Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 25.10.2009, Sunday, 03:04:49
-
Ова е шема за склоп кој вклучува реле (или исклучува, зависи како ќе го поврзете) доколку ја допрете металната плоча. Напомена дека овој склоп работи само во простории, т.е. мора да постои околу вас активна електрична инсталација. Колото 567 е всушност LM567.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=131.0;attach=10567)
-
Oдлилчно нешто, но зошто работи само во простории кај што има електрична инсталација? Нели може надвор со батерија или слично?
Ме чуди како допирот на раката влијае на колото за да се активира? Човечката рака како влијае?
-
Ова коло осеќа дали на плочата има индукција од 50Hz од човечкото тело. LM567 е наштимано да „осеќа“ стриктно на влез фрекфенција од 50Hz а човечкото тело е како приемник за сите електрични полиња кои се околу него (електричната инсталација) и кога ќе допре пренесува неколку миливолти 50Hz AC на плочата доволно за да се вклучи колото. Надвор на отворено нема мрежа (освен ако не си блиску до далновод или трансформатор) и ова коло не работи.
-
BorceBT ќе можеш ли да ми кажеш колку е вредноста на кондензаторот што е на излезот от пин 3 накај тримерот .Јас мислам дека е 47nF поправиме ако грешам.И дали може LM567 да се замени со NE567
-
може да ги замениш, исти се од различна фирма
а за кондензаторот не сум сигурен дека 47, пробај па кажи
-
Би требало да е 47nF.
-
BorceBT дај помогни склопот никако не реагира на допир само кога ќе го ститснам тастерот тогаш релето уклучува.HELP
-
дали проба со промена на вредноста на потенциометрите дали реагира нешто ?
-
Пробував со сите можни комбинации ама нејке незнам до што е?Проверив едно 5-6 пати да не има негде краток спој ама нема све си е ОК
-
А да ги post-ираш монтажната шема и ППК-то?
-
Не правев плочка ги лемев компонентите на таа цела што е со дупчиња :)
-
Сигурно никаде немаш споеви? А да го сликаш уредчето, и од озгора и од оздола?
-
Малку се зафркнати тие универзалните плочки, провери добро дали сé е како што треба..
-
A да не е до кондензаторите бидејќи јас ставив онакви од електронска пригушница 47nF 400V како на сликава
http://www.tme.eu/katalog_pics/2/d/f/2df68d0a9b02b754ae2c20a103e68587/mpem-100n_400.jpg
-
Иако не гледам причина зошто поради висок работен напон на кондензатор (освен за електролитските се разбира) некој склоп не би работел, морам да наведам дека и мене еднаш ми се има случено истото. Одкако ги сменив кондензаторите со кондензатори со помал работен напон, склопот работеше (не станува збор за овој склоп, за еден друг зборувам). Би било убаво ако може некој да разјасни дали навистина е проблемот во високиот работен напон или нешто сосема друго ;).
Ако имаш дома „на лагер“ кондензатори (пластични) со помал работен напон, пробај смени ги и види дали ќе промени тоа нешто...
-
Дали си сигурен во интегралецот, дека е исправен?
осетлив е на електрицитет, не е класичен 555, поточно 556 (дупли)
-
за LM567 се работи, не 556
провери точно дали ти се точни вредностите на компонентите
да не имаш негде грешка
-
Да сите компоненти се точни со истата вредност и истото коло го ставив LM567.А што диода треба да биде таа D1 јас ставив 1N4007?
-
А колото го тестираш дома, во затворена просторија? Бидејќи работи само доколку во близина на личноста која го допира колото има електрична инсталација...
-
Да дома го тестирам ама незнам зашто не сака да работи?Утре ке одам до ГАЦ електроник да земам други кондензатори па ќе видам дали ќе сака да проработи.
-
Еве еден школски склоп на прекинувач на допир.
-
браво за шемата. само дали може да се намести да се гаси за 1-2 минути или времето на гасење е фиксно и трае помалце или повеке од 1-2 мин ?
-
Времетраењето се подесува со вредностите на кондензаторот од 100-1000 мФ и тримерот 500К.Ако сакате подолго време на држење,зголемете ги овие вредности ( пример 4700 мФ со 1 Мом) и треба да добиете 20-30 минути задршка).Пробајте ,со проба се решава во зависност од квалитетот и староста ,пред се - на електролитот!