Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: daniel spasovski on 17.08.2010, Tuesday, 13:31:39

Title: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 17.08.2010, Tuesday, 13:31:39
За трафово знам дека само кафеавата жица е примар и уште една ама незанм која...
Има повеќе жици бидејќи е предвидено за различни влезни напони (360волти, 110волти)
Еве слики од трафото па кој знае кои му се примарни жици нека пише  ;D ;D ;D
И доколку знае нешто за снагата или за што може да го искористам нека пише ;D ;D ;D
Code: [Select]
http://pic.mk/?v=photo0236.jpg
http://pic.mk/?v=photo01282045302.jpg
http://pic.mk/?v=photo0237.jpg
http://pic.mk/?v=photo0238.jpg
http://pic.mk/?v=photo0239.jpg
http://pic.mk/?v=photo0240.jpg

Администрација: Прочитај ги правилата и кодирај линкови
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Malecko on 17.08.2010, Tuesday, 14:38:07
Види поврзиго трафото сериски преку сијалица и експериментирај.Јас исто имав едно вакво трафо беше дупло можеше да работи и на 110V и на 220V имаше 6 жици кај примарниот калем и 2 жици кај секундарниот и исто ги имаше боите на жиците како кај твоето трафо само без плавата жица јас вака ги поврзав: виолетовата и белата ги поврзав на 220V,сивата и кафеавата не ги поврзував само ги замотав со изолирбан,портокаловата и жолтата ги поврзав заедно и работеше е сега незнам кај тебе како е бидејки има уште една жица затоа пробувај преку сијалица и види што ќе направиш. ;)
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 17.08.2010, Tuesday, 14:46:50
Јас би „играл“ на сината и кафеавата, но пак преку сијалица, да не случајно направи „паааау“ трансформаторот ;).
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 17.08.2010, Tuesday, 15:02:22
И јас мислам дека кафеавата и плавата се примар ама како да екпериментирам малку подобро да ми објасните ке може ???
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 17.08.2010, Tuesday, 15:08:48
Прочитај ја темава ;).

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1786.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1786.0)
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 17.08.2010, Tuesday, 15:37:47
И сега како ке знам дали трафото работи со кафеава и плава жица ??? Ако трафото е приклучено и светилката приклучено сериски со него свети тоа значи дека е у ред или ???
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Bojan on 17.08.2010, Tuesday, 15:57:42
не, ако светилката свети, тогаш значи дека нешто не е во ред...
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Zdravkovski on 17.08.2010, Tuesday, 16:22:45
Значи не е погрешно ни сериски да се поврзи светилка но и со унимер може за се одреди која е примарна а која секундарна намотка , најчесто е вака на примар поради тоа што има повеќе намотки со помала дебелина а поголема должина има поголем отпор а на секундар дебелината на жицата е поголема а има и помалку намотки најчесто отпорот е многу по мал но како и да правиш биди многу внимателен на примар имаш многу висок и опасен по живот напон !
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Bojan on 17.08.2010, Tuesday, 19:30:57
тоа да, но човекот рече дека имал повеќе примари, за на 110, 220V и за други напони...
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Devil on 17.08.2010, Tuesday, 20:02:17
јас мислам дека двете црвени одат на 220V :)
по некоја глупа логика така ми иде :)
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: MarkoMK on 17.08.2010, Tuesday, 20:58:56
И јас мислам дека двете црвени се примар - потенки се и се на различна страна од другите. На секундарната страна има повеќе напони и затоа повеќе жици.
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 17.08.2010, Tuesday, 22:15:15
Па по некоја логика (по логиката на Devil и на MarkoMK), и јас истото го мислам, ама ај да му се даде на трафото the benefit of the doubt, нека проба со сијалицата на (под претпоставка) секундарните намотки ;).

Дури и црвените да се, пак нека се проба со сијалица ;).
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: laze on 17.08.2010, Tuesday, 23:59:52
дали знаеш од што е овој трансформатор ,дали си сигурен дека дека црвените жици се секундар (пробај да видиш ја намотката што е приклучена на црвените жици треба да е најдебела лак жица ),дали случајно го знаеш излезниот напон на примарната страна ? Ако многуте жици се примар ,најверојатно се работи за трансформатор за повеке влезни намотки 110,220,230, итн .360 неверувам . е сега вака земи ом метар и најди во примарниот дел две намотки со ист отпор  и поголем од се она што ке измериш од примарната страна најверојатно тие се намотките што ти требаат , врзиги овие две намотки сериски (пази почеток крај ) вака би требало трансформаторот да работи на 220 ( пробај со сијалица ) е сеа тие што ти останаа треба исто сериски да се поврзат за 240 (пак со сијалица ) и мери на секундарот да добиеш некој разумен напон а не некој 1000,2000 в  :) внимавај
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: MarkoMK on 18.08.2010, Wednesday, 00:20:10
Јас имав ваков сличен (ако не и ист) трансформатор извадено од аналоген сателитски приемник...
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 18.08.2010, Wednesday, 16:05:20
А доколку го пробам ова со сијалицава дури и да ја згресам намотката наместо на примар 220 волти да приклучам 220 на секундар ке рокне трафото  ;D ;D ;D

Споено мислење: 18.08.2010, Wednesday, 16:07:26
???
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 18.08.2010, Wednesday, 16:18:53
Не, па тоа е целата поента, место да „рокне“ трафото, да засвети сијалицата, струјата што ќе треба да протече низ трафото и да го оштети, ќе протече низ сијалицата и ќе го заштити трафото ;). Сијалицата „глуми“ осигурач (најслаба алка во ланецот на проток на струјата), само што не гори, туку едноставно ќе засвети ако нешто не е во ред приклучено.

Истиот принцип на заштита ги имаат и високотонците на некои стари PA звучници (во денешно време мислам дека овој метод веќе не се применува или многу ретко се применува), имаат сијалица од 12V (од оние што се за трепкачи за камиони, може и како за кола, ама подобро од камион) ставено во серија со позитивниот извод од напојувањето на високотонецот. За да не прегори високотонецот од преоптеретување, почнува да свети сијалицата (во ритамот на музиката се разбира, моќноста што треба да ја истроши високотонецот, а со тоа и да прегори од прегреаност, ја троши сијаличката ;)).
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 18.08.2010, Wednesday, 18:08:58
Го пробав тој метод со сиалицата и сиалицата не светна што знаци кафеавата и плавата се вистинските жици  ;D ;D ;D
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: Bojan on 18.08.2010, Wednesday, 18:16:42
така е, и види со унимер измери го напонот на секундар...
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 18.08.2010, Wednesday, 18:35:33
Изгорен ми е унимерот кога ке купам нов ке измерам и ке ви кажам...
Само тогаш ке ми треба помош за да ја одредам снагата  ??? ??? ???
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 18.08.2010, Wednesday, 18:38:53
Го пробав тој метод со сиалицата и сиалицата не светна што знаци кафеавата и плавата се вистинските жици  ;D ;D ;D

Јас би „играл“ на сината и кафеавата, но пак преку сијалица, да не случајно направи „паааау“ трансформаторот ;).

хехеххехе ;D ;D ;D, што реков ;D.
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: daniel spasovski on 19.08.2010, Thursday, 00:05:03
Ама и тоа не е како што треба и со други жици кога пробувам сиалицата не свети ај сега ?
Title: Одг: Кои жици се примар на трафово
Post by: GigaWatt on 19.08.2010, Thursday, 00:54:34
Па види кој напон го дава на излез (на црвените жици, па и на другите изводи) трансформаторот, ако дава некој „баснословен“ наизменичен напон од на пример 40V (што е преголем за толку мало трафо), значи најверојатно не се тие жиците, најверојатно си го врзал на изводите за 110V на влез, а трансформаторот не гори зашто работи во „празен од“ (нема на него врзно потрошувач). Така да не се води само по тоа дали светнала сијалицата или не, треба и да мериш ;).