Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: BOBO on 10.01.2015, Saturday, 00:54:46

Title: Помош околу PC напојување EMACS GIN-6350P
Post by: BOBO on 10.01.2015, Saturday, 00:54:46
Колеги напојувањето сакам да го искористам како сервисно да кажам ,т.е. за во работилница бидеќи сум сигурен дека е 100% исправно. Проблем е тоа што нема жици позади туку се 'уштекувало' на некое лежиште. Сакам да му залемам жици од ATX нап. Потребен ми е редоследот на пиновите.
Title: Одг: Помош околу PC напојување EMACS gin-6350p
Post by: vgc9dctx9c on 10.01.2015, Saturday, 01:59:29
Ги немаш каблите?
Они се најчесто колор кодирани

Жолта +12V
Црвена +5V
Портокалова +3,3V
Црна COMMON
Плава -12V
Бела -5V
Title: Одг: Помош околу PC напојување EMACS GIN-6350P
Post by: GigaWatt on 10.01.2015, Saturday, 05:33:19
Ова е hot swap напојување (за сервери најчесто). Треба да дознаеш кои пинови од слотот се за што. Најчесто, пиновите кои се преспоени со 3, 4, 5 пина по ред (претпоставувам дека rail-овите се поставени на самата плочка/PCB) се напојувачки rail-ови, а оние кои се со еден се контролни rail-ови (PS-ON, PS-OK и слично). Ако не можеш да најдеш шема од напојувањево... ништо, освен reversing друго не ти останува. Отвори го и дознај кое IC за што е одговорно и кој од контролните пинови преку некоја пасивна или активна компонента води до некој пин до некое од интегрираните кола (можно е и директно да води... никогаш не се знае ;)). Ако има само едно IC, значи тоа е одговорно за се, така да, нема многу мислење, пиши кое е, ќе разгледаме datasheet (ако можеме да најдеме) и (со малку среќа) ќе дознаеме кој контролен пин за што е ;).