Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: batka on 02.08.2010, Monday, 18:09:38

Title: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: batka on 02.08.2010, Monday, 18:09:38
Доколку има интересенти ке поставам повеке шеми за почетници во електрониката.
Овие плочки се изработени 1991/92 год во Народна Техника -Велес и на нив се работат повеке едноставни вежби со транзистори или интегрирани кола од типот NE 555, LM 741 ,но по ваша замисла можете да ги користите како универзални.Има можност да се поврзат две или повеќе плочки и да се прават разни комбинации.Оридиналните плочки се со димензии 5 х 3 см, ама може да ги групирате
во групи од 2,4,6 растери на една плочка.Засега ке поставам две шеми да видите како во 91 со 386 се работеа шеми.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: GigaWatt on 02.08.2010, Monday, 23:15:09
Ги знам плочкиве, кога бев основно работев со нив ;). Во петто одделение го замолив професорот по OТП (ни беше класен ;D) да ми даде еден кит комплет за електроника за осмо одделение ;D. Прескреќен бев кога го добив ;D. Нон-стоп си праев некои склопчиња и експериментирав со вредностите на отпорниците и кондензаторите ;D.

Лелееееее, сега кога ќе ми текне не ми се верува што имам тогаш правено, бегав од часови и идев во работилница (професорот по ОТП ни даваше клуч од работилницата на сите што се интересиравме малку повеќе за ОТП, без разлика дали е за електроника, механика, што и да е) па таму си правев секакви склопчиња. Неколку пати за малку ќе ме избркаа од школо зашто имав премногу неоправдани од бегање, хахахахах ;D ;D ;D. Ама дека класен ми беше професорот по ОТП, и плус дека се интересирав за електроника, секогаш ми ги оправдуваше и ме бранеше, па и дека идев на натпревари, мислам дека и тоа играше голема улога ;).

Штета што професорот по ОТП не се разбираше многу од електроника, па морав да барам помош од други места за да раберам како функционираат шемите :S.

Како и да е, шемичките се супер за апсолутни почетници, јас почнав со нив и мислам дека се супер почеток ;). Штета што ја укинаа програмата (барем колку што знам јас укината е) :S. Можеби не треба да биде задолжителна, ама мислам дека треба да ја имаат на листа на изборни предмети учениците ;).
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: batka on 03.08.2010, Tuesday, 18:11:36
Ако си одел на натпревари на Народна Техника веројатно сме се сретнале. :D Далеката 1991/2 за прв пат започнавме со ова програма,ама веројатно ти не си ги дочекал поновиве плочки за ИК :'(,бидејки се јавија 5-6 години потоа. Се на се, програмата тече,само што предметот ОТП го направија изборен.
Слушам дека повторно ке го направат редовен.Сега е воведена уште една конструкторска кутија со програм за работа со ПК ,кој преку него контролира работа на вентилатор релеј.... вкупно осум уреди.
Проектот го финансираше УСАИД и досега има опремено десетина училници низ Македонија.
Одиме натаму : неколку нови туторијали за почетниците.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: GigaWatt on 03.08.2010, Tuesday, 18:25:21
Далеката 1991/2 за прв пат започнавме со ова програма,ама веројатно ти не си ги дочекал поновиве плочки за ИК :'(,бидејки се јавија 5-6 години потоа.

Да, нажалост не ги дочекав :(, ги знам само тие првите, што се за транзистори, и мислам дека дома сеуште имам такви плочки ;D. Беа од пертинакс изработени (колку што ми текнува), а тие поновите (со водови изработени како за ППК-то за NE555) беа изработени од витропласт (мислам дека малку на зеленкаста или сина боја „удираа“ ;D).

Ако си одел на натпревари на Народна Техника веројатно сме се сретнале. :D

Па најверојатно ;D, само мал бев тогаш, 6-то одделение ;D.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: eptenstrucnak on 03.08.2010, Tuesday, 19:00:29
Поздрав до "batka". Би те замолил ако сакаш за последните два документи за напредни електроничари да ми дадеш монтажни шеми.
ПОЗЗ.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: batka on 04.08.2010, Wednesday, 14:11:11
 :D Затоа се викаат и - шеми за напредни електроничари.За нив се дадени само бланко плочки ,па самите да ги направат монтажните шеми.Но,во ред ,ке најдам време и ке направам монтажни шеми за двата проекта.Сега ке поставам уште неколку шеми.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: DX-er on 05.08.2010, Thursday, 18:09:54
Браво batka, имаш репутација :) Кога бев 7мо одд 8мите правеа АМ предавател по ОТП па кога јас бев 8мо се идеше по друга прогама и шемите беа различни и нажалост не го видов тој АМ предавател, па ако случајно ја имаш шемата од него би те замолил да ја ставиш.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: batka on 05.08.2010, Thursday, 21:58:36
Да,тој мислам беше превземен од хрватска школска книга и мислам дека ја имам некаде во подрум.Ке се потрудам да ја пронајдам.
Title: Одг: Туторијал за ептен почетници 1
Post by: Devil on 22.06.2011, Wednesday, 15:04:22
Ако си одел на натпревари на Народна Техника веројатно сме се сретнале. :D Далеката 1991/2 за прв пат започнавме со ова програма,ама веројатно ти не си ги дочекал поновиве плочки за ИК :'(,бидејки се јавија 5-6 години потоа. Се на се, програмата тече,само што предметот ОТП го направија изборен.
Слушам дека повторно ке го направат редовен.Сега е воведена уште една конструкторска кутија со програм за работа со ПК ,кој преку него контролира работа на вентилатор релеј.... вкупно осум уреди.
Проектот го финансираше УСАИД и досега има опремено десетина училници низ Македонија.
Одиме натаму : неколку нови туторијали за почетниците.

дај барем кажи како се вика програмата која ја користат за контрола да ја побараме ми треба нешто така :)