Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Malecko on 23.06.2010, Wednesday, 18:59:40
-
Здраво ќе ве молам за помош да ми помогнете на шемава
(http://www.circuitstoday.com/wp-content/uploads/2009/06/24w-amplifier-using-tda1516-circuit.jpg) како да направам да може да го регулирам звукот.Иначе го изработив појачалово се е добро вади јак звук ама нема некој потенциометар за регулирање на звукот.
-
кај што е аудио ин ќе го додадеш потенциометарот
ќе го поврзеш вака, средна нога оди према кондензаторот од 220nF, една од крајните нозе оди на маса ( на пин 3 од интегралното ) и една од крајните нозе која ќе ти остани е за влез, на неа и на маса носиш сигнал кој треба да се регулира
потенциометарот нека е до кај 10к оми би требало да е доволно
-
вака треба да изгледа...
(http://pic.mk/images/24wamplifi.jpg)
-
Да да, така треба да биде ;). Мада јас мислам дека со 47K или 50K отпорност подобро ќе биде, за да може претходниот степен од ланецот на аудио сигналот да биде малку „порастеретен“ ;).
-
Работи!!!!!! ФАЛА ВИ МНОГУ
-
Мора да работи...ти само прашај ;)
-
Колку пари е интегралното?
-
Би требало да е измеѓу 100 и 200 денари?
-
Ќе го напраам ;)
Споено мислење: 24.06.2010, Thursday, 12:45:47
Работи во кола така?
-
Да, 12V напојување има ;).
-
Интегралното јас во гац електроник го купив за 120 ден.
Споено мислење: 24.06.2010, Thursday, 19:57:35
И да прашам уште нешто како да направам некое коло што ке го регулира уклучувањето пошто на секое уклучување звучниците прават многу јак звук "туп'' страв ми е да не се оштетат или слично.
-
Нема врска тоа тоа е од плочката највероватно пробај исчистија малце а и друго една замерка ..ако малце размислиме за 100 денари имаш ТДА1554Q кое што ке дава 2x22 а во случајов за 120 само 24в
-
Не, не е од плочката, тоа се случува секогаш кога некој уред се вклучува во работа (додека уредот не влезе во стабилен режим на работа). Секое вклучување и исклучување на некој уред претставува шок за самиот уред (слична работа се случува и кога ќе излеземе од климатизирана просторија да не заболи глава ако климата била пуштена на максимум, значи во просторијата имало температура од 19 степени, а надвор е 40 степени).
Ако сакаш да го елиминираш овој феномен, ќе мораш да направиш коло за „мек старт“. Ова коло ќе ги пушта звучниците во работа после определен временски период (најчесто 3 до 5 секунди) одкако ќе се пушти засилувачот во работа. Значи засилувачот ќе се пушти, па после 3 до 5 секунди од пуштањето на засилувачот во работа, некое реле (или некаков полупроводнички прекинуваки елемент) ќе ги преспои звучниците со излезот од засилувачот ;).
За оштетување на звучниците, не се секирја премногу, собено ако не се многу скапи. Поскапи модели на звучници може да се оштетат од еднонасочниот напон што доаѓа на влез на звучникот по вклучувањето на засилувачот во работа (под оштетување повеќе мислам на тоа дека нема да дават звук како што давале на почетокот, ќе им се намали работниот век). Мада се има случувано и да изгори звучник при пиштање на засилувач во работа без коло за мек старт на излезот од засилувачот ако звучникот бил преслаб, на пример везувате звучник со моќност од 30W, на засилувач со излезна моќност од 200W.
-
Видете во Datasheet кој од TDA колата има автоматска заштита за звучници од она „туп“ на вклучување, знам дека постарите (TDA2003, TDA1516) немаат но поновите (TDA1554, TDA1562, TDA856x) имаат!
-
Ќе ве молам за помош да ми помогнете со појачалово.Го поврзав со комјутерот вади добар звук ама на адаптер 12V 1A е сега пробав да го поврзам со напојувањето од компјутерот на 12V ама многу грчи и зуе,а дава звук.Any ideas?
-
адаптерот од 1 ампер е пре слаб за да го напојува оваа појачало.а на кое напојување го приклучи на тоа истото на кое ти работи и компјутерот.не се слозувам со тоа бидејки ако го слушаш гласно ке почне компјутерот да ти работи побавно.а самото зуење се јавува од индукција на потрошувачите во самиот компјутер како што се мотор од хард диск мотор од цд-ром и др.Затоа набави си друго напојување и ке добиес перфектен звук
-
Колку волти да биде и колку ампери?
-
Максимален работен напон на TDA1516BQ e 18V, но не е препорачливо колото да работи на максималниот можен работен напон. Би требало колото да биде релативно стабилно со работен напон од околу 17V.
Моќноста што му е потребна на колото (не сметајќи ги Џуовите загуби се разбира) при работен напон од 17V му е 24W. По математички пат добиваме дека 24W / 17V = 1.4A, но доколку ги сметаме и Џуловите загуби (загубите во толина), потрошувачката би била некаде околу 2A (ако не и повеќе, оваа вредност е од прилика). Така да, за овој засилувач би ти требал трансформатор со моќност од околу 35W до 40W (поточно VA, ама не е битно ;)).
-
Што беше ова S1 на шемата на страна 2 ?
-
Toa e standby прекинувач (тастер), не работи засилувачот, односно е во standby режим ако тој прекинувач е затворен ;). Може преку тие два пина и тајмер да се направи коло за мек старт ;).
-
NE555 може да се употреби како бројач
-
Не, не може, само такт генертаор е (генератор на правоаголни импулси, астабилен мултивибратор).
А зошто во оваа тема e поставено прашањето?
-
можеби се помешал со тоа дека 555-ка може да се користи и како тајмер...
-
Можеби, кој знае ;D.
-
само он си знае....
-
можеби се помешал со тоа дека 555-ка може да се користи и како тајмер...
Да на тајмер мислам за коа ке го вклучиш тој да одбројува и послето преку реле да ги уклучи звучниците
-
немора тоа, со RC коло може да се направи такво коло за мек старт што ке се поврзе на standby пинот...
-
немора тоа, со RC коло може да се направи такво коло за мек старт што ке се поврзе на standby пинот...
Ако е изработено во интегрирана техника, да, ако е во транзисторска техника изработен засилувачот, нема standby пин (или извод), таму мора со тајмер, или со RC коло и некоја додатна електроника (транзистор кој ќе побудува реле, или така нешто) ;).
-
си ги купив интегралните за ова другите електролити ги имав и утре ке ја цртам плоцката одоздола ако имам време кога ке биде готово ке имас слики ;D ;D ;D
-
го молам некој да ми даде ппк за ова појацало го направив но плоцката е грдо испецатена така да сакам фото постапка да ја направам. појацалото наместо да зголемува тоа го намалува сигналот ???
-
Jaс незнам што те мачи шемава,супер е јас лично ја имам изработено и работи,а плочка можеш и сам да си нацрташ симни некој програм и нацртај види само колку е лесна,што има едно коло и три кондензатори. :)
-
За ова не ти ни треба плочка да црташ и сите тие работи... Најлесно ке поминеш со перфорирана плочка
-
Jaс незнам што те мачи шемава,супер е јас лично ја имам изработено и работи,а плочка можеш и сам да си нацрташ симни некој програм и нацртај види само колку е лесна,што има едно коло и три кондензатори. :)
лесно е но плоцката моја не е саглам сацртана така да ако мозес нацртај ми и ставија тука мојто не работи од плоцката
-
ти може да си прегорел некој дел,Јове!!а на каква плочка имаш направено:???
-
ти може да си прегорел некој дел,Јове!!а на каква плочка имаш направено:???
нема прегорено нисто све убо е залемено неми е прво појацало а плоцката ја превев со фломастер цртана ама не е убаво и затоа не раб и многу грее какоп сто казав дава сигнал дава а наместо да зголемува тоа намалува ???
-
Jaс ова појачало го правев на универзална плочка таа што е цела со дупчиња и супер испадна проработе од прва,па после челеновите на овој форум ми кажаа каде да ставам потенциометар.Види да не си го поврзал обратно потенциометарот! ;) ;D
-
не ставив потенциометар воопсто го правев за едно дете за во кола ми реце другар ми е и непроработе ај нацртајми плоцката како изгледагледа одоздола
-
Треба да ја слика бидејќи е на универзална плочка правено ;).
-
чим грее а не го појачува сигналот значи негде имаш спој или нешто ти е грешка поврзано
-
да де вод имасе споено негде и јас ги калаисав водовите танки беа и сега немозам да го најдам ај плс некој во некоја програма нека ми нацрта како треба да е плоцката
-
Ќе можи некој да ми испрати слика од монтажната шема на појачалото ??? :)
Почетник сум и не ми оди некако :P ;) ;)
-
а бе бате ова најлесно е да го правиш на универзална плоча со дупчина :-\
-
Ако ако ... сакам да го напрам со обична плоча :P :P :P
-
е па и јас така реков и прегорев 2 интегралци и после нови интегралци и плоцка со дупчина и лесно помина работата 8)
-
ааааа епа ке го напрам со универзална, не сум ич искусен и сигурно и јас ке напрам беља :P :P
-
е па од грешка се учи :-\
-
Го следам постов- четири страни се исполнија,а никој не седна да најде или да нацрта плочка ??? Вие помладиве потрудете се повеке,а тој что бара плочка нека седне нека нацрта сам,па нека ја постави да оцениме дали е во ред или не.Така се учи електроника. Извинете на офф топиков.Еве изглед на плочка..
-
Еве Батка респект плус од мене и нека се научат електроничариве како мене зашто тоа е прв чекор од електрониката :)
-
dali ova shema mozi da se napraj so zvucnik od 8omii
-
dali ova shema mozi da se napraj so zvucnik od 8omii
Па може,али снагата бајааги ќе опадне,упола изгледа... ;) ;D
-
ke probam na ova sema da mu stavam direk 8omi pa ke vidam so ke izz samo mi e straf da ne izgori zvucniko! oti shemata e nameneta za 4 omi ! da ne treba da se menva nessto vo semata?
Пишувај кирилица!
-
ke probam na ova sema da mu stavam direk 8omi pa ke vidam so ke izz samo mi e straf da ne izgori zvucniko! oti shemata e nameneta za 4 omi ! da ne treba da se menva nessto vo semata?
Нема да изгори,дупло поголем е отпорот...И од 24вати ќе дојде негде 10-15вати :D
-
Го следам постов- четири страни се исполнија,а никој не седна да најде или да нацрта плочка ??? Вие помладиве потрудете се повеке,а тој что бара плочка нека седне нека нацрта сам,па нека ја постави да оцениме дали е во ред или не.Така се учи електроника. Извинете на офф топиков.Еве изглед на плочка..
Батка на ова можи да се клај потенциометар така??
Еднио крај ќе оди на GND, др со кондензаторо C1 а др на IN?? (испрајте ме ако грешам)
-
Слободно стави и 8 омски звучник.Еве шема како на влез да ставиш потенциометри за волуме и боја на тон
-
Слободно стави и 8 омски звучник.Еве шема како на влез да ставиш потенциометри за волуме и боја на тон
А батка од кај излегоја овие кондензатори сеа??
оти во ова шо ни го остај во пдф немаше вави вредности на кондензатори. Овие + се клават ?
И дали ако клам 130W звучник ќе има проблем?
-
Овие додатни делови овозможуваат да се регулира и боја на тон на влезот (ниски/високи).Можеш да ставиш и поголем звучник,па и тој од 130 вати .