Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: batka on 30.09.2010, Thursday, 23:02:02
-
Еве да се префрлиме на она што го започнавме.Ако сакате заеднички да работиме и заработиме преку форумов.Соработка за сите кои сакаат да работат на проектот *Школско ѕвонче*.
Проблемот е следен : Се бара програмер кој би направил со ПИК уред кој ке вклучива релеј,преку кого ке вклучуваме во определени интервали (наставен час- одмор).Часот мора да може да се менува (30-40-45 минути) исто и одмор ( 5-10-15-20-30 мин) по потреба.Уредот може да биде самостоен или поврзан со ПК ,преку кого може да се врши потребно подесување.Значи онака како авторот ке замисли.Пример : се стартува рачно-автоматски во определено време уредот,ѕвончето добива импулс преку телето и ѕвони 10 сек. па одбројува 45 мин и повторно ѕвони10 сек.,па одмор 5 минути и пак се активира и се така....7 или 8 часа( да може да се подеси. Опција - скратени часови по 40 или 35 мин. одмор 10,15,30 мин... итд. Не морам да објаснувам! :D Правиме плочка, електронски делови, исправувач, кутија итд. Оставете го тоа на мене! Ми треба партнер за програм,програмирање ПИК, а јас (или ако сакаат нека се вклучат и други!!) нарачувам ПИК ,склопувам и продавам.Доколку сакате секој ПИК посебно го плаќам- купувам.Што мислите за идејава?!
-
Пиши лична порака.
-
batka имаш идеа за бизнис. Одлично нешто.извинете за оф топикот
-
А зашто не направите како што рече Деофрант со РС232 и софтвер за ПЦ!Мислам без ПИЦ!
-
А зашто не направите како што рече Деофрант со РС232 и софтвер за ПЦ!Мислам без ПИЦ!
Проблемот е во тоа што секаде нема ПЦ! Во разговор со школите предност даваат на независен уред во кутија кој би работел по принцип - вклучи и заборави! ;D .Ако го користиме преку ПК се поставува проблем со инсталација на програм(софтвер - може да се украде!) ,обука,потрошувачка на енергија итн.
-
би можело да се направи да има неколку различни режими на работа...на пример режим 1 да биде со часови од по 45 мин и пауза меѓу нив, голем одмор од 20мин после 3ти час. втор режим да биде со часови од по 30 мин и пауза меѓу нив, голем одмор од 20мин после 3ти час. и така натаму и така наваму...и со тастер некој да се одбираат режимите на работа а кој режим е активен да се покажува на некој ЛЕД дисплеј или со светење на соодветна лед диода, ако бројот на режими е помал од 7... ви текнува што ми е идејата???
-
да и еден РТЦ да се стави ќе биде многу добро!!
-
Може ли вака некако? ;)
-
да добро е ова!!
-
Еве нешто ново од емитер...батка ѕирни ;) :D
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3227
-
МАли,ѕирни ти ! ;) >:( >:( Идеата за написот беше моја,ама решението не е до крај разработено ( не се решени одморите):Ја имам и оригиналната шема,ама многу треба да се доградува и експериментира,а јас за жал немам толку слободно време! ???
-
Да се вратам на проблемот: не знам дали го видовте проектот од новиот Емитер,ама ми се чини дека е малку гломазен.Сепак,оставам простор да дискутираме за тоа и некоја нова идеа.
-
Следниот испад од тема ќе биде казна, доколку знаете и можете да помогнете помогнувајте, доколку не се разбирате многу, не се глупирајте
Следене офф топик 3 дена одмор