Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 06.08.2010, Friday, 00:37:17
-
Што е разликата? И дали (и какви) други видови плочки има???
-
разликата е во цврстината, пертинекс се по кршливи од витопласт
-
Има и други разлики, во принципoт на изработка и хемискиот состав највројатно, но најголема разлика е квалитетот, тоа да ;).
-
А како да одредам што е пертинакс а што витропласт?
-
Еве како изгледа бојата на плочка изработена од пертинакс ;).
(http://www.sprut.de/electronic/pic/projekte/game1/game1_b.jpg)
Еве како изгледа бојата на плочка изработена од витропласт ;).
(http://img707.imageshack.us/img707/1073/iclpcb.jpg)
-
јас па се мислам дека не се такви плочите
можеби грешам али витропласт се она глупите обични плочи кафеави по боја одозгора кој се лесно кршливи и послаби од дргугиве
а пертинакс се како на 2-та слика што ја наведе гига
( она втората слика инаку е волтметар ;D, откако направив неколку знам како изгледаат сите плочи за ним )
-
Не, не. Првата слика е плочка од пертинакс, втората слика е плочка од витропласт ;).
-
Најверојатно е така како што вика Гига. „Витро“ мислам дека е нешто низ што се гледа (пр. витрина). Па витропласт би требало да биде „провидна пластика“, според некоја логика.. :)
+реп
-
Да, од витропласт плочките се до некаде проѕирни ;).
-
И додека дискутираме, Пертинакс или Витропласт, на сцената излезе новата електонска алуминиумска плоча IMS PCB protoypes with Aluminium core. (http://www.pcb-pool.com/ppuk/info_pcbpool_alupanel.html)
-
Да, ама коштаат „само 117.81 евра“ за една плочка ;D. Интересно, ама сеуште скапо за наш стандард... нажалост...
-
Мислам дека за нашиот стандард витропластот е најдобро решение ;D
Пертинаксот е покршлив затоа ::) витропластот повеќе се користи ;D
-
Да, ама пертинаксот се буши многу полесно и побрзо од витропластот ;), кој ги "јаде" бургиите за секунда. За некои помали не толку оптеретени плочки е подобро и поевтино решение.
-
Дали некој има информација за разликите помеѓу пертинакс и витропласт но при ВФ (високи фрекфенции) и како се однесува некое исто коло направено на пертинакс и витропласт?
-
не би требало да има разлика бидејки и двата матријали се не-проводници а бакарот е ист :) мислам дека нема проблем. Диме од Велес (тој со верониката) направи на пертинакс и вика дека е презадоволен
-
Иако не се проводници, ВФ струите различно се однесуваат во различни диелектрични средини (различни изолатори имаат различни диелектрични својства) што значи дека меѓулинииските капацитети и индуктивитети ќе бидат сосем поразлични кај витропластот и кај пертинаксот, прашав дали некој ги знае овие карактеристики и како делуваат на овие параметри. Исто така диелектрикот прави ефект на загуби (диелектрични загуби) кој се исто така битни.
-
Јас барем колку што сум забележал, витропластот е поскап, што по некоја логика би требало да значи дека е поквалитетен, што пак би требало да значи дека е подобар изолатор (има поголема диелектрична константа). А за тоа како се однесуваат витропласт и пертинакс на високи фреквенции, искрено не знам.
Можеби како пример може да се земат матичните плочи, каде што сите знаеме дека низ бакарните проводници се движат напони и струи со фреквенции од стотици мегахерци. Тие се изработени од витропласт, што по некоја логика би требало да значи дека витропластот се „однесува“ подобро од пертинаксот на високи фреквенции (сигурен сум дека произвдителите на матични плочи сигурно ќе сакале да заштедат на производната цена на матичната плоча ако виделе дека пертинаксот и витропластот се однесуваат исто при високи фреквенции на работа на колата поставени на тие плочи ;)).