Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 08.10.2010, Friday, 23:54:28
-
Честопати имаме брум во појачувачот кој иако сме го умасиле по сите прописи.Тешко е понекогаш да се најде,а уште потешко да се одстрани брумот.Освен оклопувањето,заземјување во една точка итн. ке се осврнам на една појава која е честа,посебно ако нашиот појачувач мораме да го шетаме на ралицни места и да го приклучуваме на различни извори на напојување.Проблем е што честопати во домовите и објектите се врши т.н.* нуловање* - односно нулата се врзува на заземјувањето на куќната инсталација.При тоа во системот се внесува брум,кој потекнува од повеќе извори.Оава шема е начин како да се избегне или макар намали брумот кој се внесува во аудио системот,а не потекнува од самиот уред,неговите модули,туку се внесува преку исправувачот.Грецот е идентичен на оној кој се употребува за исправување на напонот, и заедно со филтерот од отпор и кондензатор се вметнува меѓу масата на уредот и заземјувањето ,кое доаѓа преку кабелот за мрежен напон.Да напоменам дека неколкупати сум го употребил и кај стандардни фабрички уреди,кои јавиле брум,но секаде не бил успешен! Напоменувам дека сепак успехот е над 70% ,барем кај оние уреди кои јас сум ги умасил.
-
Батка,а ќе можеш ли малце да ми ја под објасниш шемава како работи? ;D :)
-
Најпросто кажано,работите се вакви:ако сакаме да не примаме брум преку мрежата 220 В во појачувачот,пожелно е да го додадеме овој склоп на исправувачот.Значи - шемата е од стандарден исправувач-+35В ,а му додаваме уште еден грец и филтер во паралела и го поставуваме помеѓу масата на уредот(исправувачот) и заземјувањето,кое се наоѓа на самиот кабел за 220 В! Значи,реков намалувањето или одстранувањето на шумот(брумот) кој потекнува од мрежниот степен е успешно во над 70% од случаите.
-
ете денеска кај еден другар не се умаси убаво пак брум имаше за повеке информации ке се зачлени и тој за брзо на форумов сеа ми писа на фејсбук
-
Вака.
Јас имам проблем исто со појачалото со STK465.
Пишав на форум во таа тема. Сеа морам да се обратам тука затоа што сакам да прашам како да направам умасување. Кутијата која ја планирам за појачалото е од дрво.
Кога ќе го приклучам појачалото тоа почнува да прави “ПУК ПУК’’.
И на тој начин ми горат звучниците.
Исто така нон-стоп се слуша брумот, односно ГРЧЕЊЕ.
Кога свири, послабо се слуша брумењето, ама ако ко паузирам свирењто брумот се слуша.
Слика http://pic.mk/?v=pojachalo.jpg
еве. Можите да видите и да ми кажите зошто така неубочно ГРЧИ?! :o
-
колку звучници изгоре ?
-
причини за грчењето може да се
1. влезен степен предпојачало или пак еквилајзер кој не се добро изведени
2. напојувањето не е добро исфилтрирано
3. неисправност на самото појачало, изгорен некој степен и внесува шум
4. самите звучници не ти чинат
е сега тоа пуцкањето се слуша само кога ќе го уклучиш или цело време ?
ако е само кога ќе го уклучиш се прае временски склоп кој после уклучвањето, после неколку секунди преку реле ќе го уклучи и звучникот, со што би се избегнало пуцкање
а да и грчењето може да ти иди и од кулерот, затоа кај појачалата се избегнуваат кулери и се ставаат масивни ладилници пошто тоа зуење најчесто доаѓа од ним
-
Прво ,избегнувајте појачувач да ставате во дрвена кутија! Или ,ако веке сте ептен убедени ,предвидете барем лимана или алуминиумска субшасија во кутијата,на која може уредот да се умаси.Брумот може да потекнува од многу извори и доста мака понекогаш задава токму отклонувањето на брумот на некој НФ уред. Вака гледано,во твојот случај веројатно имаш проблем со интегралното кол,кое на излазот појавуваедносмерен напон или пулсирачки кој го дава она пук-пук! Опасно за звучници! ;D
-
Па да..На едниот излез мерев даваше 29,8В едносмерен.
Мартин звучниците ми се 3системски и само басот му е изгорен на 2та звучници.
Очигледно дека е изгорено е интегралното.
Брумот го имаше цело време. И кога свиреа звучниците и кога не свиреа(тогаш поќе се осеќаше).
Истиот брум беше и ко имаше кулер, и ко немаше.
Звучниците и онака беа слаби (8вати).
Како да го умасам во дрвена кутија?
-
како што пишав во другиот пост, а и батка како што пиша погоре, ти требА суб шасија односно кутијата да се обложи со метал одвнатре кој ќе биде заземјен. За умасувањето има во првиот пост.
-
Напојвањето долу со шема (дадено од батка) со заземјувањето и ППК ви е комплетно дадено во проектот "Гитарски засилувач" во Емитер!!
Ајде поздрав
-
Напојвањето долу со шема (дадено од батка) со заземјувањето и ППК ви е комплетно дадено во проектот "Гитарски засилувач" во Емитер!!
Ајде поздрав
Да,го имаат прецртано од иста Web страница.Не е нивни изум,извини(како ни мој!)
Басот изгорел поради појава на едносметен напон,а високотонецот и евентуално среднотонецот имаат во колото кондензатор кој не пропушта едносмерен напон,па затоа не изгореле.Менувај го ИК!!
-
Фала за помошта на сите ;D
Администација извинете за оф топико 8)..Морав да се заблагодарам :D
-
Кога ќе ја обложуваш субшасијата користи челичен лим подобро ги апсорбира магнетните полиња , алиумуниум не користи не го бива а најдобро ти е бакар (но и најскапо ;D)
-
Кога ќе ја обложуваш субшасијата користи челичен лим подобро ги апсорбира магнетните полиња , алиумуниум не користи не го бива а најдобро ти е бакар (но и најскапо ;D)
Дали можиш да ми кажиш со шо и како да ја обложам ???
Ако има негде на форум кажи ми каде :o
-
на форумот незнам дали воопшто има такава работа .
Треба од внатрешната страна да ги обложиш сите зидови на шасијата ,најдобро е ако можеш да направиш цела кутија и да ја намонтираш внатре во дрвената (нормално да ја заземјиш).
Ако не си во можност тогаш фиксирај лим на сите зидови од кутијата и долу ,горе (незнам за каква кутрија се работи) и заземји ги сите парчиња посебно.