Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: SKOLS_OLD on 04.10.2010, Monday, 22:05:01

Title: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 04.10.2010, Monday, 22:05:01
Ај извинете вака но да прашам зашто е предметот Бизнис вовден во средно стручните училишта?!Мене многу ме нервира и нема да учам!! ;D ;D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Bojan on 04.10.2010, Monday, 22:06:17
ни ја не учев бизнис, и стварно мислам дека е непотребен, ама овие нашиве политичари не прават универзалка...за секоја работа да не бива, не само за една...
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: DX-er on 04.10.2010, Monday, 22:07:03
Има таков предмет, кај мене се викаше Менаџмент и Бизнис
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 04.10.2010, Monday, 22:08:18
ја не пипнувам книга,а утре ме испрашува! :-*
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Devil on 04.10.2010, Monday, 22:21:58
и ние имаме бизнис, па мислам дека е добро
бидејќи нема повеќе државна работа, сега секој сака да си отвори сопствен мал/ среден бизнис
па вака ќе научи што како, закони ова она
нас професорот ни кажува што како ако сакаме да отвориме бизнис, на што да пазиме како да работи и така некој работи од практика
пред некое време ни кажуваше за банкарски сметки како да си отвораме ;D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 04.10.2010, Monday, 22:23:55
сега сум 3 година,така?Да,имам 17 години,така?Да,кој ќе запамти што учел во 3,Така??Да,па додека запамтам што сум учел ќе....
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: DX-er on 04.10.2010, Monday, 22:24:20
и ние имаме бизнис, па мислам дека е добро
бидејќи нема повеќе државна работа, сега секој сака да си отвори сопствен мал/ среден бизнис
Тука си во право! Како иде времето испаѓа дека е еден од поважните предмети.
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Devil on 04.10.2010, Monday, 22:31:21
еее, ама кога ќе видиш после мака со отворање бизнис да видиш се како ќе ти дојде на еднаш да не мора после се јово на ново да учиш или па да вработуваш менаџер да го плаќаш со некоја чудна плата ( ништо да не остани за тебе), а вака ќе знаеш колку толку да не пропаднеш
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Bojan on 04.10.2010, Monday, 22:53:19
ама пак, немаат сите во план да си отвараат бизнис, ако сакаш со бизниси да се занимаваш економско што не си се запишал или нешто слично...требало да го направат изборен....и ке се види кој мисли да отвара бизнис или се интересира од такви работи а кој не...
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: GigaWatt on 05.10.2010, Tuesday, 03:16:54
Бие сте сега средно мислете му ја, јас си го поминав моето ;D.
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Georgi on 05.10.2010, Tuesday, 15:29:37
И јас тоа се нервирам, четврток имам тест а не знам до каде сме стигнати. Многу ме нервира предметов!  >:(
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: VLATKO* on 09.10.2010, Saturday, 00:23:29
сега сум 3 година,така?Да,имам 17 години,така?Да,кој ќе запамти што учел во 3,Така??Да,па додека запамтам што сум учел ќе....
хаха не се секирај и во четврта ке го учиш,иначе Стево ти предава.
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SaleSk on 09.10.2010, Saturday, 10:49:27
ни ја не учев бизнис, и стварно мислам дека е непотребен, ама овие нашиве политичари не прават универзалка...за секоја работа да не бива, не само за една...

Точно....Од све по нешто и на крај ништо...  ;D ;D ;D

По мене најголема глупост е што ги направија скоро сите училишта да бидат на еден начин гимназии...Средните стручни и занатски училишта се пренаменија и сите сакаат да бидат бизнисмени и да прават многу пари....А за многу пари треба производство...Е кој ке произведува,(кои луѓе, мајстори, занатлии) или очекуваме нештата од марс да ни паднат и ние само да бидеме трговци, да продаваме и да тераме бизнис, и као демек ние бизнисмени...
Глупости...
Искрено немам видено како изгледа некоја од тие книги, а сигурен сум дека 99% им се препишани од некој странски автори, а во голем дел се превземени од веќе постоечките и заборавени книги од нашата претходна држава, но само добро сложени во нови корици и со реименувани наслови...
Ужасно....
Да немаше објаснување во книгата-скриптата на факултет по предметот Менаџмент, немаше да знам дека "Стечаен Управник" по ново се викал "Менаџер за пресврт", Директор или Управник по ново се вика Генерален Менаџер....жифти све....итн....По мене страшно и жалосно...Почнавме да си го упропастуваме и мајчиниот јазик со воведување на странски зборови и фрази небаре ние така многу културно сме се изразувале, а 90% од личностите кои ги употребуваат тие фрази и зборови не им го знаат ни винстинското значење, нели, бидејќи не знаат како да ги преведат, па глумат лудило.... ;D
Тоа ви е дечки....Страшно е по мене што треба да ве тероризирааат со некакви непотребни екстра предмети кои порано биле имплементирани во секој предмет посебно, или пак на некакво однесување, по ново - менаџирање за комуникација со деловни странки или пак деловни гости...Такво нешто не се учи, тоа се стекнува....
Али ке издржите...Јаки сте вие  ;)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 09.10.2010, Saturday, 11:41:02
сега сум 3 година,така?Да,имам 17 години,така?Да,кој ќе запамти што учел во 3,Така??Да,па додека запамтам што сум учел ќе....
хаха не се секирај и во четврта ке го учиш,иначе Стево ти предава.

Не,не ми предава Стево ми предава Салфетка...Така мислам се вика ;D ;D ;D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Bojan on 09.10.2010, Saturday, 13:23:16
само сале не жали.... ;D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: batka on 09.10.2010, Saturday, 14:15:23
И керка ми е трета година,смер прехрамбен и не го сака предметот Бизнис ;) :D Јас вака резонирам : ако сакаме во Европа,мораме да го научиме Бизнисот! Точно е дека нас ни фалат добри занаетчии и од година ,како што смераат, ке има и двегодишни училишта со цел повекето да научат занает.Тоа е добро,ако сакаш потоа студирај! :-\ Проблемот е праксата.Повекето од Вас поставуваат чудни прашања (чест на исклучоци!),што ме наведува дека многу малку литература читате! Порано беше пострашно(ке кажам во мое време! ;D ;D ;D!),кога немаше Интернет,кога во ЈУ техничката литература беше на српски или хрватски.Затоа ,еве точно на вчерашен ден,далечната 1992 година,малкумина ентузијасти во  НТ -Велес направивме напори даиздадеме една Работна тетратка за 8-мо одделение и да започнеме со воведување на електрониката во осмолетките.Имаше 5 вежби + 2 додатни( за оние кои одат на натпревари) и сите беа замислени да се работат на една универзална печатена плочка.
Започнавме уплашено,ама тетратката доживеа 12 изданија! Учебникот за 8-мо од мојот драг ментор Крсте Василевски е работен по терк на вежбите и нашата програма. Ова нека не е фалба,ама многумина (гледам и Гига ВАт! :o) се уште ја користат! Зборот ми беше дека цел живот треба да учите,макар и Бизнис.Без да го знаете Бизнисот нема пари,без пари нема Електроника!!!
Сега ке ставам како дополнение нешто за Бизнисот,може да го употребите и како проект..... ;) :D
Мотивацијата сум ја ставил двапати,затоа ке повторам и ке ви обезбедам помош за проект кој треба да го изработите!
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Devil on 09.10.2010, Saturday, 18:56:47
Луѓе, убави мислења прочитав продолжете така, развијте некоја добра дискусија ( да не ме сватите погрешно само ), само одбегнувајте да мешата политички партии д апосочувате против личности ( за групи не важи ) и некој така работи кој можат да наштетат, не само нас и вам ќе ви штетат после

продолжете сега со дискусијата

Инаку сале е во право, учебникот по бизнис е составен од повеќе книги ( најчесто српски ) па преведени во една .. а учебникот е на толкав голем и бил за сите стручни струки, од техничко до медицинско школо па и економско и стопанско ( патен сообраќај ), па и земјоделско и тн...
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 09.10.2010, Saturday, 19:00:04
готово утре започнувам штрајк дека овој предмет ми е најглуп!
Ем тоа во четвртокот испрашуваа и добија 10 единици,мене не ме испрашаа!! ;D ;D 8)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Devil on 09.10.2010, Saturday, 19:09:43
мене ме стана некни ама пошто е прост предмето и лесен за учење си знаев и не ми пиша кец :)
плус ми пиша :)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Georgi on 09.10.2010, Saturday, 23:24:30
мене ме стана некни ама пошто е прост предмето и лесен за учење си знаев и не ми пиша кец :)
плус ми пиша :)

Зависи и професорот колку бара...  :)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 22:58:55
секогаш иде вака на прво место електроника,на второ место учење,на трето место искачање женски итн.!! ;D ;D
Бизнис на крај! :D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 23:36:33
Се е бизнис! ;) :D ;D Учете,па после ке има и женски,и електроника и делови....
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 11.10.2010, Monday, 14:15:10
Ја на школо кој бизнис им го правам!
Сите ќе ми побараат плочки и јас за 40 денари им ги изработувам! ;) ;D ;D ;D ;D 8)
Бизнисмен прав сум!!
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: Bojan on 11.10.2010, Monday, 20:18:39
тапа бизнисмен си ти..јас делови им купував...деловите сум ги платил (пример) 50 денари, јас им земав по 100 денари... :D и секогаш имав пари тогаш...не сега па пари за леб немам (не ме сваќајте буквално...)  8)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 12.10.2010, Tuesday, 08:47:32
ама јас плочките дома ги имам собрано старине излитени плочки,зимам Астрата и ги подмладувам за 20 минути гланцање! ;) ;D ;D Кога ми нарачуваат јас одма правам во серија 10 плочки минимум! :o
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: batka on 12.10.2010, Tuesday, 18:32:11
Кога сме кај плочки - имам едно педесетина плочки 5х3 см тајмер со 555 .. ако му требаат за во школо некому! Цена - оставам на вас. :D
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 12.10.2010, Tuesday, 19:43:08
чекај малку!Изработени се плочките или не!? Исто така на нив е залемено 555-та?
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: batka on 12.10.2010, Tuesday, 20:22:01
Не,само направени и избушени 5Х3 см - 20 ден парче(ситоштампа).555 е посебна тема.
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 12.10.2010, Tuesday, 20:25:03
ааа,посебно се плочките а посебно 555-те!
Колку пари за 555-те,ми требаат 100 парчиња!
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: batka on 12.10.2010, Tuesday, 20:29:27
За 100 парчиња-900 денари ;)
Title: Одг: Кој го измислил предметот Бизнис!??
Post by: SKOLS_OLD on 19.10.2010, Tuesday, 22:02:29
Денеска си добив 5 бизнис!! :P ;D ;D ;D ;D