Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 25.06.2010, Friday, 22:38:57

Title: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 25.06.2010, Friday, 22:38:57
Се работи за ФМ предавател кај кој излезната снага се регулира со променлив отпорник, дали на некој му е јасно како може овој начин на регулација да се направи и кај правените предаватели ?

Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: Devil on 25.06.2010, Friday, 22:48:12
некој напонски или струен рагулатор можеби за напојувањето ?
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 25.06.2010, Friday, 23:15:38
ама ако се регулира снагата со промена на волтажата тогаш ке се измести работната точка на транзисторот така да тоа мислам дека не е.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: BorceBT on 26.06.2010, Saturday, 01:33:37
Можеби потенциометар на побудата на засилувачот ќе ја добие саканата регулација?
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 10:11:43
Па и јас мислам така, во тој случај ке се промени само работната точка на еден транзистор кој можеби е BFR96 :) a другите транзистори ке бидат со нормален напон
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: BorceBT on 26.06.2010, Saturday, 11:41:50
Мислев на директна регулација на ВФ сигналот, значи мала плочка на која влегува коаксијален кабел, има на неа оклопен потенциометар квалитетен и излегува коаксијален кабел. Значи ако се прави ваква регулација на предзасилувачите (баферите) не е битно што излезот од потенциометарот нема да биде со импеданса од 50 оми бидејќи влезот на наредниот предзасилувач (ако биде во А класа) сигурно нема да треба да биде 50 оми :)
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: didy on 26.06.2010, Saturday, 12:14:57
МОЖЕБИ СО ЕМИТЕР ФОЛОВЕР, ЈА РЕГУЛИРА МАКСИМАЛНАТА СТРУЈА ПРЕКУ ЕМИТЕРСКИОТ ОТПОРНИК, БЕЗ ДА СЕ ПРОМЕНИ НАПОНОТ.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: ivica.s on 26.06.2010, Saturday, 12:57:42
Еве како мислам јас дека е направено

(http://www.pic.mk/thumbs/sch2.jpg) (http://www.pic.mk/?v=sch2.jpg)
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 14:05:58
Мислев на директна регулација на ВФ сигналот, значи мала плочка на која влегува коаксијален кабел, има на неа оклопен потенциометар квалитетен и излегува коаксијален кабел. Значи ако се прави ваква регулација на предзасилувачите (баферите) не е битно што излезот од потенциометарот нема да биде со импеданса од 50 оми бидејќи влезот на наредниот предзасилувач (ако биде во А класа) сигурно нема да треба да биде 50 оми :)

Вака те разбрав: Сигналот од А класа појачалото пред да влезе во C класа да биде намалуван по потреба од страна на потенциометар ? Каков тип на потенциометар е тоа (пром. отпорник или некој друг тип за RF) ?
Е сега зошто викам кога сигналот ке излезе од појачалото од А класа? Бидејки појачалата во А класа се будни цело време без разлика дали има сигнал или нема па мислам дека иако нема сигнал а транзисторот е буден тој ке дава нешто на емитер, макар некој шум. Поправи ме ако грешам.



Еве како мислам јас дека е направено

(http://www.pic.mk/thumbs/sch2.jpg) (http://www.pic.mk/?v=sch2.jpg)

Имам направено ваков тест како што кажа didy и ivica.s но приметив дека со вртење на потенциометарот фрекфенцијата по малце се изместува па земав волтметар и приклучив и замислете и волтажата се менуваш и тоа. Предавателчето беше приклучено на 13,8V струја а со потенциометарот паѓаше и на 7V...
Значи со овој начин за регулирање доколку потрошувачот не е приклучен на волтметар не се менува волтажата па колку и да вртиш со потенциометарот а стави му потрошувач и тогаш и волтажата паѓа.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: ivica.s on 26.06.2010, Saturday, 14:31:16
Па тоа е и замислата, со вртење на потенциометарот се намлува напонот на BFR96 транзисторот а со тоа моќноста што тој ја дава на потрошувачот односно антената или пак на наредниот засилувачки степен во предавателот.

А тоа што се менува малце фреквенцијата нормално е, оти со промената на напонот на транзисторот BFR96 се менува  и неговиот  паразитски капацитет и со тоа тој  “го влече“ осцилаторот.

Ако предавателот има PLL фреквенцијата не треба да се менува ;)
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 14:37:56
Промената на фрекфенцијата не е проблем бидејки осцилаторот ке има посебно напојување а и ПЛЛ па нема да има проблем. Но види шро е работата: Нели со промена на волтажата се менува работната точка на транзисторот и како што ми кажа еден член од форумов штом ке се изобличи сигналот или така нешто.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: ivica.s on 26.06.2010, Saturday, 15:35:52
Шемата која што јас ја поставив е засилувач во C класа кој по дефиниција има големо изобличување и произведува многу хармоници, па тоа со промена на работната точка не верувам дека ќе биде проблем.

Хармониците се намалуваат и сигналот “се чисти“ со излезниот филтер, кој се поставува меѓу предавателот и антената.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 15:39:03
мислам дека охромниот број хармоници е токму до BFR96. Јас тестирав со BFR96 кој даде многу хармоници а пак потоа го извадив тој и ставив 2N2219 и хармониците значително се намалија.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: ivica.s on 26.06.2010, Saturday, 17:40:13
BFR96 има Ft=5 GHz  и може да има хармоници кои се на 200, 300.. итн мегахерци дури и преку 1 гигахерц,  a 2N2219 има Ft=300 MHz и не произведува толку хармоници ама па затоа има понизок Power gain односно степен на засилување. 
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 26.06.2010, Saturday, 18:09:51
oва е интересно. Значи транзисторите кои засилуваат на пример на 5 или 10GHz ке имаат повеке хармоници при засилувањето на ниските фрекфенции. Може најдобро да се има транзистор кој е предвиден само за ФМ и да засилува до 110MHz :)))
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: DX-er on 29.06.2010, Tuesday, 21:15:15
Ова што ке ви го кажам е уште по чудно.

Пред 1 година радио пират од БГ ми има кажувано дека емитува со ФМ предавател и тоа преку ден со 5W а преку ноќ со 200W, а регулацијата (намалувањето) на ватажата ја врши со потенциометар. како е ова можно? Поради тоа што тешко се разбиравме не можев да го сватам како го извел тоа. Еве што ме чуди: предавателот му беше составен од драјвер (слаб предавател) кој се поврзува на појачало од 5W а потоа иде во друго појачало па во трето и добива 200W. Е сега еве што е нејасното. Ако тој го намали сигналот на драјверот (предавателот) како толку слаб сигнал ке пројде преку 200W засилувач и да излезе како 5W ? Транзисторот од 200W нема шанса да се пробуди со мала снага па на крајот да извади 5W.Нели сигналот ке биде блокиран и ке се врати како голем SWR кај останатите засилувачи ?

Значи не ги вади последните 2 појачала па да емитува со 5W туку намалува со потенциометар. Како е можно ?
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: GigaWatt on 29.06.2010, Tuesday, 21:46:45
Можеби излезната моќност на транзисторите ја огграничувал, или ставал отпорник во серија со антената, што знам :S.
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: Devil on 29.06.2010, Tuesday, 23:45:52
можеби користел преклопник ?
можеби има додатна електроника за да со потенциометар отвора затвора некакви порти кој после вклучуваат исклучуваат некој елемент од колото со што се регулираа сето тоа

п.с. мака ми е сега да качувам на нет доцна е потсетете ме утре најдов нешто за FLL ( не е исто со PLL)
Title: Одг: Kaко е возможно да се изведе ова ?
Post by: batka on 14.07.2010, Wednesday, 09:10:54
Не постои транзистор *само за ФМ*.Секој предавател има и мора да има хармоници,само најголемиот проблем е како да се намалат или блокираат.Има повеке начини за тоа,а аматерски е наједноставно со пасивни филтри.Што се однесува до регулацијата *диди*даде добра формулација,а ако сакате да пробате ставете еден тример од стотина оми во колекторот на излезниот транзистор на некој едноставен ФМ баг и вртете полека! Со намалување на отпорот ке се заголеми јачината,ама и ке го зголемиме греењето на транзисторот! Вистинската јачина треба да ја бараме некаде во средина,или би рекол во добро ладење!