Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: Tarabuka on 12.11.2009, Thursday, 01:36:47
-
имам едно појачало, и кога ќе приклучам звучник на едниот влез, гласот на тој звучник грчи и се слуша помалце одколку на другиот звучник?
-
Подпрегорено е интегралното коло (ако е со интегрално коло) или еден од двата излезни транзистори (ако е со транзистори). Не го работи така, може да ти го расипе звучникот.
-
транзисторско е, а решение некое освен замена има, или мора замена
-
најдобро е да се замени бидејќи може цело да ти го расипе како што ти напоменаа погоре
ништо нема да загубиш ако го смениш
-
И ако ги нема оригиналните транзистори побарај слични може да ти помогнат во продавниците за електроника да побараат нешто слично.
-
правено е или фабричко?
Какви транзистори користи за излез?
Провери да не рикнал некој електролит што го впива брумот.
-
правено е или фабричко?
Какви транзистори користи за излез?
Провери да не рикнал некој електролит што го впива брумот.
фабричко е, мислам дека беа 2N3055, ќе проверам утре па ќе пишам, а како да ги проверам електролитиве
-
може да се тие транзистори. Е сега најдобро е со апаратче за струја да наместиш на свирката и со двата проводника ( плус и минус ) ке допреш под самиот електролит (на двете
ички) и ако свири одредено време а потоа престане тоа значи дека е исправен. Ова се однесува на поголемите електролити (не на сите) но запамти. Кога ке мериш појачалото да биде исклучено од штекер и електролитите да бидат празни (да нема струја во нив). Ова со електролитите може да е проблемот а можеби да се работи за нешто друго, сепак ова е мое мислење и не е лошо да пробаш
Може проблемот е и до самиот потенциометар....
-
А ова да се премести во делот сервис?
-
преместено
-
Го пре-преместив, беше преместено во компјутери-->сервис :D
-
Според мене ако го изобличува сигналот(грчи) и нема доволно снага види ги побудните транзистори на 2н3055 еден битребало да е цркнат а може и двата или пак ако не се они како што ти кажа Борче излезните.
-
Провери ги прво електролитите не фрлај пари за транзисторите ;)