Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: pane96 on 22.08.2014, Friday, 13:00:35
-
Добар ден момци и добро ве најдов. Нов сум на форумот. По препорака од страна на форумот
www.forum.it.com.mk
каде што сум член пробавме да го решиме проблемот не успеавме па ќе се обратам кај вас.
1.) Станува збор за систем JVC MX-V508T
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/gc4909452267379622613.jpg)
На него се приклучени два звучника:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/593918094.jpg)
Звучниците се 7 оми. излезите на системот се 8 мислам дека.
Шумот е како брум од трансформатор. На 0% volume го снемува шумот додека на 100% volume се зголемува.
Навистина не знам до што е. Пред тоа звучниците ги приклучив на појачало но таму сметаше ладењето (кулери) и по гасењето на кулерите немаше брум. Сосема тивки со чист и убав звук. Сега овој има пасивно ладење. Приклучен е на PC со AUX кабел 3 пин-1 3.5мм.
Доколку може да ми помогнете би ви бил многу благодарен.
ps. не знаев каде поточно да ја склопам темата,па преместете ако може.
pane96
-
Проблемот иде точно од компјутерот.АТХ -от(SMPS-от) на компјутерот е умасен директно на куќиштето и проблемите следат од него.Затоа во аудио уредите јас лично не сакам користење на SMPS! Побарај по форумов,мислам дека поодамна имав постирано тема за изедначување на масите на аудио уредот и компјутерот со помош на трансформатори. Ако имаш лап топ пробај да го поврзеш на системот со вклучен адаптер за полнење и без адаптер,па ке ја видиш разликата.Ако не успееш да ја најдеш темата(јас немам сега време да пребарувам),ке ставам наново шема и образложение.
-
Ее супер чим се најде од што е. :DDD
Ќе те замолам кога ќе имаш време да ми пообјасниш поточно како да го средам. Не сум мн мн вешт со кондензатори,трансформатори и што не др. :D
фала уште еднаш :D
-
Еве ова тема беше
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4185.msg38717#msg38717 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4185.msg38717#msg38717)
-
ама ова е на звучна картица така ?
Мене ми е поврзна со аудио на матичната
-
Проблемот иде точно од компјутерот.АТХ -от(SMPS-от) на компјутерот е умасен директно на куќиштето и проблемите следат од него
Тоа ти е сигурно, поготово со некое евтино кинеско СМПС. А овие аудио трансформатори и не се баш ефтини. Ама друга опција нема.
-
ама ова е на звучна картица така ?
Мене ми е поврзна со аудио на матичната
Батка,а што подразбираш под звучна ,а што под аудио на матична?!???? Обично он борд звучната картичка се наоѓа на самата матична плоча на компјутерот.
Слидермк - пак не ги читаш постовите- оди на темата http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4185.msg38717#msg38717 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4185.msg38717#msg38717) и види од каде се извадени трансформаторите.Ги има во постарите РС конфигурации и сосема добро работат.
-
Врзи MP3 плеер или телефон за 3.5mm-тарскиот конектор. Ако немаш шум, значи проблемот е до напојувањето на PC-то. Можно е и нешто да не е во ред со него. Пробај замени го со друго, поквалитетно и пробај пак. Ако и со MP3 плеерот пак се јавува шум, проблемот е или во кабелот или во Aux влезот на системот. Смени го кабелот и пак пробај.
-
Е.мој Гига,ништо брат не помага,шум ке има што и да смени.Без раздвојување на масите ништо не бидува.Сепак нека проба. ;)
-
Токму така сум го имал истиот проблем само со галванско одвојување на масите го решив тој проблем.Сакав и јас да отварам тема но имаше една тема на форумов од батка постирана за галванско одвојување на масите и проблемот се реши.Мене ми рекоа барај шема шема за галванско одвојување имаше и една и од интернет и со трансформатори.Токму така трафоата се изолациони трансформатори.Односот им е еден према еден.Така да сигурно проблемот ќе се реши скроз ако се одвојат масите.Кај мене сега нема никаков брум.Но си ги завркнав звучките. ;D :)Не е битно сега тоа битно е дека со галванско одвојување на масите проблемот се решава.
-
Ок сватив што како иде. Неможам да ги најдам трансформаториве сеа... дај кажете кај ги има поточно или крај краева да ги купам :/
За дечкото што пиша дека ги зезнал звучниците? Ги заеба поради ова или..
фала на инфо момци!!
-
Вака сега друже немај гајле од друго звучниците не си ги под расипав јас туку братучед ми кога ги давам така.Нема везе нови ќе си купам да се средам тоест сакам звучна кутија да правам.И ако послабо се разбирам во аудио техникава не ја работам поише се бавтам со ВФ техника станички ова она и ова е интересно.Не ни смеам да се споредувам со знаењата кој во општо ги имаат членовиве админиве тука.И секако другите членови како slidermc,marjan и секако многу други.Но со постов сакав само да ти потенцирам дека го имав истиот проблем.Изолационите трансформатори ми ги даде еден мајстор тоест ми ги прати од каде што исто така идев на пракса да си губам време.Ми вика имам два три трафоа таман за тебе тоа што ти треба чаре. :D ;)И он ми рече исто затоа не сакам кај аудио техника СМПС напојувања. ;)Незнам во логинг нема ли ако нема таму незнам стварно кај би ги нашол.Мислам кај се продаваат.Иначе ова беше еден од првите склопчиња кој го правев за сличен проблем.Не се грижи нема гајле цепаа ептен ни брум нема ни ништо стварно е поквалитетен звукот така.И од прва проработува супер е.Ова за звучките само така го кажав немај гајле не требаше фактички ни да го спомнувам.Ама ете јас со мојот пристап ;).Проверено тоа е чарето галванско одвојување на масите. ;D Немај гајле за звучките. 8).Членот pane96 ми пиша преку пп од кај сум ги нашол изолационите трансформатори.Викав и јас леснаа шема но кога ќе се сетам и јас скоро шест месеци ги барав тие трансформатори со однос еден према еден.И наеднаш стварно како гром од ведро небо незнам од каде го прашуев мајсторот ми рече овие се за тебе тоа што ти треба.Многу ме израдува тогаш добро многу го почитувам редовно му помагам кога треба работи со се телевизори ова она чепка електроника.Стварно незнам пане што да ти кажам.Може некој поискусен и постар член ќе ти каже каде има или може некој има незнам што да ти кажам стварно ;)
-
Ок сватив што како иде. Неможам да ги најдам трансформаториве сеа... дај кажете кај ги има поточно или крај краева да ги купам :/
Прво провери тоа што ти пишав. Ова е крајна опција, ако се останато е ОК и работи како што треба, а сепак сеуште има шум.
-
Внимавај, треба да користиш вистински добар коаксален кабел, можно е и од тоа да ти се јавува брум, поготово ако си блиску до продолжен кабел.
-
Ок сватив што како иде. Неможам да ги најдам трансформаториве сеа... дај кажете кај ги има поточно или крај краева да ги купам :/
За дечкото што пиша дека ги зезнал звучниците? Ги заеба поради ова или..
фала на инфо момци!!
Она *заеба* не ти требаше! 8) Ако добро го прочита она што ти го постирав ,како и постарите теми, таму убаво си пишува и дури има и фоторафии од каде можеш да ги извадиш.Друго,овој склоп сигурно не му ги зезнал звучниците ;D
-
Фала на сите денес одам на пазарче,логинг и незнам уште каде :))
Ќе ви пишам пак ако го средам ! :D поздрав..
пс. пробано со мп3 плеер.. исто
пробано со аух друг кабел исто
-
Ако и со батериски уреди и со други кабли ти се јавува брум на излезите,тогаш тој се јавува од друго место,односно од излезите веројатно.Што е во прашање ,треба да се види- дали е излез,напојување или се работи за ладен лем можеби.
Споено мислење: 25.08.2014, Monday, 12:44:14
Не пиша дали и кога работи неговиот тунер или ЦД-то го има истиот шум??
-
Денес шетав низ град и не најдов трансформатори.
-Логинг нема
-БТ електроникс нема
-Зец електорникс нема
-Пазарче цело превртено нема
-и десетина други продавници немаат..
Најдов:
-Плочка
-3.5мм влезови
Споено мислење: 25.08.2014, Monday, 15:35:21
Изледа сум заборавил да пишам ама кога е на CD и TAPE мирно е..
-
Не си го губи времето по продавници, оди во вторник или петок на бувљак, таму имаш стари модеми колку сакаш, за 20-30ден. ќе си земеш два и ќе им ги извадиш тарнсформаторчињата... ;)
-
пс. пробано со мп3 плеер.. исто
пробано со аух друг кабел исто
Изледа сум заборавил да пишам ама кога е на CD и TAPE мирно е..
Тогаш си имаш проблем со Aux влезот на системот. Треба да се прави.
Е сега, можеби проблемот ќе се „заобиколи“ со трансформаторчиња од модеми. Ако сакаш, пробај така.
-
Гледај трансформаторчињата да бидат идентични,од исти модеми.
-
http://www.diy-audio.com.hr/viewtopic.php?f=39&t=1223
интересно ии интересно :D
-
Пане и моите беа вакви уште еднаш ти повторувам проблемот скроз се решава со ова.И уште еднаш ти повторувам дека звучките немаат гајле.И незнаев дека во модеми имало ваков трансформатор а колку пати одам на бувљак.Само една мала замерка кодирај го линкот. :D :D ;).Поздрав и се надевам дека ќе најдеш.
-
кажи како да го кодирм ::)
иначе сабајле идам на бувљак.
-
50% успешно завршена операција :D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IMG_0154.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IMG_0155.jpg)
По првиот модем 60 ден,ама ај викам да не не најдам и го земав. Другите по 30 ден.
Денес или утре бушење на плочката,и поврзување и правење куќиште :))
Споено мислење: 30.08.2014, Saturday, 00:49:30
Се е направено и џабе.. исто е пак :/ пробав и варијанти нешто да правам исто.. џабе потрошен ден.
-
Се е направено и џабе.. исто е пак :/ пробав и варијанти нешто да правам исто.. џабе потрошен ден.
Како што пишав претходно, системот очигледно е неисправен и треба да се сервисира.
-
Го средив.. :))
Го отворив,го исчистив,проверив влезовите,излезите...не е до нив.
Погодете од што било?
Бидејќи е Digital Echo for Karaoke има два влеза за микрофони и за јачина на звук од микрофони.. тоа било до мах ставено.. Се е средено фала богу.
фала на сите :)