Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 19.07.2010, Monday, 18:38:05

Title: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: DX-er on 19.07.2010, Monday, 18:38:05
Се сетив на една стара мистерија која до ден денес неможам да ја расчистам. Порано кога се појавија CD режачите и на големо купувавме CD-a  за режење на слики, филмови, програми, игри аудио песни па и некој порнич  :D е сега купувавме стандардни CD-a oд пазар и на исто CD можеш да снимиш и програми но и песни во аудио формат (CD-aта со 20 песни што се) е сега по продавниците имаше CD-a на кои пишеше CD digital audio и беа 3-4 пати поскапи од обичните CD-а а и брзината на снимање беше многу мала и се движеше до 4 брзини а заразлика од нив обичните се снимаа и со 48 брзини. На тие CD digital audio освен што можеше да се снима аудио (до 20-21 песни) можеше да се снима и програми. Па никако неможам да си разјаснам што беше финтата со тие CD-a. Кај двата типа на CD-a звукот беше ист бидејки и онака тоа е дигитална снимка која е нас 1mbps. Aко некој знае нека пише.
Title: Одг: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: GigaWatt on 19.07.2010, Monday, 19:25:04
Разликата е во векот на траење на тие дискови, мислам дека digital audio CD серијата беше изработена од Verbatim (колку што ми текнува, тоа беа оние дискови што беа изгравирани од горната страна да личат на плочи). Тие беа Metal Azo дискови и подолго траат од обичните CD-а. Разликата е во слојот на кој се снимаат податоците. Metal Аzo дисковите се поотпорни на директна изложеност на дневна светлина од обичните дискови. Според некои статистички податоци, доколку Metal Azo дисковите ги оставите директно изложени (свртени од страната на кои се снимени податоците) на дневна светлина, потребни се дури два дена за да снименото CD стане неупотребливо, додека кај обичните дискови, овој процес е многу побрз (мислам дека е 2 до 3 часа, ако не и помалку). Исто така голе удел имаат и некои други фактори кои го подобруваат квалитетот на CD-то, како на пример платиката од која  изработена „основата“ на CD-то (кај Metal Azo дисковите е поквалитетна и поотпорна на гребење, со зборовите на еден мој пријател „можеш да скијаш на CD-то и после пак да го чита без проблем CD-плеерот“ ;D). Брзината на снимање на дисковите беше ограничена поради фактот дека најмалку „грешки“ (не се грешки, ама за да поедноставам, ај така ќе пишам) при снимањето на CD-то се прават при снимање на помали брзини. При снимање на поголеми брзини на аудио дискови се прават поголеми „грешки“, а со тоа и џитерот (број на погрешно декодирани бити при репродукција на аудио CD-то) е поголем, што како краен резултат дава понеквалитетен звук, а во определени случаи е невозможно дури и да се исчитаат аудио податоците правилно. Се разбира, понеквалитетниот звук може да се забележи само на поскапи CD плеери, на CD плеери од ниска и средна класа (најчесто) не се забележуваат овие недостатоци.

Се разбира, секое празно CD може да се снимаат било какви податоци. Само ако пишува дека е наменето за аудио репрродукција (снимање на Audio CD), не значи дека мора да се користи за таа намена ;). Јас на пример имам снимано на такви дискови MP3 колекции (што секој програм за снимање на CD-иња ги гледа MP3 песните/траките како data и го снима CD-то како data CD, не како Аудио CD).
Title: Одг: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: DX-er on 19.07.2010, Monday, 20:34:55
фала ти за обемниот одговор. Значи digital audio дисковите се поквалитетни а и нивото на грешки при снимањето е помало бидејки намерно е ограничена брзината на снимање. А дали ако снимам на обично CD аудио но со мала брзина, дали ке се постигне ист ефект како да сум снимал на digital audio CD (но без оној квалитет за држење на CD-то на сонце) ?
Title: Одг: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: GigaWatt on 19.07.2010, Monday, 20:59:12
Па да, во принцип да, само што не баш буквално ист, Metal Azo-то има поголема остеливост при снимањето (на определени бранови должини се разбира, на тие при кои се снимаат податоците, на сите други бранови должини има поголема отпорност одколку другите дискови), така да „дупките“ на површината се прават попрецизно, па на тој начин и се налуваат и бројот на грешки при репродукција на CD-то (џитерот).

Како генерално правило важи дека аудио дискови се режат (снимаат) на најниската брзина што може да ја поддржи режачот (снимачот), без разлика дали станува збор за висококвалитетни дискови наменети за снимање на аудио сигнал или обични општонаменски дискови ;).
Title: Одг: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: Devil on 20.07.2010, Tuesday, 11:03:37
да, на најниска али знае некогаш после режење ич да не се чита од тоа цд повеќе :)
ми се има неколку пати случено таква работа да изрежам на најниска брзина ставам во ЦД плеерот и оп.. нема ништо ;D
Title: Одг: Дали има разлика меѓу CD и digital Audio CD ?
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 15:33:55
Тоа е веќе и до самото CD (квалитетот на CD-то), мене ми се има случено (со многу евтини дискови) да ставам празно CD во режачот и да ми го јави како полно (веќе изрежано).