Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Malecko on 16.09.2010, Thursday, 17:40:50

Title: Полнач на батерии
Post by: Malecko on 16.09.2010, Thursday, 17:40:50
Еве една шема која ја најдов на страницата на Емитер полнач за Li-Ion 4,2V батерии.Едино на шемава нема наведено колку ампери треба да се донесат на полначот.Се надевам дека ќе му се најде на некој шемава. ;D :D

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Battery_Charger.gif)
Title: Одг: Полнач на батерии
Post by: batka on 16.09.2010, Thursday, 17:45:44
Не треба многу.Овие батерии се полнат со 1/10 од нивниот капацитет.Ако е пр.700 мА/часа се полни со 70 мА. Овде може да се употреби секој стандарден адаптер кој има 6 В / 300 мА.Само шемава мислам дека е претрупана,има многу поедноставни шемички кои се исто добри.
Title: Одг: Полнач на батерии
Post by: GigaWatt on 16.09.2010, Thursday, 18:00:38
И јас се сложувам, прекомплицирана е, има и поедноставни ;).

А каков тип на батерии може да се полнат со овој полнач, бидејќи знам дека за различни типови на батерии, на пример Ni-Cd батериите се полнат со дена јачина на струја и напон, а на пример Li-Ion-ските со друга јачина на струја и напон. Знам дека во принцип можеш да ги полниш со скоро било каков еднонасочен напон и јачина на струја, но поентата е да се продолжи животот на батеријата ;).
Title: Одг: Полнач на батерии
Post by: deophorant on 16.09.2010, Thursday, 20:37:15
Секогаш има поедноставни и покомплицирани шеми. И секоја од нив си има намена. Ама секако постои старото правило дека батеријата треба да се полни со 1/10 од нејзиниот капацитет (коњот е најдобро превозно средство зошто не се расипува) но во денешно време важат уште многу други закони, бидејки батериите станаа цела наука, па и полначите како нив (денес секој вози кола, а не коњ). Но сеуште има електроничари кои ги употребуваат старите закони кои без проблем си работат во одредени примени (сеуште има стари кои си јаваат коњи по планините, епа шо да прават кога незнаат да возат кола). Значи прво да нгласам дека оваа шема што е наведена е многу проста и едноставна, за разлика од професионалните полначи кои се скоро и цел компјутер. А се си има своја примена. Не дека не постојат попрости решенија (трансформатор + грец и решен проблем) но тоа веке не го применуваат ни кинезите во најевтините полначи за телефони. Ајде дојде ред и да кажам што е добро во шемава кое кај другите шеми го нема. Како што се гледа Т1 и Т3 работат како струјно огледало, а Т2 е тој што треба да ја наруши рамнотежата во огледалото. TL431 е напонски стабилизатор кој служи да одржи константен напон на излез. Т4 е само драјвер кој ке треба да ја носи излезната струја. И што е доброто во оваа шема, што има ограничување на излезната струја а тоа го прави на следниов начин: кога ке достигне струјата вредност од 0,84А таа останува на таа вредност па макар и да се направи куса врска на излез. Една корисна работа е ако ти се допрат жиците, па макар и да останат во куса врска, ништо нема да изгори, додека кај стандардно решение за 10-20 секунди ке почне да чури се. Но најбитната работа е што ја штити батеријата. Ако батеријата е многу испразнета таа има мал напон, и ако со тој напон се приклучи на стандарден полнач (трефо + грец) ке протече струја и до 2-3А(зависи од батеријата), што ке и го намали животниот век на батеријата за најмалку 100 пати, а таа струја ке трае доволно долго за да го уништи и полначот. Со понуденово решение нема да има поголема струја од 0.8А и со тоа сите срекни и задоволни. Ајде сега да објаснам како се прави огрничувањето. Кога струјата ке достигне вредност од 0.8А ке направи доволен пад на напон на R3 со што ке се вклучи Т2. Кога ке се вклучи Т2 тој нема да може да бутка голема струја и со тоа брзо ке дојде на граница на заситување. Со тоа ке ја крене базата на Т3, а и на Т1. Со кревање на базата на Т3 ке се намали базната а со тоа и респективно и колекторската струја на Т3. А бидејки колекторската струја е базна струја на Т4, значи дека ке се намали и излезната струја, за онолку малку за да се држи таа стабилна. Јас сепак никогаш не би го направил овој полнач, бидејки и овој е прост и играчка за мали деца, а кој сака може да полни и само со трафо и со грец.
Title: Одг: Полнач на батерии
Post by: batka on 16.09.2010, Thursday, 21:20:29
И да додаде едно отпорниче за ограничување на струјата.Добро кажано,ама јас сепак би одел со ограничување бидејќи се продолжува векот на траење .Иначе,во подполност се слагам со тебе.
Title: Одг: Полнач на батерии
Post by: laze on 16.09.2010, Thursday, 23:50:37
се слагам полначот не е сложен него е баш едноставен . Li-Ion-ските батерии се многу осетливи на принципот на полнење и за нив се развиваат интегрални кои го контролираат целиот процес на полнење
температура, струја, напон па дури некои и внатрешен притисок и секое одстапување резултира со намален
век на келијата