Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 17.06.2010, Thursday, 17:42:36
-
Еве колку јаки им биле порано предавателите
(http://pic.mk/thumbs/2010050521.png) (http://pic.mk/?v=2010050521.png)
-
Па сега, тоа е тоа, а сега се жалат луѓе за 5W предаватели, хахахаха ;D.
Мада имам на net видено и „предавателишта“ од по 500W, колку може да покрие овој предавател со добра антена?
-
Еве со 500W предавател имам правено тест, предавателот емитува од средно водно, а сигналот го фатив во крива паланка :) сепак има добра видливост меѓу скопје и крива паланка. Иначе скопските предаватели за радио најчесто се 500W. Иначе и на Кокино се слушаат скопски радиа :)
Антена 5 на 95,5MHz емитува од врв на водно и тоа со 1kW а пак Роса емитува од средно водно со 250W па еве и тоа и тоа се слуша одлично :)
-
1KW :O... Тууууу, што предавател ќе да беше тоа ;D. Гарант пола Македонија фаќа само од тој, хахахаха ;D ;D ;D.
Која знае колкави излезни транзистори има и колку кулери има во него. А што атени се користат за такви моќни предаватели?
-
па другар ми има кажано дека во Велес се слуша антена на 95,5МХз (јас не успеав да фатам) а радио скопје и радио 2 од врв на водно се фаќаат убаво во велес. Иначе да знаеш дека Радио Скопје од Црн Врв, Туртел и Пелистер емитува со 10kW а да знаеш дека во Србија до 1999 год. некои ФМ предаватели на Радио Београд беа по 100kW (да да 100kW), во тоа време не ме интересираше ФМ и не знам дали и како се слушало во Скопје. Иначе Радио Скопје од Овче Поле емитуваше со 1200kW а ама на АМ 810КХз и се слуша во цела Европа. Сега не знам со колку kW емитуваат. Иначе зошто лугето викаат дека 5W е малце? Претпоставувам дека кога ке го споредат својот PLL 5W со горе наведените предаватели мислат дека 5W е зафрканција а уствари со 0.1W можеш да покриеш на неколку km
-
Кај нашле толку струја да ги напојуваат туе предаватели, жити се, па треба една мала хидроцентрала само за нив да се направи, хахахаха ;D ;D ;D.
A тоа е чудна работа, изгледа експоненцијално се намалува предавателната далечина со зголемување предавателната моќност, исто како кај аудио засилувачите, разликата во јачината на звукот помеѓу 200W и 400W аудио засилувач е само 6dB, јас гарантирам дека повеќето луѓе нема да направат разлика меѓу 200W и 400W засилувач. Изгледа исто е и кај предавателите ;).
-
Ееее баш така е! јачината и далечината не идат право пропорционално. Порано јас викав, еб?ти предавателот од 3W кога нема правопропорционален домет споредбено со 100mW (0.1W) предавател. Јас со моите пресметки мислев дека ако со 0.1w се дофрлува на 5km така и со 3W ке може да се добаци на 150km доколку има видливост и етерот е чист.... и замисли што се покажа на дело, на 40km немаше ама баш ништо од звукот, едноставно шшшшшш (значи не на 150 како пресметките) Е сега јас мислам дека финтата е во следново: Можеби јачината и површината која ја покрива предавателот се право пропорционални ама сепак не сум сигурен.
Радиава користат дипол антени и како што ме држи памтењево диполите издржуваат до 3kW снага (тие од дасто) а пак радио скопје користи Yagi кои се насочени антени па така за да покријат на сите 4 страни имаат 4 такви антени (види на врв на водно над домот има еден сам столб со canopy моторола од Оннет и на тој столб има такви антени на радио скопје.. а canopy-то го користат како линк) е сега штом се 4 антени значи ја делат снагата и така би дошло ако предавателот е 10kW секоја антена ке има по 2,5kW што не е така лошо :) е сега за југословенските предаватели немам поима со какви антени работеле. Сега се е тоа минато бидејки Нато им ги "изгаси" скоро сите предаватели.
-
Туууу, толку сакапа RF опрема „испарила“, стварно штета, кога ми рече колку чинеше еден ВФ транзистор, коса на глава ми се крена, значи минимум 10.000 евра од предавател отишле :S.
А тоа што викаш за опсегот, пак мислам дека оди експоненцијално, ама само ако се движи низ етер бранот, ако се движи во безвоздушен простор (на пример вселена), мислам дека оди правопропорционално. Освен ако не научиме да не деишеме, ќе си го имаме тој проблем, хахахахах ;D.
-
ВФ транзистори за ФМ бандот
2SC1970 (1-1.5W) 90-150 денари (зависи дали го купушаш во алфа или логинг)
2SC1971 (7W ама реално max 4W) 300-750 денари
2N3866 (1W ама то малу сутра) 90-100 денари
2N4427 (1W ама мислам дека не може баш 1 да даде) 130 денари
2SC1946 (30w реални не знам колку) 1700 ден.
КТ920А (5W другар ми рече дека 2W реални) 480 денари
За тие од 100W да не зборам, тие се над 100 евра!
Еден ФМ предавател 500W е околу 6-7000 евра (ако грешам нека ме поправи некој) а за тие од 10kW мислам дека се околу 100 000 евра (ова ми се информации од порано па не можам со 100% да гарантирам) а пак тие српските не можам ни да замислам колку пари се.
И ВФ и НФ транзисторите се направени од ист материјал а тоа е силициум, е што е финтата за различната цена може само да нагаѓам.
-
Разликата е во изработката, начинот на кој се изработени е ист (депонирање на P+ или N+ атоми врз силициумски субстарт, итн, итн...), но попрецисно се изработени депонирањата и поголема контрола има врз дебелината на депонираните атоми, така да претпоставувам дека причината е и тоа, квалитетот на изработката. На толку високи фреквенции на работа влијае и дебелината и димензиите на сите субстрати и депонирани атоми. Добро, ова е барем моја претпоставка, не знам дали е точна ;D.