Македонски форум за електроника
Стручна литература => Туторијали => Topic started by: DX-er on 07.05.2010, Friday, 13:28:47
-
Имам еден проблем, немам начин како да ја посребрам жицата и не знам како се прави тоа, дали прво се вади лакот од жицата па се носи да се полие со сребро па се витка или како не знам :(
-
posrebruvanje moze da se pravi so elektroliza ama najbrzo e da izvadis od nekoe radio sto ima fm
kalemit obicno se posrebreni
-
до сега имам отворено и растурено многу радиа ама немам видено со посребрен калем вероватно оти јас имам растурано од оние радивца од пазар тие кинеските :) кажи план Б, како со електролиза ?
-
Да, стварно ако знае некој нека каже при посребрување што електролит се користи??? За сребрени предмети (ланчиња и бижутерија) ке се најдат лесно!
-
Да, и мене ова би ме интересирало, не декa планирам да посебрувам, туку чисто онака, како информација ;).
-
На времето посребрував плочки со мешавина од сребро нитрат, винска киселина и обична сол (еднаква количина од сите), оваа смеса се трие со плутен чеп или сл. врз плочката дури оваа не добие сребрена боја насекаде. Е сега, работата е што не знам дали има да се купи сребрен нитрат во слободна продажба, тогаш кога го правев ова работев како лаборант кај мене на факс и имав пристап до сите можни хемикалии ;).
-
Освен ако не е нелегално да се купи, би требало да го има во некоја продавница за хемиски елемнти/субстанции, само што јас такви не знам :S.
-
napisete posrebruvanje i sigurno ima na internet
jas imam vo nekoi knigi treba da pobaram
-
Silver nitrate is an inorganic compound with chemical formula AgNO3. This compound is a versatile precursor to many other silver compounds, such as those used in photography.
Барем вака пишуваше на Wikipedia, што значи дека не е нелегално да се купи штом се користи во определени постапки при развивање на слики, само каде???
-
za razvivanje na crno beli sliki
-
Претпоставува дека за такво нешто се користи сребрениот нитрат, ама не знам каде може да се купи :S.
Знае некој дали во Македонија има продавници за хемиски субстанции и елементи? Кога бев основно еден другар се бавеше со хемија, што точно правеше не знам, ама кога го прашав од каде ги купува хемиските елементи за тоа што го прави, ми рече дека имало некоја продавница во Скопје, во центарот. Дали уште постои не знам, ова беше пред 10 и кусур години :S.
Ако знае некој, нека пише, не е лошо да се знае и таа информација, можеби таму ќе најдеме по поевтина цена и H2O2 одколку во аптеките :D.
-
А колку е хидроген пероксидот па да барате поефтина цена ?
во Битола литро 30-36% се движи од 180 до 210 денари
-
Знае некој дали во Македонија има продавници за хемиски субстанции и елементи? Кога бев основно еден другар се бавеше со хемија, што точно правеше не знам, ама кога го прашав од каде ги купува хемиските елементи за тоа што го прави, ми рече дека имало некоја продавница во Скопје, во центарот. Дали уште постои не знам, ова беше пред 10 и кусур години :S.
Најверојатно мислел на ФОТОЦЕНТАР, ако се сеќавам добро беше негде кај Рекорд, тие продаваа разноразни реагенси и супстанции, најмногу за фото техника, ама мислам дека веќе не постои. Како и да е, сребрен нитрат не е некоја опасна или забранета супстанција па да не се наоѓа, би требало да ја има по фирми што продаваат реагенси за лаборатории.
во Битола литро 30-36% се движи од 180 до 210 денари
Не ти треба толку концентриран хидроген, јас секогаш сум ставал 12% што го има во секоја аптека (само да не е т.н. млечен, туку обичен), во сооднос отприлика 0,7 према 1 во корист на солната киселина и плочките секогаш ми се нагризувале за 3 - 4мин. најмногу.
-
хаха мене за помалку од 1 минута ми се готови и супер се
плус за повеќе употрби без ништо додавање таман е :)
-
Најверојатно мислел на ФОТОЦЕНТАР
Нажалост фирмата не постои откако избувна големата афера за криминалот кој го правеа тамо главните, и така да ке мора да се бара друга алтернатива
-
Порано и јас ставав повише хидроген и одма се правеа, ама се случуваше и да снема некои водови па затоа сега идам на поспоро ама посигурно ;)
-
Нажалост фирмата не постои откако избувна големата афера за криминалот кој го правеа тамо главните, и така да ке мора да се бара друга алтернатива
А таа друг алтернатива знае некој која е? Прдавници за купување на потребни хемикалии за развивање на црно-бели слики мора сеуште да има, не може да нема, сеуште има луѓе што се бават со аматерски со црно-блеа фотографија. Само да најдеме каде се тие продавници/продавница ;).
-
Темата е поделена и преместена, продолжете со препораките и идеита за посребрување и ајде да видиме и некоја успешна приказна?
-
Ако имате некој на Рентген тогаш побарајте таму.Иначе,техниката со плутениот чеп е ОК, а во МКД не се продаваат ниту развивач ,ниту фиксир.Пробајте по Фото кино клубовите по поголемите градови
,тие набавуваат одредени количества за уметничка(црно бела ) фотографија.