Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 20:09:11

Title: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 20:09:11
Швајц апаратот е на зетми и релето треба да се замени, е сеа некој чоек(сервисер кој работи исклучиво швајц апарати) му рекол дека релето мора да биди исто оти внатре во него имало термичка заштита.

(http://i1382.photobucket.com/albums/ah242/najdo/T1siInXcxjXXXXXXXX_0-item_pic_zps06fc380a.jpg) (http://s1382.photobucket.com/user/najdo/media/T1siInXcxjXXXXXXXX_0-item_pic_zps06fc380a.jpg.html)
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: Zan on 11.12.2014, Thursday, 20:24:13
И кое е твоето прашање?
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 20:34:51
Не се доискажав, работата е сеа дали стварно има таква работа како термичка заштита во релето па да мора исто да се бара да се смени или можи и со друго реле да се збрка работата ?
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: Zan on 11.12.2014, Thursday, 20:43:22
Постојат релеи со термичка заштита, но тие се во куќиште како за склопки или како за автоматски осигурачи. Ова на слика ми личи како обично реле.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: MarkoMK on 11.12.2014, Thursday, 20:48:35
И мене ми личи на обично реле.. Кога би имало некаква термичка заштита би требало да биде наведено како параметар на релето - која температура и сл..

И друга работа.. термичка заштита на што? Релето е во близина на некој дел што грее па делува како термички осигурувач ?? или едноставно од голема струја се загреваат контактите па исклучува..?? во вториов случај веќе и не е тоа термичка него струјна заштита (на термички принцип)..
Така да мое мислење е дека е обично реле  :)
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 21:06:35
Најверојатно се работи за обично реле, фала.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: batka on 11.12.2014, Thursday, 21:06:42
Можеби и не е обично.Сум среќавал релиња чии контакти се биметални ленти и секое прекумерно пропуштање на струја ги загрева контактите кои реагираат како биметал.Би препорачал замена со оригинално реле ,без комбинации од типот * дај да ставиме било какво...*.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 21:13:16
Е ова ми требаше, сепак постоеле такви релиња, а батка по некоја логика нели таквите релиња би требало да се поскапи, пошто исто такво од алиекспрес 3-4 долари е, и колку се трајни во работата овие релиња, пошто ова шо му откажа всушност контактите се залепија.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: batka on 11.12.2014, Thursday, 21:15:33
Не мора да значи да се поскапи.Нема тука некој скап материјал ( да се посребрени,позлатени  ;D). Биметалот е всушност наједноставната механичка термичка заштита.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 21:19:40
Мислев во смисла дека има "плус" заштита од обичното реле.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: batka on 11.12.2014, Thursday, 21:23:29
Па обичното реле нема термичка заштита.А бидејќи се работи за големи струи веројатно наједноставна и најефтина заштита е токму биметалот.Не пиша за каков апарат ( марка,тип) се работи.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: Lux on 11.12.2014, Thursday, 21:23:33
Ова дефинитивно е обично реле,батака како што наведува (да постојат) со биметални контакти но на самото реле ќе пишува и на која температура може да "отвара или затвора",а ова дефинитивно ако тоа е на сликата, ставете обично реле,бидеќи такви параметри нема наведено само запазете ги амперите и волтите.позз :D
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: batka on 11.12.2014, Thursday, 22:02:38
Во спецификациите за релето стои *RELAY WELDING MACHINЕ* ( реле од машина за заварување).Ја има функцијата на реле.ама повеќе ми делува како контактор.Најдов шема (руска) на која се гледа употребата.Вака гледано навистина изгледа *обично*,ама.... Не сум имал досега работа со овој елемент,па не можам до детали да зборувам.Сепак не е *обично* реле,восекој случај. 8)
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: Lux on 11.12.2014, Thursday, 22:19:55
потребна ми е информација за каков апарат станува збор потоа коментар,но мислам дека се работи за како што наведив во претходниот пост,обично реле / чекам информација за апаратот.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 22:27:44
Eleкtro mashinen Basic Line 185, фирмата и типот на швајцо.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: batka on 11.12.2014, Thursday, 22:36:12
Овде има податоци

Code: [Select]
http://hr.rem-maschinen.com/proizvodi/aparati--za-varenje/basic-line/basic-line-185.aspx
ке пробам да ископам шема или бар опис на уредот
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: najdo on 11.12.2014, Thursday, 22:39:27
Да да, го гледав и јас ова, а и имаил му пишав до сервисната подршка па ке видам утре дали и шо ке вратат.
Title: Одг: Помош за реле од Швајц Апарат
Post by: bicikle on 12.12.2014, Friday, 12:18:57
мислам дека може со тријак да се замени...