Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 27.10.2010, Wednesday, 22:39:26
-
Ај некој да објасни што е тоа обично а што е тоа симетрично, како се добива и зошто се поделени?
-
Симетрично напојување е напојување кое дава на неговиот излез позитивен но и негативен напон. Напонот само се смета дека е негативен, инаку не постои таква работа како негативен напон, но во однос на некој референтна точка (како на пример маса) тој напон има понизок потенцијал од таа точка па се смета дека е негативен во однос на маса ;).
Инаку, најчесто овие типови на напојувања се викаат симетрични бидејќи вредностите на позитивниот и негативниот напон во однос на мнаса се еднакви по вредност, но се разликуваат по знак, едниот е позитивен а другиот е негативен.
Најчесто симетричен напон се добива од трансорматори со таканаречен среден заеднички извод и овој извод се наоѓа најчесто на средината на секундарната намотка (за да може трансформаторот да дава еднаков наизменичен напон на едниот и на другиот крај на секундарната намотка во однос на среедниот извод). Средниот извод најчесто се зема како референтна точко во однос на која се дефинираат позитивниот и негативниот напон, односно се зема како маса. Еве една проста шема за добивање на симетричен напон од +-5V.
(http://gilmore2.chem.northwestern.edu/images5/balkishan3.gif)
-
А значи за симетричен напон треба од трафото да излегуваат 3 изводи, од моето ислегуваат два , како да го употребам за засилувачот што е со симетрично напојување?
-
Па најди уште едно такво трафо и можиш да направиш симетрично напојување
-
кај засилувачите некогш се додаваат кондензатори за блокирање на АЦ сигналите за да може да работаат на обично напојување, но не се препорачува тоа
-
Како да го добијам минусот т.е. третиот излез от трафото? Треба да го премотувам??
-
Да можеш и така ;)
Само немој толку многу да пишуваш зошто може да ти го сметаат за спамување (влез во вип просторот ;D ;) )
-
нема да му го сметаме за спам (до негде бар) има еден тон вакви теми со слични прашања
-
Како да го добијам минусот т.е. третиот излез от трафото? Треба да го премотувам??
Ако напојувањето ти е за засилувач, дефинитивно ќе треба да го премоташ оти 99 % од засилувачите се со симетрично напојување.
Ако ти треба за мали струи (на пр. напојување на интегрални кола) не мора да се премотува, зошто симетрично напојување може да се направи и со делител на напон (два исти отпорници поврзани во серија помеѓу плусот и масата).
-
Ако напојувањето ти е за засилувач, дефинитивно ќе треба да го премоташ оти 99 % од засилувачите се со симетрично напојување.
Добро, ова важи за помоќните транзисторски засилувачи, инаки има интегрирани кои работат и на обичен несиметричен напон ;).
Ако ти треба за мали струи (на пр. напојување на интегрални кола) не мора да се премотува, зошто симетрично напојување може да се направи со делител на напон (два исти отпорници поврзани во серија помеѓу плусот и масата.
Баш така ;).
-
Добро, ова важи за помоќните транзисторски засилувачи, инаки има интегрирани кои работат и на обичен несиметричен напон
ОК, јас мислев дека човекот сака да направи некој помоќен засилувач, а да за тоа во право си има интегралци кои работат на несиметричен напон, но јас спаѓам во групата на луѓе кои мислат дека сепак засилувачите со дискретни компоненти даваат подобар звук ;) (помала дисторзија и сл.)

Тоа се сложувам, ако веќе се бара квалитет, сигурно нема да користам интегриран засилувач, но мора да признаам дека за определени примени (мали засилувачи за системчиња, итн.), можат да бидат доста корисни интегрираните засилувачи ;).