Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: MarkoMK on 23.06.2010, Wednesday, 14:50:06

Title: Микропроцесор како привезок
Post by: MarkoMK on 23.06.2010, Wednesday, 14:50:06
Сакам да си направам привезок за клучеви од стар процесор - (486 DX2-66 Mhz :))). Пиновите успеав да ги скратам со грицкалка, одвај, ама сега имам проблем, не можам да избушам дупка каде што ќе се стави ланчето за клучот - ми се истапи бургијата, незнам зошто толку тешко се буши. Имате некоја идеја како да го избушам?
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: BorceBT on 23.06.2010, Wednesday, 15:10:42
Микропроцесорите (постарите, со сива и виолетова боја) се изработени од повеќеслојна керамика и се екстремно тврди и бушење со обична челична бургија не доаѓа во предвид и може од притисокот или од греењето од триењето да се скрши и да не направиш ништо од микропроцесорот. Единствен начин да се продупи таков материјал е со дијамантска бургија која за жал нема да ја најдеш во обичните продавници за алати и материјал. Најдобро е да прашаш некој од луѓето кои се занимаваат со обработка на метал (дреари) дали имаат таква бургија и дали ќе се нафатат да ти завршат работа. Некој да не има друга идеа или знае каде може да се најде таква специјална бургија?
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: GigaWatt on 23.06.2010, Wednesday, 15:36:00
Може да проба во Хубо, јас имам таму видено титаниумска (мислам барем дек беше, не ме земајте за збор) бургија со дијамантски врв, ама беше екстремно скапа, плус, беше 12-ка или 14-ка, не ми текува сега, ама не беше 1 или 2, мала, за да може да се избуши дупка во микропроцесорот. Ако буши со 12-ка, ќе направи дупкиште, не дупче ;D.
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: LordZi on 23.06.2010, Wednesday, 15:43:54
Има во HUBO бургии за стакло, ја би пробал со таква...
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: Devil on 23.06.2010, Wednesday, 16:01:01
или пак најди некој со фреза да ти го избуши ( има огромен број на вртежи и е доста моќна) со тие посебните бургии за неа би требало да може
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: MarkoMK on 24.06.2010, Thursday, 00:56:46
Микропроцесорите (постарите, со сива и виолетова боја) се изработени од повеќеслојна керамика и се екстремно тврди и бушење со обична челична бургија не доаѓа во предвид и може од притисокот или од греењето од триењето да се скрши и да не направиш ништо од микропроцесорот. Единствен начин да се продупи таков материјал е со дијамантска бургија која за жал нема да ја најдеш во обичните продавници за алати и материјал. Најдобро е да прашаш некој од луѓето кои се занимаваат со обработка на метал (дреари) дали имаат таква бургија и дали ќе се нафатат да ти завршат работа. Некој да не има друга идеа или знае каде може да се најде таква специјална бургија?

А да земам некој понов процесор би можело полесно да се избуши?
Title: Одг: Микропроцесор како привезок
Post by: BorceBT on 24.06.2010, Thursday, 01:00:32
Ако земеш понов процесор тие се направени од повеќеслојна плочка (ППК) и лесно се бушат.