Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Acki2009 on 31.05.2015, Sunday, 09:45:13
-
Значи ми треба помош за цртање на плочка за регулација на напон од агрегат. Никогаш не сум работел со некои од програмите за цртање на плочки па затоа од вас ја барам таа помош, сега ќе ја прикачам шемата и плочката па ако може некој да ми помогне. Ако е можно да се конвектира и во која програма тоа можи да се направи. Ви благодарам однапред.
-
Ги избришав сите непотребни работи од сликата, останаа само водовите.
Треба само да експериментираш со големината на сликата при печатење.
-
Во ред е ви благодарам за одвоеното време. Но имам уште едно прашање со шемата отпорникот R11 нема пишано што вредност е, што отпорник би му ставил?
-
R11 е варистор. Служи за заштита од превисок напон, односно од краткотрајни шпицови во напонот.
Во нормална работа има голем отпор, а при зголемен напон, во случајов 39 волти, отпорот драстично му се намалува.
-
Ок штом е варистор, ги има во нопонските од пц.
-
Не одговара, тој е за 250 волти.
-
Да да не одговара, но каде да најдам во алфа електроник бев нема 39волти, каде би можел да се најди во кој уред го има за да побарам.
-
http://www.loging.mk/1257/BrowseProducts
Можеби нема точно 39 волти но види некој друг приближен ако ти одговара...