Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: daniel spasovski on 30.08.2010, Monday, 11:13:23
-
Ај ако можи да ја погледнете шемава за појачалцево и да ми кажете колку вате е реално и дали може да добијам квалитетн звук со оглед дека е B-класа, и некој збор за тоа што напојување ми треба ;D ;D ;D
(http://img409.imageshack.us/img409/874/dumpingamp.gif)
-
Mое мисленје е дека не е повеке од 50вати....нака писе некој кој мозеби ја има изрзботеноо
-
Не е во B-класа, хибрид е, операциски засилувач со B-класа. TIP142 се дарлингтонови транзистори, што значи дека имаат големо струјно засилување, приближно hfe^2, што значи дека би требало да даваат голема излезна струја. Со некое помоќно напојување би требало да може да испорача и некаде околу 100W, па можеби и повеќе од тоа. Но ограничен си со максималниот напон на напојување на 741, така да мораш да го напојуваш со дефинираниот напон на напојување, а со него не би требало да може да даде повеќе од 50W, 60W, како што рече danix01 ;).
-
Дали ке можам да го сменам 741 со друго интегрално коло и да добијам поголема мокност и кое би било тоа ???
-
Со добро ладење и солидно напојување (да има малку поголема резерва ) би добил и 100 вати колку што е и декларирана шемава.Напојувањето нека биде 30 волти 5А и филтрација со барем 10 000 мФ по гранка .Ладилникот бар 200 см квадратни,со тоа да вклучиш и вентилатор од ПК .741 мењавај го со ТЛ071
без размислување.
-
Што трафо ке ми треба за појачалово ???
-
Искрено, за замена, не знам, поадекватно би било некое со поголем работен напон, на пример некое кое може да се напојува со +-30 или +-40V, ама такви операциски засилувачи тешко се наоѓаат :S. Башка, најчесто се наменети да се користат чисто како аудио засилувачи, што значи дека самите по себе се веќе готови аудио засилувачи, а за да може таков засилувач да се искорити, ќе треба да се модифицират и некои други компоненти во шемата :S.
-
Мислам дека интегралното се користи за појака побуда така ??? Дали во тој случај ке можам да ставам транзистори за побуда место интегралното коло со поголем работен напон ???
-
Шемата е така концепирана да ИК ти служи и како изедначувач на импенданса ,симетрирање на напон и добивање нула, регулација на мирна струја итн. Не треба ништо да менуваш,а трафото треба да биде барем 2 х 24 волти 5-6А за да добиеш со грецот и филтрацијата 2 х 30В 5А .
-
Ке се смени нешто кога ке го сменам интегралното коло ???
-
не, само ова интегрално коло не е добро за аудио, барем не за подобри засилувачи, има прилично изобиличување, има подобри операциони за ваква работа, како што ти предложи батка смени го со тл072-тл082
ова е општо наменски оз
-
Батка пиша со тл 071... сега со кој треба конечно ;D ;D ;D ???
-
Може и со двата, а може и со NE5534 :D
-
Било кој поквалитетен операциски засилувач ќе сврши работа, само да е pin compatible со 741... па и тоа не мора, и онака нема монтажна шема ;D.
-
Респект + и за двајцата поради помошта ви благодарам ;D ;D ;D
Споено мислење: 31.08.2010, Tuesday, 12:18:44
Имам дома еден грец за појачалцево само незнам колку максимум напон и ампеража може да издржи ;D
Ако знае некој да ми каже ке биде добро за да не купувам нов грец...
На грецот пишува :
S5VB
10 53
-
Сликај го, стави до него предмет кој ја знаеме големината, мобилен, запалка и ќе ти кажеме ;)
-
Ако е S5VB (коцкаст, со дупче за штрафење во средината) е за 100V/6А и ако го заштрафиш на кутијата да се лади би требало да ти заврши работа.
-
Ти благодарам LordZi ;D ;D ;D
Споено мислење: 01.09.2010, Wednesday, 13:45:48
Сега ми интересира уште само што мислите за шемава дали работи ;D ;D ;D ?
И некој збор за класата б што можам да очекувам ;D ?
-
Што си се уплашил - шемата проверено работи и со тие Дарлингтон транзистори со респект дава 100 вати - ич да не береш гајле! Само ти реков стави добро ладење,по можност и на побудните БД.. ,по едно алуминче 5х3 см и барем 2 мм дебелина .Ако ја нацрташ шемата самиот направи така да и излезните и побудните транзистори бидат во линија на еден ладилник и со силиконска паста и изолатор да ги прицврстиш на ладилникот!Ако си мајстор стави и еден вентилатор од напојување за комп. и работата е решена за да работи 24 часа непрекидно ! Отпорниците 180 0ма нека бидат за 1 ват јачина,за да не греат .Толку од мене.
-
Ти благодарам батка респект плус од мене за помошта ;) ;) ;)
-
Неверојатно лудило скоро за приближна цена малку поскапо ;D го видов турскиот засилувач од 150 вати па ми се допадна поради поголемата моќност и едноставноста ;D па бидејќи денеска ке одам да купувам делови за напојувачкиот дел дали ке може да ми кажете дали шемата е испробана (работи) ???
Иначе шемата е со транзистори тип 142 и тип 147 ;D
-
Аман бре,пет пати го прашуваш тоа! А,шемата не е турска.Може би и тие ја позајмиле од некој сајт ;)
Шемата ја има и во транзисторска варијанта ( само со транзистори!) без ИК и слични матракуки :D,ама за почетници е полесна ова со ТЛ071 и Дарлингтон -пар. И доста прашуваш - работи и дај да видиме сто ке направиш! >:(