледам да е со должина 10 милиметри и 5 навивки да се.Така е нели значи може и со стандард жица 1 милиметар да го направам или.?? ;)
-
Ваљда се мисли 5 намотки со 10мм дијаметар, а за дебелината на жицата незнам, пробај со 1мм па види дали ке работи така.. ;)
-
Важи и јас сакав тоа да го речам ај сега да се фатам за градба. ;D ;D.Но првин да ја купам и диодата другиве делови ги имам а и плочка имам.
-
Пробај и со шотки диоди. Во денешно време, веќе може да се најдат скоро насекаде ;). Но, прво провери дали имаат иста или слична брзина со германиумската диода. Не е проблем ако се побрзи, проблем е ако се поспори ;).
-
На ова место ставајте само германиумски диоди,поради нивната * стрмнина*.Ги има во сите постари радија,ТВ апарати....
-
Батка еднаш велиш дека вадените делови не се добри за самоградба, а сега го велиш токму спротивното... мислам стварно за 8 денари не вреди да се гњавиш барајки ја. ;D
-
Ако немаш каде да ја купиш,а ти треба ,од каде ке ја најдеш на друго место? Не расте на дрво,сигурно. 8)
-
Во ред утре ќе ја побарам диодата а батка калемот нема врска со која дебелина од жица се прави така нели :D
-
Јас имам направено сличен на првиов (каде што се допираат жиците со излезот на предавателот) и како вештачка антена користам 50 омски отпорник, но имам еден проблем а тоа е:
Кога ке го штеловам предавателот да даде максимум на стрелкичката и мислам дека сум го достигнал врвот од снагата која може да ја даде предавателот но на WAT метар кога проверив испадна дава 3 пати помала снага и пак со штеловање си ја даде целата снага. Значи испаѓа дека предавателите не емитуваат константна снага и на вештачка антена со отпорници и со вистинска антена.
Па ... тоа прво шемиче паралелно со отпорникот од 50 оми имаат некоја weird ass импеданса, па ти всушност ја штелуваш излезната импеданса на предавателот да се совпадне со ова чудо (што не е 50 оми!)
Кога ќе поврзеш watt meter (кој што има капацитивно или некогаш инфуктивно coupling на сигналот) кој ја мери моќноста што предавателот ја испорачува кон антената ќе измериш друга вредност затоа што сега потрошувачот (во првиот случај е 50ohm || чудото) е со различна вредност (дипол = 73.14 ohm на отворен воздух) и затоа повторно треба да го подесуваш излезниот степен за импедансите да се поклопат.
Најбитно за памтење е Zout == Zin за максимална пренесена моќност кога Zout, Zin се реални. Или Zout == *Zin кога се комплексни.
-
Во ред утре ќе ја побарам диодата а батка калемот нема врска со која дебелина од жица се прави така нели :D
Од 0,5 до 1 мм не е многу проблематично.Држи ја на растојание од 3-4 см од калемот на предавателот,значи не преблизу. И повтори го неколку пати мерењето.