Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Teslakr on 15.12.2015, Tuesday, 16:47:04

Title: Проблем со лаптоп Asus X51RL
Post by: Teslakr on 15.12.2015, Tuesday, 16:47:04
Почитувани, лапотпот има проблем со враќање на биосот на default времето и датата се враќаат. Како и секогаш во 99% од случаевите била дефект батеријата и со нејзина замена се било ок, но во овај случај не е така. Го расклопив латпопот му сменав нова батерија и пак истото кога ќе го исклучам полачот биосот се враќа на фабрички, пак го отворив да ја мерам батеријата во ред дава 2.96волт, да не ја ставам истата ја извадов од мојот десктоп компјутер која е исправна но пак истото го прави што значи не е проблем батеријата. Потоа кога пак го отворив видов нешто сумливо на плочата како да има оксидирано смд кондензатор тоа се гледа од сликите, дали би можело тоа да е проблем или е самот биос.

(http://www.4shared.com/download/Ezu3zSrTba/8hqkSyd.jpg?sbsr=882f7148b6859db101ed1f6b1977b2f695d&lgfp=3000)
Title: Одг: Проблем со лаптоп Asus X51RL
Post by: BorceBT on 16.12.2015, Wednesday, 09:14:30
Оксидацијата веројатно продрела и во долните слоеви. Размисли и види како е изведено колото со батеријата. Каде треба да доаѓа напонот од батрријата на биосот. Пробај преку мала диода да пуштиш директно напон од батеријата на тоа место на биосот.
Title: Одг: Проблем со лаптоп Asus X51RL
Post by: GigaWatt on 16.12.2015, Wednesday, 15:56:59
Пробај преку мала диода да пуштиш директно напон од батеријата на тоа место на биосот.

Со шотки во серија ;). Од ATX-ови извади некоја ;). Би требало да проработи така. Изгледа истурено е нешто на тоа место на плочата и кородирале дел од водовите ;).
Title: Одг: Проблем со лаптоп Asus X51RL
Post by: Teslakr on 16.12.2015, Wednesday, 20:37:11
Мислам дека се среди, да сигурно нешто има истурено на лаптопот штом окидирал. Компонентите и водовите што беа оксидирани ги исчистив со 96% алхокол, најверојатно нешто праеше куса врска и ми ја празнеше батеријата.