Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: goran_elektro on 15.11.2014, Saturday, 00:07:35

Title: Проблем со тастатура на USB
Post by: goran_elektro on 15.11.2014, Saturday, 00:07:35
Здраво луге, пред 2 дена си купив нова тастатура на USB и сега имам проблем со неа кога е подигнат компијутерот ке ја оклучам и си работи и на пример ке го изгаснам компијутерот и пак ке го оклучам не работи и треба да го извадам кабелот на тастатурата и пак да го оклучам да почне да работи, кога го ресетирам компијутерот не го прави тоа само кога го гасам.. Пробав со адаптер од PS2 на USB така па никако не работи.
Да напоменам на тастатурата има копче on/off преку кое кога е оклучена се менат боите или се гаси да не свети . Еве слики од тастатурата ,Молам нека извинат од администрација сто сликата прво не ја закачив на некој друг сервер пошто требаше да направам акаунт на серверот  прво Извинете.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/121604466.jpg)
Title: Одг: Проблем со тастатура на USB
Post by: Zan on 15.11.2014, Saturday, 18:06:53
Имаш ли технички карактеристики за тастатурата? Колку струја троши? Можеби твојот компјутер не може да даде доволно струја за тастатурата. Пробај да го стартуваш компјутерот со изгаснато светло на тастатурата.
Пробај ја тастатурата на друг компјутер, дали ќе го има истиот проблем. Ако работи, значи проблемот е во твојот компјутер, ако не работи, тогаш тастатурата не исполнува некои стандари.
Title: Одг: Проблем со тастатура на USB
Post by: KiloVolt on 15.11.2014, Saturday, 18:16:27
Се согласувам со Жан, можно е компјутерот да не може да даде доволно моќност за сите тие диоди. ;)
Title: Одг: Проблем со тастатура на USB
Post by: BorceBT on 15.11.2014, Saturday, 22:39:12
Купи си USB hub ама од оние што доаѓаат со приклучок за адаптер (powered hub), приклучи му 5 волти адаптер и ќе немаш проблем.
Title: Одг: Проблем со тастатура на USB
Post by: goran_elektro on 15.11.2014, Saturday, 22:55:09
Средив луге проблемот беше до тастатурата фабрички неисправна, отидов денес ја вратив ми дадоа друга и си работи перфектно  :)
Title: Одг: Проблем со тастатура на USB
Post by: BorceBT on 15.11.2014, Saturday, 22:58:13
Кинези :)