Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: BorceBT on 23.06.2010, Wednesday, 14:23:58
-
Пред неколку години ми притреба да измерам дали еден далечински управувач работи или не и ми требаше некаков начин да ја претворам светлоста од LED диодата на далечинскиот управувач во напон за да можам да ја измерам со осцилоскоп. Да биде работата поинтересна зедов една прозирна (бела) инфрацрвена LED диода (како оние од далечинско но бела а не виолетова) и ја монтирав внатре во BNC конектор и ја залемив на конекторот како на шемата и добив светлосна сонда за осцилоскоп! Не само што работи туку и реагира на секаков спектар на бои од инфрацрвена светлина (може да проверувате дали работи далечинското и какви импулси дава) преку обична светлина (да мерите дека светилките треперат со 50Hz заради наизменичната струја), па се до ултра-виолетова светлина (да мерите UV неонки) и само со 1 LED диода и 1 BNC конектор и така склопениот уред се приклучува на некој влез од осцилоскопот. Да се напомене дека напонот кој го дава диодата е мал (до десетина миливолти) што значи осцилоскопот треба да е наместен на најмалото мерно подрачје. Еве шема и слика од готовиот уред:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1516.0;attach=582)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1516.0;attach=584)
-
Хехе, супер, баш интересно ;D. Добро е што реагира на било каков тип на светлина, тоа е добро, да можеш се да измериш со неа, да не мора да менуваш диоди ;).
Значи иако е IR предавателна диода, реагира на светлина и на излезот дава импулси... интересно, не сум знаел ;).
-
лесна шема :) Само ме интерсира, дали IR LED е поскапа многу од стандардната LED која е од 3 до 5 ден?
-
Можеш да извадиш од било кој стар далечински управувач, а ако е поскапа од 150 денари (навистина не знам која цена се), едноставно купи си „компатибилно“ далечинско од пазар ;). Ќе ти останат и фазла делови ;).
-
па ако цената е околу 150 денари може да купам неколку далечинска за 150 денари од оној пазарот :)
-
Не бе кај 150, помалце од 50 треба да биде...
-
јас мислам дека беше негде 10-20 денари оваа диодата, а сензорот беше 50